Технолошките експерти велат дека никогаш не треба да го полните телефонот преку ноќ


Технолошките експерти велат дека никогаш не треба да го полните телефонот преку ноќ ако сакате да го продолжите животниот век на батеријата. – На повеќето паметни телефони од новата генерација им требаат помеѓу 30 минути и два часа за целосно полнење – вели Ритеш Чуг, вонреден професор по информатичка и комуникациска технологија на Универзитетот „Ес-кју“ […]

В среда почнува судењето на Курц


Виена– На поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц в среда ќе му се суди за наводно давање лажно сведочење пред парламентарната комисија за истрага на корупција.  Тоа ќе биде прво судење на поранешен канцелар по повеќе од 30 години.   Курц се повлече од функцијата канцелар во 2021 година по серијата обвинувања за поткуп, кои вклучуваа […]

ДПМ со јавен повик до Кристина Николовска


Македонските писатели масовно креваат глас за спас на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). Божин Павловски, Кица Колбе, Ферид Мухиќ, Глигор Стојковски, Никола Маџиров, Милош Линдро, Паско Кузман, Анастасија Ѓурчинова, Јовица Ивановски, Ванчо Полазарески, Владе Димовски, Владо Јаневски, Дејан Трајковски, Љупчо Силјановски, Наум Попески, Мирјана Стојановска, Марина Мијаковска, Будимка Поповска, Ана Пејчинова и Марта Маркоска. […]

ЕУ воведува воздушен мост за достава на хуманитарна помош до Газа


Брисел – За ублажување на катастрофалната хуманитарна ситуација на жителите на Газа предизвикана од последиците од ужасниот терористички напад на Хамас врз Израел, ЕУ донесе одлука да започне операција за воведување хуманитарен воздушен мост, што ќе се состои од неколку авионски летови до Египет, со кои ќе се достават помош до хуманитарните организации на теренот.  Како […]

Пентагон планира да распореди 2.000 американски војници во Израел


Вашингтон– Пентагон планира да распореди околу 2.000 војници за поддршка на Израел во неговата војна против Хамас, објави „Волстрит џурнл“ повикувајќи се на неименувани американски претставници. Американските војници нема да учествуваат во борбени мисии туку ќе имаат советодавна улога или ќе учествуваат во мисии за медицинска поддршка. Весникот посочува дека не е предвидено распоредување на […]

Израел побара од САД 10 милијарди долари итна воена помош


Вашингтон – Израел побара од САД 10 милијарди долари итна воена помош, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на тројца неименувани високи американски претставници. Според весникот пакетот помош моментално го составува Конгресот во координација со Белата куќа, во кој ќе бидат вклучени и средства за Украина, Тајван и границата меѓу САД и Мексико.  Лидеррт на мнозинството во […]

Макрон од Тирана: Вие сте во центарот на Европа, Франција ве поддржува


Тирана – Претседателот на Франција, Емануел Макрон синоќа во Тирана увери дека неговата земја ќе ја поддржи Албанија во процесот на европска интеграција. За време на церемонијата за пречек, организирана во Палатата на бригадите, од страна на премиерот Еди Рама, Макрон рече дека „историјата што ги обединува двете земји е скапоцено богатство и дека двете земји […]

Тамара со песна на Билбилов и Димитров на детската Евровизија во Ница (видео)


Младата и талентирана Тамара Грујеска важи за едно од најнадежните музички имиња во Македонија. Токму таа ќе нѐ претставува на 21. издание на детската Евровизија, кое ќе се одржи на 26 ноември во Ница, Франција. Вчера беше промовиран видеозаписот за нејзината евровизиска песна, со наслов „Кажи ми, кажи ми кој“. Песната е дело на веќе докажани музичари […]

Филипче и Меџити ќе бидат сослушани пред Анкетната комисија за скандалот со Онкологија


Поранешниот министер за здравство Венко Филипче и актуелниот министер Фатмир Меџити денеска ќе бидат сослушани пред Анектната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска Клиника за радиотерапија и онкологија.  Претседателката на Анкетната комисија Рашела Мизрахи најави дека денеска прв ќе одговара Филипче, и оти потоа ќе зборува Меџити.  Досега пред Анкетната комисија, која треба да утврди […]

Царината ќе добие 4,8 милиони долари грант од Кореја за управување со ризици


 Царинската управа на Северна Македонија ќе добие 4,8 милиони долари грант од Владата на Република Кореја за воспоставување систем за управување со ризици и податочен склад.  Грантот е дел од меморандумот за соработка што денеска треба да го потпишат Царинската управа и Царинската служба на Република Кореја. Како што е најавено, меморандумот ќе го потпишат […]

Вонреден онлајн Самит на ЕУ посветен на настаните на Блискиот Исток


Брисел – Во услови на бруталните терористички напади на Хамас врз Израел и трагичните случувања во Појасот Газа како резултат на блокадата, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел за денеска попладне свика вонреден состанок на лидерите на ЕУ, што ќе се одржи преку видео-конференција, јави дописникот на МИА од Брисел.    – Од исклучителна важност […]

Облачно и студено со повремени врнежи од дожд


Времето ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, особено во западните делови (над 20 l/m2). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени. Во Скопје облачно и […]

Лајен предложи план што ќе ги удвои економиите во Западен Балкан


  Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен,  на самитот на Берлинскиот процес  го претставила новиот план за раст на Западен Балкан, кој според неа – има потенцијал да ја удвои големината на економиите во регионот во оваа деценија. Фон дер Лајен рече дека предложила пакет од шест милијарди евра, чија реализација ќе зависи […]

Колумбија побара извинување и го протера израелскиот амбасадор


Колумбија побарала од израелскиот амбасадор во таа земја да му се извини на колумбискиот претседател Густаво Петро и после тоа да ја „напушти“ оваа јужноамериканска земја, јавуваат израелските медиуми.   Спорот настана по реакцијата на Петро на изјавата на израелскиот министер за одбрана Јоав Галант во која тој најави „целосна опсада“ на Газа во борбата […]

Хамас објави видео клип со една од киднапираните


  Терористичката група Хамас го објави првиот клип на кој се гледа еден од 200 или повеќе израелски заложници држени од терористички групи во Појасот Газа. На краткото видео се гледа како младата жена, 21-годишната Миа Шем, е лекувана откако била ранета во раката, а подоцна зборува пред камерата. Шем беше киднапирана од милтантите на […]

Алиу: За над 80 отсто од јавните постапки во МИОА фигурира само една компанија


Во Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) за над 80 отсто од јавните постапки се појавува само една компанија. Од 2021 до 2023 година неколку фирми се појавуваат на неколку тендери. Во неколку договори со економски оператори се појавуваат исти фирми: седум пати една фирма, четири пати друга фирма, два пати трета фирма, а […]

Две лица убиени во вооружен напад во Брисел, напаѓачот во бегство


 Две лица се убиени вечерва во Брисел од истрели од огнено оружје, а осомничениот е во бегство, изјави претставник на обвинителството во белгискиот главен град. Според видеото објавено на порталот на фламанскиот весник „Het Laatste Nieuws“, напаѓачот облечен во флуоресцентен портокалов елек бил на мотор и побегнал откако отворил оган од автоматска пушка. Медиумите објавија […]

Настинката никако да помине? Ова се можни причини


Како што објаснуваат лекарите, настинката е всушност инфекција на горниот респираторен систем предизвикана од вируси, а во просек обично трае околу една недела, пренесува Healthy. Симптомите по кои најлесно можеме да препознаеме дека сме настинати се течење на носот, назална конгестија и отежнато дишење, кивање, болки во грлото и кашлица, главоболка и малку покачена температура. […]

Во Грузија поведоа импичмент за претседателката затоа што лобирала за ЕУ без дозвола од владата


  Грузискиот уставен суд во понеделникот (16 октомври) пресуди дека прозападната претседателка Саломе Зурабишвили го прекршила уставот со неовластени патувања во странство, отворајќи го патот за нејзина смена. Во септември, пратениците од владејачката партија Грузиски сон почнаа постапка да ја соборат 71-годишната главна претседателка, велејќи дека таа се сретнала со странски лидери за да лобира […]

Шефот на тајната служба Шин Бет ја презеде одговорноста за нападот на Хамас


  Шефот на израелската безбедносна агенција Шин Бет вели дека тој е лично одговорен за немањето рано предупредување за убиствениот напад на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври. Во писмотодо членовите на агенцијата, Ронен Бар пишува: „И покрај низата дејства што ги извршивме, за жал во саботата не можевме да генерираме доволно предупредување што […]