Четири римски мечеви стари 1900 години откриени во пештера во Израел


  Археолозите пронајдоа четири римски мечеви и оружје познато како пилум, кои датираат од пред 1.900 години во пештера во близина на брегот на Мртвото Море во Израел. Реткото складиште на оружје е пронајдено во природниот резерват Ен Геди, сочувано во дрвени и кожни футроли, се вели во соопштението за печатот на израелската управа за […]

Ковачевски повика да се оди заедно кон прогрес и членство во ЕУ


  Денес ја имаме најреалната и единствена можност, за брз процес на зачленување во Унијата, во следните неколку години. Ве повикувам сите заедно, да се обединиме околу целта пред нас и да ја сработиме. Заедништвото со кое е постигната независна иднина на Северна Македонија во 91-та година, го има и денес во определба на граѓаните […]

Поради климатските промени, Нов Зеланд размислува за лабораториско одгледување на овошје


Соочен со климатските промени и несигурноста во храната, Нов Зеланд размислува за овошје одгледувано во лабораторија. Научниците ќе се обидат да создадат овошје без делови кои вообичаено се фрлаат, како што се јадрото на јаболкото или јамата од портокалот. Додека работата на лабораториски одгледувано месо стана насловна страница во последниве години, слична работа на овошје […]

Кога Македонија ќе стане членка на ЕУ?


Има повеќе злорадост, отколку лажен оптимизам и нереална проценка во јавните лицитации на темата: кога Македонија ќе стане членка на ЕУ. Двете крајности надвладуваат во поделбата и на јавноста и на политичките партии и на институциите на системот. Потрошивме залудно скапоцено време на јалови расправи и меѓупартиски пресметки, наместо за подготвеноста за остварување на реформите кои […]

Локалниот пат околу Мавровско езеро утре ќе биде затворен за сообраќај поради трка


Локалниот пат од селото Маврово до селото Леуново утре ќе биде целосно забранет за сообраќај заради одржување на велосипедска трка. Полицијата ќе преземе мерки за обезбедување на настанот ќе го регулира сообраќајот. Од СВР Тетово информираат дека утре од 9 до 16 часот и 30 минути на потегот од село Маврово до село Леуново ќе […]

Во Хрватска ноќеска спречен влез на над 600 мигранти


Хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ денеска изјави дека синоќа околу 600 мигранти биле спречени да влезат во Хрватска, оценувајќи дека тоа е невиден број. – Само во текот на изминатата ноќ, околу 600 илегални мигранти беа спречени да влезат на територијата на Република Хрватска, тоа се бројки без преседан, изјави Божиновиќ на маргините […]

Бигорски ги кани верниците на традиционално одбележување на главната манастирска слава


– Бигорскиот манастир традиционално ќе го одбележи патрониот празник, „Отсекување на главата на Свети Јован Крстител“ и по тој повод свештената бигорска  обител преку објава ги поканува верниците на заедничка прослава на главната манастирска слава. Одбележувањето  започнува на 10 септември (недела) во 18 часот со празнична Вечерна богослужба, на која ќе претстои игуменот на бигорската […]

Ќе се руши единствениот дом на Мерилин Монро во Лос Анџелес?


Единствениот дом на Мерлин Монро во Лос Анџелес, наводно, ќе се урива од неговиот нов сопственик. Според Њујорк Пост, кој прв ја објави веста, неидентификуваниот сопственик поднел дозволи за уривање, за што Одделот за градежништво и безбедност во Лос Анџелес одобри „проверка на планот“ во вторникот. Сепак, сопственикот сè уште не добил официјално зелено светло […]

УЕФА го зголеми фондот за клубовите без пласман во групната фаза


Фудбалските клубови кои нема да успеат да се пласираат во групната фаза во едно од трите европски клупски натпреварувања од следната сезона ќе добијат поголем дел од приходот од УЕФА, согласно новиот модел на распределба објавен денеска. УЕФА и Здружението на европски клубови (ЕЦА) потпишаа нов договор со важност до 2030 година, кој „ќе ја […]

Еколошки активисти му залепија торта во лице на директорот на Рајанер


 Мајкл О’Лири, извршен директор на Рајанер, една од најголемите европски авиокомпании, беше нападнат од еколошки активисти пред Европската комисија во Брисел. Додека се подготвуваше да даде изјава за новинарите пред зградата на Европската комисија, двајца еколошки активисти му пријдоа на О’Лири и му залепија торта во лицето и грбот. Ryanair CEO Michael O'Leary was hit […]

Претреси во Слупчане, пронајдени оружје и муниција


 Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Куманово- Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје, по добиена судска наредба, денеска извршија претрес во дом и други простории кај З.И. (49) во с. Слупчане, општина Липково, соопшти МВР. При претресот пронајдени се шест […]

Словенечкиот писател Драго Јанчар е добитник на наградата „Прозарт“


Наградата „Прозарт“, што Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ 11. пат ја доделува на истакнат автор за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, годинава му припадна на словенечкиот писател Драго Јанчар. Станува збор за автор со изострен нерв за современо раскажување и писателска моќ, во кои слика оригинални страници во словенечката и балканската проза. […]

„Нов триумф на Горан Столевски со приказната за маргинализирани луѓе“ –  овации и пофалби за „Домаќинство за почетници“ во Венеција


Триумф и феноменален филм е првата оценка од британското филмско списание „Скриндејли“ за новиот филм на македонско-австралискиот режисер Горан Столевски, „Домаќинство за почетници“, кој вчера имаше светска премиера во Венеција. „Домаќинство за почетници“ е дел од натпреварувачката програма Хоризонти, додека документарецот „21 ден до крајот на светот“ на Теона Митевска, исто така вчера, се прикажа во програмата […]

За седум месеци годинава извозот зголемен за 3,8 отсто, а увозот помал за 7 отсто во однос на лани


Вкупната вредност на извозот на стоки од земјава, во периодот јануари – јули 2023 година, изнесува 4,9 милијарди евра и бележи пораст од 3,8 отсто во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6,4 милијарди евра, што е за 7 отсто помалку од лани. Трговскиот дефицит, во […]

Дали инфлацијата пак зема замав: Август поскап од јули за 1,2 отсто


Годишната инфлација во август изнесуваше 8,3 отсто, измери Државниот завод за статистика со што продолжи трендот на намалување на порастот на трошоците на живот на годишно ниво. Претходниот месец годишната стапка на инфлација изнесуваше 8,4, пред тоа беше 9,3. Но, дали е ова доволно да се биде опуштен? Според денешното соопштение на ДЗР, на месечно […]

Со измените на Кривичниот законик застаруваат 14 судски предмети со над 80 обвинети


Со донесувањето на измените на Кривичниот законик ќе се овозможи застарување на 14 судски предмети во кои се обвинети над 80 лица, според проценките на Коалицијата „Сите за правично судење“, што ја објави денеска на фејсбук, притоа напоменувајќи дека во оваа евиденција не се земени предвид случаите кои во моментов се наоѓаат во Основното јавно […]

Спомен-куќата на Блаже Конески во Небрегово ставена на туристичката мапа за задолжителни посети


Спомен-куќата на великанот Блаже Конески во Небрегово и официјално се става на туристичката мапа за задолжителна посета при екскурзиите на учениците и при посетите на странските туристи. Иницијативата е на Културно-едукативниот центар „Небрегово“. Со пригоден собир пред родната куќа на Конески е потпишана и декларација. Мимоза Конеска, туристички работник од агенцијата „Војаџер“, вели дека ова […]

Втор меѓународен фестивал на подводен филм во Струга


Со филмот „Ние“ (We) на канадската продуцентка и инструкторка во нуркање Жули Уиме, утре во кампот „Скаут“ во Струга ќе почне второто издание на Меѓународниот фестивал на подводен филм во организација на подводни ентузијасти, вљубеници во нуркањето и подводниот свет. Филмот, како што појасни МИА Јасмина Антиќ, директор на „Скаут меѓународен фестивал на подводен филм“ […]

Во почетокот на октомври ќе се вози по обновениот пат Битола-Меџитлија


Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, заменик министерот Беким Реџепи и директорот на ЈП Државни патишта, Ејуп Рустеми, денеска извршија увид на изградбата и асфалтирањето на регионалниот пат Битола – граничен премин Меџитлија. Според министерот Бочварски патниот правец Битола-Меџитлија е многу значаен патен правец и затоа се врши рехабилитација на повеќе од 12 километри. […]

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска 2.200 евра


Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска во првата половина од годинава изнесува 2.219 евра, што е за 4,1 отсто повеќе во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Тоа значи дека купувачите морале да одвојат речиси две полни просечни нето плати за еден квадратен метар нов стан, […]