САД: Ќе испратиме запленето иранско оружје на Украинците


Вашингтон – САД испратија на Украина повеќе од милион парчиња иранска муниција кои беа запленети минатата година во водите на Индискиот Океан, соопшти американската војска. Централната команда на САД, која е одговорна за воените операции на Блискиот Исток, објави дека во Украина биле испратени околу 1,1 милион куршуми од калибар 7,62 мм. -САД се посветени да […]

Ковачевски на Самитот на Европската политичка заедница во Гранада


Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Гранада, Шпанија, ќе учествува на третиот состанок на Европската политичка заедница, заедно со лидерите од вкупно 47 земји, од кои 27 земји-членки на Европската Унија, Западен Балкан, Швајцарија, Норвешка и Исланд, како и Азејберџан, Грузија, Турција и Украина. На состанокот, како што јавува известувачот на МИА, најавено е учество и […]

Без струја дел од општините Кисела Вода, Гази Баба и Карпош


Од ЕВН известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на општините Кисела Вода, Гази Баба и Карпош. Во периодот од 09.00 до 12.00 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул.„Волтерова“, како и дел од корисниците од ул. „Живко Фирфов“, во Општина Кисела Вода. Во истата општина, во периодот од 09.00 […]

Концерт посветен на Тоше Проески на „Гумење“ во Крушево


На денот на последниот концерт на Тоше Проески, 5 октомври, вечерва на Гумење ќе се одржи концерт „Со љубов за Тоше“. Пред спомен куќата „Тодор Проески“, во Крушево, на вториот по ред концерт ќе настапат „Фрајле“, Бојан Маровиќ, Александра Јанева, Димитар Андоновски, Славица Ангелова, Мите Стоилков, Александра Трајческа, Никола Зацески, Зоран Илиев и „Инвиктус бенд“. […]

Во Скопје се одржува 14. Балкански конгрес за хумана генетика и 9. Состанок за ретки болести на Југоисточна Европа


Во Скопје од денеска до сабота ќе се одржуваат 14. Балкански конгрес за хумана генетика и 9. Состанок за ретки болести на Југоисточна Европа, организирани од Македонското здружение за хумана генетика (МЗХГ) и Македонското здружение за ретки болести (МЗРБ), со поддршка од здруженијата на пациенти за ретки болести од земјава. Конференцијата насловена „Генетски болести – […]

Распишан огласот за „Истражи ја ЕУ“, може да аплицираат и македонски државјани родени во 2005 година


Европската комисија го објави новиот оглас во рамки на проектот „Истражи ја ЕУ“, во чии рамки на 36.000 млади луѓе родени во 2005 година ќе им бидат доделени бесплатни билети за патување низ Европа, на кој можат да се пријават и македонски државјани.  Како што јави дописникот на МИА од Брисел, право за пријавување на огласот, […]

Изложба на слики и книги на Паскал Гилевски


Во мултимедијалниот културен центар Матица Ексклузив во Скопје денеска напладне ќе биде отворена изложба на слики на академскиот сликар, писател и преведувач Паскал Гилевски, создадени во изминатите шеесет години. По овој повод ќе бидат изложени триесет негови слики и сто и педесет книги преведени на македонски јазик од унгарски, грчки и француски јазик. Изложбата ќе […]

Црногорскиот министер за зeмјоделство на Светскиот ден на вранецот во Скопје


Здружението „Вина од Македонија“ со финансиска поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска ќе го одбележи Светскиот ден на вранецот.  Најавени се обраќања на претседателот на здружението „Вина од Македонија“; Светозар Јаневски, на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и на црногорскиот министер за зeмјоделство Владимир Јоковиќ. Настанот се одржува петта […]

Промоција на новите финансиски инструменти на ЕУ за микро, мали и средни претпријатија


 Европската комисија во соработка со Стопанската комора на Северна Македонија и „Western Balkans 6 Chamber Investment Forum“ (WB6CIF) денеска од 9 часот организираат регионален хибриден настан на тема „Open4Business – Made in the Western Balkans – Supported by EU”. Како што информира Стопанската комора, ќе бидат промовирани новите финансиски инструменти на Европската Унија за микро, […]

Една четвртина од кошаркарите во НБА се странци


Њујорк – Дваесет и пет отсто од играчите кои минатата сезона настапуваа во најсилната НБА кошаркарска лига во светот се странци, покажува истражувањето на сајтот „олбг‘. Најмногу странски кошаркари (25) во НБА лигата во сезоната 2022/23 се Канаѓани, по што следуваат Франција (13) и Австралија (12). Истражувањето покажува дека најголем интерес за НБА лигата во европски […]

Штетите од поплавите во Словенија во август се проценуваат на 9,9 милијарди евра


Љубљана – Словенечката Влада излезе со проценка дека директните штети од поплавите во август и нивните последици за луѓето, бизнисите и животната средина изнесува 9,9 милијарди евра, јави агенцијата СТА. Поплавите зафатија 183 од 212 општини во земјата, а површината на погодената област се проценува на 17.203 квадратни километри или 85 отсто од територијата на […]

Сончево со умерена, а на места повремено со значителна облачност


Времето ќе биде сончево со умерена, а на места повремено со значителна облачност. Претежно во западните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 31 […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 5 октомври 2023 година, 278-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 97 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 35 минута, а ќе зајде во 18 часот и 9 минути. Денов трае 11 часа и 34 минути. Месечината која е во фаза на полна Месечина нема да изгрее […]

Масовно пукање во Масачусетс, убиени се повеќемина (видео)


Повеќе лица се убиени во масовно пукање во Масачусетс. Пукањето се случило во Холиок на раскрсницата на улиците „Мејпл“ и „Сарџент“ околу 13 часот по локално време.   „Можеме да потврдиме дека има повеќе жртви и ова е активна и тековна истрага. Ве молиме избегнувајте ја областа, ќе обезбедиме ново ажурирање ова попладне“, соопшти полицијата […]

Администрацијата на Бајден отпишува девет милијарди долари студентски кредити за 125.000 Американци


 Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден денеска соопшти дека отпишува девет милијарди долари студентски кредити на 125.000 зајмувачи, чекорот доаѓа откако отплаќањето на студентските кредити се реактивира овој месец по пауза од повеќе од три години поради Ковид-19 пандемијата.  Простувањето на долговите е дел од напорите на Белата куќа да отпише дел од овие кредити, […]

ФИФА ја укина суспензијата за руските репрезентации до 17 години


ФИФА тргна по стапките на УЕФА и ја укина денеска суспензијата која беше на сила за настап на руските фудбалски репрезентации до 17 години на меѓународните натпреварувања во машка и женска конкуренција. „По одлуката која ја донесе УЕФА на 26 септември 2023 година повторно да им дозволи учество на руските У17 репрезентации во женска и […]

Мицкоски зачуден што никој не го прашува за избори и не се канат набљудувачи


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христријан Мицкоски, е зачуден што никој не го прашува за избори и не се канат набљудувачи на ОБСЕ. „Ние се наоѓаме на помалку од шест месеци од изборен процес. Ова не се случило никогаш како сега да нема комуникација на тема што правиме бидејќи имаме два значајни изборни процеси што за неколку […]

Клоп бара да се преигра натпреварот со Тотенхем


Тренерот на премиерлигашот Ливерпул, Јирген Клоп, побара денеска да се преигра натпреварот против Тотенхем, откако ВАР судиите изминатиот викенд му поништија регуларен гол на неговиот тим. Раководното тело на англиските судии (ПГМОЛ) ја призна грешката кога голот на Луис Дијаз беше поништен поради наводен офсајд и најави измени на правилото со цел да се избегне […]

Осуден во „Монструм“ се појави на телевизија, сакал правда во Стразбур а не амнестија


 Фејзи Азири, осуден на 15 години затвор во случајот „Монструм“, во интервју за Алсат изјави дека не сака амнестија, туку расчистување на случајот и правда. „Не ме интересира законот за амнестија, не сум побарал и нема да барам амнестија, барам само правда. Не ми е гајле што се случува со тој закон и кој го […]

Локализиран пожарот во атарот на Соње, ангажирани „ер трактори“ и хеликоптери од МВР


 Пожарот меѓу селата Долно Соње и Добри Дол во општина Сопиште е локализиран. Во неговото гаснење биле вклучени три „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување и два хеликоптери на Министерството за внатрешни работи.  Од МВР информираа дека двата хеликоптери исфрлиле над 13 тони вода на местото на пожарот. – Одделот за воздухопловни единици […]