Ердоган и Путин ќе разговараат за обнова на Договорот за извоз на жито преку Црно Море


Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска во Сочи ќе разговара со својот руски колега Владимир Путин за одржливоста на Црноморскиот договор за жито под новите услови на ОН. – Несомнено, главна тема на претстојните разговори во Сочи ќе биде одржливоста на претходниот договор за украинското жито. Лидерите детално ќе разговараат за новите предлози кои […]

Претседавачот на Воениот комитет на НАТО во официјална посета на Северна Македонија


Претседавачот на Воениот комитет на НАТО адмирал Роб Бауер, кој престојува во официјална посета на земјава, денеска ќе има средби со началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и министерката за одбрана Славјанка Петровска. Според агендата, по средбите ќе следува прес-конференција. За време на посетата на Генералштабот и Министерството за одбрана, претседавачот на највисокото воено советодавно […]

Германски БМЗ ќе инвестира 64,9 милиони евра во Скопје


Германската компанија за напредни батериски системи БМЗ ќе инвестира 64,9 милиони евра во Скопје, инфирмираат за МИА од Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони (ТИРЗ). Инвестицијата ќе стартува како браунфилд, на постоечки објект во ТИРЗ Скопје 2. Договорот ќе биде потпишан денеска во седиштето на БМЗ во Франкфурт од извршниот директор и основач Свен Бауер […]

Дебата „Северна Македонија и Западен Балкан низ призмата на новата политика на ЕУ за миграции и азил“


Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија денеска во Скопје ќе биде домаќин на 12-та сесија на Работната група 4 – Правда, слобода и безбедност (Поглавје 24) на тема „Северна Македонија и Западен Балкан низ призмата на новата политика на ЕУ за миграции и азил“, во организација на Европското движење. Како што најавуваат организаторите, […]

Власта и опозицијата без промена за уставните измени


 Власта уверува дека ќе се постигне бројката од 80 пратеници за уставните измени, опозицијата, пак, опстојува на ставот против промена на Уставот. Во очекување Собранието да се врати на работа, премиерот Димитар Ковачевски верува дека пратениците ќе го поддржат евроинтегративниот процес на државата и дека нема да фалат пратеници за изгласување на уставните измени. Тој […]

Протест во Скопје поради случајот со Клиниката за онкологија


Граѓани ќе протестираат во Скопје поради случајот со Клиниката за онкологија. Како што е соопштено, протестот ќе почне од 18 часот пред Влада, а потоа ќе продолжи пред Министерството за здравство. – Бруталноста на власта секој ден носи нови жртви, а овој пат жртви се пациентите на Клиниката за онкологија, кои со месеци во живото […]

Промоција на проект за отворање регионален центар за рехабилитација на деца кои преживеале канцер


Во некогашното основно училиште во Кучково, во Општина Ѓорче Петров, денеска ќе биде означен почетокот на проектот „Приказната продолжува“, со кој овој објект ќе биде реконструиран и преадаптиран во регионален центар за рехабилитација на деца кои преживеале канцер. Како што соопшти Министерството за локална самоуправа, на настанот ќе говорат ресорниот министер Ристо Пенов, директорот на […]

Променливо облачно со повремен дожд, пад на температурата до 10 степени


Времето од изутрина ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места и особено на југоистокот ќе бидат поројни и повремено проследени со грмежи. Преку денот ќе биде значително посвежо и ќе дува умерен до засилен северен ветер (и над 60 км/час) што ќе услови значително намалување на дневната температура за пет […]

Зеленски бара разрешување на Резников од функцијата министер за одбрана на Украина


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши министерот за одбрана Олексеј Резников и ќе побара од парламентот да го замени со Рустем Умеров, шеф на најважниот украински приватизациски фонд, пренесоа вечерва новинските агенции. Најавата за разрешување што ја објави Зеленски во своето ноќно видео обраќање до нацијата може да го потресе украинскиот одбранбен естаблишмент, најсериозно […]

ЕП: Македонските одбојкари поразени од Полска


Македонската одбојкарска репрезентација загуби вечерва во Скопје од Полска со 3-0 (12-25,21-25,14-25) и со тоа го претрпе првиот пораз во третиот натпревар во групата Ц на Европското првенство (ЕП) во Скопје. Полска, која е актуелен освојувач на Лигата на нации, ја оправда фаворитската улога на дуелот во СЦ „Борис Трајковски“ и го продолжи максималниот ефект […]

Украинците тврдат дека уништиле руски брод во Црното Море


Украинската морнарица уништи руски воен брод во Црното Море, соопшти Министерството за одбрана во Киев. Шест членови на екипажот загинаа, а двајца се повредени кога украинските сили го погодиле рускиот брод во северозападниот дел на Црното Море, објави украинската морнарица на Телеграм. Во видеото објавено од украинското Министерство за одбрана, може да се видат луѓе како го […]

Како Србија успеа да го спречи ширењето на африканската свинска чума


Србија успеа да го спречи ширењето на африканската свинска чума, изјави во неделата српската министерка за земјоделство Јелена Танасковиќ. „Откако беше откриено ширењето на инфекцијата, 38.000 свињи се еутанизирани во Србија“, изјави Јелена Танасковиќ за РТС. Министерството и инспекциските служби воспоставија систематска одбрана на големите фарми, што даде резултати, а државата редовно им исплаќа отштета […]

Хеликоптер на МВР исфрли над 20 тони вода, локализиран пожарот кај Пиперево


Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од ЦУК за гасење на пожар кај селото Пиперево, го упати хеликоптерот Бел-212 и во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, пожарот е локализиран. Хеликоптерот Бел-212 врз пожарот исфрли над 20 тони вода, наведуваат од МВР. Од ЦУК, во меѓувреме, информираат дека двата пожари […]

На ,,Тиквешки гроздобер” ќе има вечер посветена на Никола Бадев и филм за Васил Хаџиманов


На традиционалната стопанско – туристичка и културна манифестација ,,Тиквешки гроздобер” ќе има и вечер посветена на Никола Бадев и филм за Васил Хаџиманов, информираше вечерва кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, објавувајќи ја целосната програма за фестивалот, на својата Фејсбук страница. Манифестацијата ќе трае наредните петок, сабота и недела, на 8, 9 и 10 септември. Активностите стартуваат […]

Резников: Авионите Ф-16 ќе бидат распоредени против Русија до пролет


Украина очекува борбените авиони Ф-16, што треба да и ги испорачаат сојузниците, да бидат оперативни и распоредени против Русија до следната пролет, изјави украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников. Во интервју за украинската државна новинска агенција Укринформ, Резников рече дека пилотите мора да бидат обучени за авионите, а треба да се подготват и инфраструктура, објекти […]

Јавноста бара брза и ефикасна истрага за случајот Онкологија


Гнев во јавноста, страв кај најтешко болните – случајот Онкологија предизвика лавина реакции кај познатите личности, но и кај обичните луѓе. Некои од нив го кажуваат и сопственото искуство што го имале со оваа клиника на која се лекуваат за најтешко болните – оние со малигни заболувања. На социјалните мрежи „врие“ од реакции во кои […]

Спасена свињарската фарма од пожарот кај штипското село Пиперово


Спасена е свињарската фарма од огнените јазици кои се приближуваа до објектот, вели за МИА командирот на ТППЕ- Штип, Дарко Коцев. Во гаснењето на пожарот ангажирани се 15 пожарникари и четири возила, а од воздух дејствува и полицискиот хеликоптер. Коцев посочи дека сега се гаси шума. Според негова проценка зафатени се околу 150 хектари. На […]

Литванија ги шокираше Американците, Шпанија елиминирана од Канада


Кошаркарите на Литванија го приредија најголемото изненадување во досегашниот тек на Светското првенство, нанесувајќи им го првиот пораз на САД со 110-104. Литванија во четвртфиналето ќе игра против Србија, која денеска беше поуспешна од Доминиканската република со 112-79. Пласман во четвртфиналето обезбеди и Италија со триумф над Порторико од 73-57, како и Летонија, која го […]

Драма на небото: Авион принудно слета на аеродромот во Белград, кружеше со спуштени тркала


Авионот кој патувал од Истанбул за Париз слетал на белградскиот аеродром. Сепак, на успешното слетување му претходела вистинска драма на небото, а сведоците на социјалните мрежи споделија снимки од обидот на пилотот безбедно да го приземји патничкиот авион и шпекулираа која би можела да биде причината за драмата на небото. „Се претпоставува дека на еден […]

Вардар 1961 остана без групна фаза во Лига Европа


Ракометарите на Вардар 1961 претрпеа попладнево пораз на реваншот на гостински терен против германски Рајн Некар и останаа без пласман во натпреварите по групи во Лига Европа. Македонскиот тим се најде во невозможна мисија да обезбеди место во групната фаза во второто по ранг европско клупско натпреварување, откако на првиот натпревар во Скопје загуби со […]