Папата ја почна посетата на Монголија


Папата Франциск ја почна својата прва посета на Монголија со пофалби за нејзината традиција на верска слобода, која, како што рече, датира од Џингис Кан, и повик на мир и ставање крај на „подмолните закани од корупцијата“. Папата се сретна со претседателот на државата Ухнагиин Курелсух во традиционален шатор поставен во близина на претседателската палата […]

ЈП „Лајка“ организира фудбалски натпревар за промоција на вдомување кучиња


 ЈП „Лајка“ денеска организира фудбалски натпревар помеѓу клубовите Вардар  и Македонија Ѓорче Петров. Пред почетокот на фудбалскиот натпревар, фудбалерите на ФК Вардар ќе продефилираат со кучињата од ЈП „Лајка“ кои бараат дом. Целта на настанот е фудбалерите да го промовираат вдомувањето на кучињата.

Мичиген го прогласи септември 2023 за месец на македонската култура во САД


Гувернерката на Мичиген Гречен Витмер го прогласи септември оваа година за месец на македонско-американското наследство. Витмер вели дека е важно да се истакне придонесот и културното влијание на македонските Американци, пренесе Гласот на Америка. -Септември има значење за македонските Американци како што се наближува годишнината од Денот на независноста на Република Македонија, симболизирајќи го патот […]

(Видео) Полицијата во САД застрела бремена жена, оти наводно крадела во продавница


Полициското одделение на Блендон Тауншип во американската сојузна држава Охајо објави снимка од камерите на полициската униформа на која се гледа како полицаец пукал и убил трудница обвинета за кражба. Та’Кија Јанг (21) беше бремена во седмиот месец кога беше убиена во пукотницата на 24 август, соопшти нејзиното семејство. Полицајците биле на паркингот Крогер и […]

Општина Центар и МАГО со заедничка кампања за намалување на ризикот од малигни гинеколошки болести 


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски и Проф. д-р Глигор Тофоски, претседател на Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари  – МАГО, ќе започнат заедничка кампања со цел подигнување на свеста за значењето на редовните превентивни прегледи и намалување на ризикот од малигни болести, особено кај маргинализираните жени. Првата панел дискусија е планирана за 20 септември […]

Шаленберг: ЕУ не треба да ја става Украина на брзата лента за членство, а да ги занемари земјите од Западен Балкан


Европската унија не може да си дозволи да му даде приоритет на членството на Украина, а притоа да ги занемари другите долгогодишни кандидатури како оние на земјите од Западен Балкан, предупреди австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг. Во гостувањето во подкастот „Politico EU confidential“, Шаленберг рече дека блокот мора внимателно да ја разгледа и […]

Земјотрес ја погоди Албанија


Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Албанија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на 15 километри источно од Ерсека.

Инвазивните гасеници ја изедоа лавандата на одгледувачите на југот на Франција


Гасеници предизвикаа милиони загуби на земјоделските култури на француските одгледувачи на лаванда оваа година, според земјоделското здружение кое ја повика владата на помош. „Десетици и десетици хектари не беа собрани затоа што не вредеше. Немаше ништо друго“, вели Ален Аубанел, шеф на Здружението за парфеми, ароми и лековити растенија PPAM, со седиште во Маноски во […]

РЕС ја зацврстува лидерската позиција во снабдувањето со електрична енергија на приватниот секотор


Компанијата РЕС (Renewable Energy Supply), во ко-сопственост на групацијата Централ Инвест, на македонскиот стопанственик Кочо Анѓушев и бугарската компанија КЕР Токi, по спроведената кампања во летните месеци, ја зацврсти лидерската позиција на пазарот и останува најголем снабдувач со електрична енергија на приватните фирми во земјата. Само во овие три месеци, РЕС потпиша договори со нови […]

(Видео) Индија лансираше ракета која ќе го проучува Сонцето


 По успешното слетување на Месечината, индиската вселенска агенција денеска лансираше ракета за проучување на Сонцето како дел од својата прва соларна мисија. Ракетата остави трага од чад и оган додека научниците аплаудираа, покажа преносот во живо на веб-страницата на Индиската организација за вселенски истражувања (ISRO). Речиси 500.000 луѓе го следеа преносот, а илјадници се собраа […]

Габриел: Скопје треба да ги исполни обврските што ги презеде


 Позицијата на Бугарија кон Северна Макеоднија е многу јасна – да се исполнат обврските договорени и прифатени во јули 2022 година, изјави бугарската вицепремиерка и шефица на дипломатијата Марија Габриел. – Бугарија ќе продолжи многу јасно да ја брани својата позиција, да потсетува дека стоиме зад исполнувањето на сите услови поврзани со компромисот од јули […]

Почина Мохамед ал Фајед


Поранешниот сопственик на трговскиот ланец „Хародс“ и на фудбалскиот клуб Фулам“, Мохамед ал Фајед, почина на 94-годишна возраст, соопшти неговото смејство. Мохамед ај Фајед беше татко на Доди ал Фајед кој пред 26 години загина заедно со принцезата Дијана во сообраќајна несреќа во Париз. Мохамед ал-Фајед постојано тврдеше дека тие биле жртви на заговор на […]

Забраната на увоз на украински земјоделски производи ја подели ЕК


Евентуалното продолжување на временото ограничување на увозот на украински земјоделски производи, што истекува на 15 септември, предизвикува поделби во Европската комисија, која е ставена во позиција да бира меѓу изразувањето солидарност со Украина и барањата на членките на ЕУ од Источна Европа, наведува „Еурактив“. Европската комисија во април воведе привремена забрана за увоз на пченица, […]

Нема интерес за студирање метеорологија, државата може да остане без метеоролози


Во изминатите две години на студиите по метеорологија студираат само тројца студенти. Доколку овој тренд продолжи, државата ќе се соочи со дефицит на метеоролози бидејќи и во Управата за хидрометеоролошки во наредните пет години голем број од вработените ќе го остварат правото за пензија. Ограничените вработувања, искуствата од претходните генерации дипломирани метеоролози кои сѐ уште […]

Сончево, со температура до 35 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната од 27 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 7. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, во Скопје претежно сончево, со минимална температура […]

Обрнете внимание: Ден пред срцев удар се појавуваат овие симптоми


Новото истражување открива дека 50 отсто од срцевите пациенти имаат еден симптом ден пред срцев удар. Според научниците од Институтот за срце Смит во Центарот Седарс-Синаи во Лос Анџелес, жените и мажите често доживуваат предупредувачки знак за претстојна, а понекогаш и фатална здравствена криза. Жените генерално чувствуваат отежнато дишење, додека мажите чувствуваат болка во градите, […]

Русија го прогласи нобеловецот Дмитриј Муратов за странски агент


Русија го додаде почитуваниот новинар и добитник на Нобеловата награда, Дмитриј Муратов на својата листа на странски агенти, етикета што властите често ја користат за да ги спречат критичарите. Руското Министерство за правда соопшти дека Муратов „користел странски платформи за ширење мислења насочени кон формирање негативен став кон надворешната и внатрешната политика на Руската Федерација“. […]

Маричиќ: Во 2030 година сигурно ќе бидеме членка на ЕУ


 Бидете сигурни дека во 2030 година ќе бидеме членка на ЕУ. Деновиве на прашуваат зошто толку многу брзате? Зошто инсистирате токму таа година, сега да се носат тешки одлуки? Зошто реформи, зошто баш сега? Имаме време да чекаме. Ќе чекаме подобри времиња, ќе ослабе позицијата на некои други држави што мислиме дека денеска ни се […]

Двајца Срби уапсени во Грција – на плажа силувале малолетничка


Двајца Срби на возраст од 18 и 21 година се уапсени вчера попладне на грчкиот остров Лефкада под сомнение дека силувале малолетничка (14). Утрото во понеделникот, 28 август, до локалната полиција била поднесена пријава, според која двајца млади момчиња во петокот на 25 август вечерта на плажа принудиле 14-годишна девојка од островот да има секс […]

САД во август создале 187.000 нови работни места, позитивен сигнал за економијата


Во САД во август биле создадени 187.000 нови работни места, продолжителен нагорен тренд за пазарот на труд, додека висината на платите ја надмина стапката на инфлација од јули, знаци дека економијта продолжува да покажува цврстина во време на нејзино оладување. По повод успешните економски резултати претседателот на САД Џо Бајден денеска имаше обраќање во Белата […]