СП во фудбал во 2030 ќе се игра во Мароко, Шпанија и Португалија, но и во Ј. Америка


Мароко, Шпанија и Португалија ќе го организираат Светското првенство во фудбал во 2030 година, а три натпревари од завршниот турнир ќе се одиграат во Јужна Америка, објави денеска ФИФА. Заедничката кандидатура на Мароко, Португалија и Шпанија беше единствената за организација на Мундијалот 2030. Три натпревари од завршниот турнир ќе се играат во Уругвај, Парагвај и […]

Еве кој ќе ја наследи Сара Бартон во „Александар Меквин“


Лондон- Модната куќа Александар Меквин го објави дизајнерот кој ќе ја наследи Сара Бартон откако таа ја напушти споменатата модна куќа минатата недела, по две децении како креативе директор. Британскиот луксузен бренд објави дека ирскиот дизајнер Seán McGirr ќе ја наследи Бартон. Претседателот и извршен директор на компанијата, Џанфилипо Теста, рече дека е возбуден што […]

Трамп и Кардашијан не беа доволно богати за да се најдат на листата на Форбс 


Лос Анџелес– „Навистина сум богат“, рече Доналд Трамп во 2015 година кога ја објави својата прва претседателска кандидатура. Навистина богат, сигурно, но не и еден од најбогатите луѓе во земјата. „Форбс“ во вторникот го објави своето годишно рангирање на 400 најбогати Американци, а Трамп не се најде межу нив. Ниту, пак, други познати милијардери како […]

Десната лента од автопатот Катланово – Петровец ќе биде пуштена за сообраќај до крајот на месецов


Десната лента од автопатот Катланово – Петровец ќе биде пуштена за сообраќај до крајот на овој месец. Од Министерството за транспорт и врски информираат дека асфалтските работи се во завршна фаза, односно дека денеска се поставувал завршниот слој, а во следниот период ќе бидее поставена заштитната ограда и сообраќајната сигнализација. Увид во градежните активности денеска […]

Такси превозниците во Скопје добиваат конкуренција – „Болт“ доаѓа во Македонија?


Реклами на компанијата за мобилност „Болт“ периодов ги таргетираат граѓаните на Скопје, нудејќи им да возат и да заработуваат. Огласите на социјалните мрежи го отворија прашањето дали естонската компанија – конкурент на „Убер“, влегува на македонскиот пазар. Се чини дека Северна Македонија ќе биде првата земја во регионот на Западен Балкан во која „Болт“ ќе […]

ЕБР и „Волците” реализираа заедничка вежба за летна алпинистика и јазење (галерија)


Припадниците на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) на МВР реализираа вежба од областа на летна алпинистика и јазење заедно со припадници на Баталјонот за специјални сили „Волци” при Армијата на Република Северна Македонија. Вежбата со сценарио „Спасување на повредени лица од тешко прооден карпест предел” е реализирана на полигонот за летна алпинистика и јазење во […]

За Алијанса за Албанците интерпелацијата за Јовески е „комичен театар“


Алијанса за Албанците ги отфрла обвинувањата на опозицијата дека го штити јавниот обвинител Љубомир Јовески. Интерпелацијата поднесена од албанските опозициски партии, ја оценуваат како комичен театар. – Обвинувањата на опозицијата дека АА го штити јавниот обвинител се неосновани и само докажуваат колку се неинформирани за постапките и за конкретниот случај. Опозицијата со последните дејствија изигрува […]

Се донесоа последните нужни законски измени за решавање на бездржавјанството


Собранието вчера ги донесе измените на законот за престојувалиште и живеалиште и на законот за лична карта, кои беа последниот нужен чекор за решавање на бездржавјанството. Во рамки на 125. пленарна седница беа донесени измените и дополнувањата на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните и на Законот за личната карта. Од УНХЦР, […]

Со закон ќе мора да се вработи прворангираниот на конкурс во јавниот сектор


При вработување кадри во јавниот сектор, ќе мора да биде избран најдобриот кандидат, односно првиот на листата. Новиот закон, предложен од Министерството за информатичко општество и администрација, со закон ја ограничува можноста на работа да влезат второ и треторангирани кандидати. Освен ова, се забранува и можноста за вработување на определено работно време на раководни места […]

Индија ги откри токсичните сирупи поврзани со смртта на 141 дете ширум светот


Индискиот регулатор за лекови открил дека сирупите за кашлица и за алергија направени од Норис Медицинс се токсични, според владиниот извештај, неколку месеци откако индиските сирупи за кашлица беа поврзани со смртта на 141 дете ширум светот. Лековите биле контаминирани со диетилен гликол или етилен гликол, кој е пронајден во сирупите за кашлица кои предизвикуваат […]

ФИФА пред одлука за враќање на руските репрезентации


Светската фудбалска федерација (ФИФА) најверојатно денеска ќе донесе одлука за враќање на руските репрезентации до 17 години на меѓународната сцена и со тоа ќе ја ублажи целосната суспензија под која се наоѓа Русија поради инвазијата врз Украина. Советот на ФИФА, со кој претседава нејзиниот претседател Џани Инфантино, во текот на денешниот ден ќе одржи онлајн […]

„Волстрит џорнал“: Прекинот на финансирањето од САД се заканува на економската стабилност на Украина


 САД не плаќаат само за испораките на оружје за Украина, туку и за сметките на владата во Киев и буџетскиот сектор, па поради тоа се очекува следниот месец да престане со работа американскиот систем за финансирање на платите на Украинците и државните трошоци, пред се, поради недостиг на нови парични инјекции од американскиот Конгрес, јави […]

Осумдесет и шест компании ќе добијат вкупно 4,4 милиони евра за иновативни идеи и креативни решенија


Вкупно 4,4 милиони евра се распределуваат за поддршка на 86 домашни претпријатија преку јавниот повик „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст“ на Фондот за иновации и технолошки развој.  – Семејството на ФИТР од денеска се зголемува за 86 нови претпријатија и со оваа бројка, портофлиото на ФИТР брои 1.153 кофинансирани проекти кои […]

Јовески по пошта одговори за интерпелацијата: Немало влијание и притисоци за случајот со Модуларната болница


Јавниот обвинител Љубомир Јовески до Собранието по пошта го испратил одговорот за интерпелацијата што за неговото работење во случајот со пожарот во Модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица ја поднесоа пратеници од опозициските партии на Албанците – Беса, Алтернатива и Демократско движење. Јовески во дописот, како што наведува, најодговорно изјавува дека никогаш […]

По штрајкот на глумците, наводно следи покачување на претплатите на Нетфликс


Лос Анџелес– Нетфликс наводно има намера да ја зголеми цената на своите претплати, според познавачи, неколку месеци по завршувањето на штрајкот на глумците и сценаристите во Холивуд. Нетфликс, се наведува, веќе ја зголеми цената на одредени пакети, но и ја прекрати најевтината опција за претплата без реклами во САД и Велика Британија, како и во […]

За злоупотреба на ликовите на доктори за рекламирање чај, ОЈО издаде казнен налог


Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно физичко и едно правно лице, кои се обвинети за три кривични дела – Злоупотреба на лични податоци од член 149 од Кривичниот законик. Обвинетиот 34-годишник, како одговорно лице во правното лице, во периодот од ноември 2022 до април 2023 година, […]

Лажна „дипфејк“ реклама со ликот на Том Хенкс


Лос Анџелес – Американскиот глумец Том Хенкс предупреди дека нема никаква врска со стоматолошката реклама што го користи неговиот лик за да ја пренесе својата порака. Тој посочува дека за оваа цел била користена вештачка интелигенција, т.е. тн. „дипфејк“ видеомонтажа што „имитира“ помлада верзија од неговиот лик. -Внимавајте! Има видео што прикажува некаков дентален план со […]

Карла Бруни- Саркози проговори за битката со ракот на дојка


Париз– Француската пејачка и манекенка , Карла Бруни – Саркози, во средата откри дека се борела со ракот на дојката бидејќи преку објава на Инстаграм ги повика жените да прават редовни прегледи. „Пред четири години ми беше дијагностициран рак на дојка“, вели поранешната прва дама на Франција, која е во брак со поранешниот претседател Никола […]

Новото проширување ќе ги чини земјите членки на ЕУ 256 милијарди евра


Проширувањето на бројот на земји-членки на ЕУ, вклучувајќи ја и Украина, ќе ги чини постојните членки повеќе од 256 милијарди евра, пишува „Гардијан“. Огромната цена за проширувањето е обелоденета додека европските лидери се подготвуваат за собирот во шпанскиот град Гранада на средба на Европската политичка заедница, каде ќе се разговара за следните чекори за деветте […]

Агелер ги повика лидерите во Македонија „да ја направат вистинската работа“ за земјата


Ги повикувам лидерите на сите партии да ја направат вистинската работа за земјава и за овие деца, изјави денеска американската амбасадорка Анџела Агелер, одговарајќи на новинарско прашање во врска со процесот на уставните измени, кои се предуслов за продолжување на преговорите со ЕУ и ставот на опозицијата дека не прифаќа измени на Уставот под бугарски […]