Крвава свадба во Ирак, најмалку 100 гости изгореле во пожар


Најмалку 100 луѓе загинаа, а 150 се повредени во пожар што избувна на свадба во северен Ирак. Стотици луѓе беа на свадба во Ал-Хамданија во провинцијата Ниневија во северен Ирак кога доцна синоќа избувна пожар и го зафати местото каде што се одржуваше прославата. Причината за пожарот се уште не е утврдена, но првичните информации […]

ЦИА се подготвува да воведе сопствен модел на вештачка интелигенција


Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) се подготвува да воведе во употреба функција слична на програмата OpenAI која ќе користи вештачка интелигенција за да им овозможи на аналитичарите подобар пристап до интелигенција со отворен код, објави Блумберг. Според агенцијата, станува збор за поширока владина кампања за искористување на моќта на вештачката интелигенција за да се натпреварува […]

Серија земјотреси во Италија, најсилниот од 4,2 степени во близина на Неапол


Неколку земјотреси, од кои најсилниот бил со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, се случиле во текот на ноќта во големиот вулкански регион на Флегрејските полиња, во близина на Неапол, објави италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија. Според сеизмолозите, најсилниот земјотрес е регистриран во 3 часот и 35 минути и бил почувствуван во […]

Италија може да протера мигранти поради нарушување на јавниот ред


Странците кои легално живеат во Италија ќе можат да бидат протерани од земјата во иднина доколку го загрозат јавниот ред или националната безбедност, се вели во нацрт владината уредба. Мерката, која ќе биде усвоена на седницата на владата, е дел од мерките што ги вети десничарската Влада на премиерката Џорџа Мелони како одговор на наглото […]

Почнува преспанскиот јаболкобер


Со откинување на првото јаболко денеска во преспанското село Евла почнува собирањето на јаболката од годинашниот род во Преспа. Според востановената традиција, собирањето јаболка почнува на верскиот празник Крстовден, а оваа година свеченоста ќе се одржи во овошниот насад на „Агромедика“ во селото Евла, а во 13 часот Општина Ресен ќе додели награди на најуспешните […]

Премиерот Ковачевски во посета на компанијата „Горска“


Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе ја посети компанијата „Горска“ Дооел во Новоселски пат. Како што информираат од владината прес-служба, Ковачевски ќе биое придужуван од министерот за економија, Крешник Бектеши и в.д. директорот на Државен пазарен инспекторат, Горан Трајковски.

Второ издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“


„Ослободи ја својата фантазија“ е мотото на второто издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ што ќе се одржува од денеска до сабота во Скопје. Фестивалот го организира Театарот за деца и младинци. Програмата е посветена на малите театарски форми. Свеченото отворање е со претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“, по што следуваат изведбите […]

Најмалку 125 загинати во експлозија во Нагорно-Карабах


Најмалку 125 луѓе загинаа, а речиси 300 се повредени во експлозија на бензинска пумпа во Нагорно Карабах, соопштија властите во тој регион. Властите претходно соопштија дека загинале најмалку 20 лица, јавува Радио Слободна Европа (РСЕ). Причината за експлозијата не е утврдена. Официјални лица соопштија дека повеќе од 28.000 луѓе кои го напуштиле Нагорно-Карабах пристигнале во […]

Азербејџан нема намера да преземе воена акција за создавање копнен коридор во Ерменија


Азербејџан нема намера да преземе воена акција за создавање копнен коридор во јужна Ерменија, изјави советникот за надворешна политика на азербејџанскиот претседател, Хикмет Хаџиев. Како што пренесуваат странските агенции, воената операција на Азербејџан минатата недела за преземање на контролата врз ерменската енклава Нагорно-Карабах ги поттикна стравувањата кај Ерменците дека Баку би можел насилно да создаде […]

Стапката на тинејџерска бременост речиси трипати повисока од просекот на ЕУ


По повод 26 септември – Светскиот ден на контрацепцијата и 28 септември – Светскиот ден на безбедниот абортус, Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО) и ХЕРА денеска ќе одржат прес-конференција на која ќе се обратат претседателот на МАГО, Глигор Тофоски, програмската раководителка на ХЕРА, Весна Матевска и претседателката на комисијата за еднакви можности на […]

Музичко-сценски спектакл „Фолклорно-класична симбиоза“ на Национална опера и балет и „Танец“


На сцената на Националната опера и балет вечер ќе се одржи „Фолклорно-класична симбиоза“, музичко-сценски спектакл на НУ Национална опера и балет и НУ „Танец“. За прв пат во македонската понова историја, Националната опера и балет и „Танец“ ќе прозвучат заедно, со повеќе од 130 учесници на сцена, во заедничка изведба на симфонизираните антологиски кореографии „Осоговка“, […]

Промоција на првата Британска бизнинс асоцијација


Британската амбасада Скопје денеска на прес – конференција ќе информира за поддршката на амбасадата за основањето на првата Британска бизнис асоцијација, организација чија цел е унапредување на трговските врски помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, застапување на интересите на британските компании во земјава и останати компании кои имаат британски бизнис интереси. На прес – конференцијата […]

Трамп и неговата компанија прогласени за виновни за измама


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговата семејна фирма се прогласени за виновни за измама во граѓанска тужба поднесена од државната обвинителка Летиција Џејмс, која го обвини дека незаконски тврдел дека има поголем имот и нето вредност. Одлуката ја донесе судијата Артур Енгорон од државниот суд во Њујорк на Менхетен, објави Гласот на Америка. Џејмс […]

Бислимоски: РКЕ е институција која 20 години е отворена за соработка и се грижи за правата на потрошувачите


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска слави јубилеј – 20 години од почетокот со работа. Актуелниот претседател Марко Бислимоски, кој е еден од првите вработени во институцијата уште од 2004 година, за МИА истакнува дека за 20 години РКЕ од анонимно тело за кое на почетокот на работата ретко кој знаел што […]

Одбележување на Светскиот ден на туризам


Во организација на Министерството за економија денеска во Скопје ќе биде одбележан Светскиот ден на туризмот. На одбележувањето ќе се обратат државниот секретар на Министерството за економија Размена Чекич Дуровиќ и директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски. Министерството за економија во рамки на одбележувањето на Светскиот дел на туризмот ќе […]

„Мултиверзум“ – изложба на Симон Шемов во Даут-пашин амам


 Во Даут-пашиниот амам вечер ќе биде отворена самостојната изложба „Мултиверзум“ на академскиот уметник Симон Шемов. -Изложбата се занимава главно со аспекти на космологијата и космогонијата, т. е. со проблемите на појавата и егзистирањето на космосот и универзумот, а секако, преку оваа општа феноменолошка семантика, и со посебната хуманистичка егзистенцијална природа на човекот, трагање кон посебното […]

Курти: Вучиќ рече дека Радојичиќ ќе биде „српски Адем Јашари“


Косовскиот премиер, Албин Курти, вели дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, сакал на 24 септември да го претвори манастирот во Бањска во северно Косово во „Кула на семејството Јашари“ за косовските Срби, јави дописникот на МИА од Приштина. Курти вели дека, со акцијата во Бањска, каде што во неделата загина косовски полицаец и најмалку тројца […]

Книгата „Вештица“ од Венко Андоновски на Европската ноќ на литературата во Софија


Во Софија вечер ќе се одржи Европската ноќ на литературата, организирана од амбасадите и странските културни центри во Бугарија, во соработка со Европската комисија и Софија. Од Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија информираат дека на настанот кој ќе се одвива во централниот дел во Софија ќе бидат претставени најново преведени книги на […]

Сончево со повремена облачност и температура до 29 степени


Времето денеска ќе биде сончево со умерена, а во јужните делови повремено со значителна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени. Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со […]

Трагедија во Ирак: Над 100 загинати во пожар на свадба (видео)


Најмалку 100 лица загинаа, а 150 се повредени во пожар што избувна на свадба во северен Ирак. Би-би-си јави дека на свадбата во местото Ал-Хамданија, во провинцијата Ниневија, во северен Ирак, имало стотици гости кога доцна синоќа избувна пожар и го зафати објектот каде се одржуваше прославата. Причината за пожарот се уште не е утврдена, […]