Верстапен победи во Монца и постави рекорд во Формула 1


Холандскиот возач во болидот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја забележа денеска рекордната 10. победа во серија во Формула 1, триумфирајќи на патеката во Монца за Големата награда на Италија. За Верстапен ова е 12 победа оваа сезона и вкупно 47 во кариерата, со која ја зголеми предноста во генералниот пласман. Триумфот на Верстапен, воедно, […]

Зеленски и Макрон разговараа за „житниот коридор“, утре во Сочи средба Путин – Ердоган


 Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека денеска телефонски разговарал со неговиот француски колега Емануел Макрон за „начините да се обезбеди функционирање“ на коридорот создаден од Киев во Црното Море, како и безбедна пловидба на товарните бродови, по повлекувањето на Москва од договорот за извоз на жито, пренесе БТА. – Разговаравме за начините да се обезбеди […]

Распишан првиот јавен оглас за мерките 1 и 7 од ИПАРД 3 проектот


Распишан е првиот јавен јавен оглас за мерките 1 и 7 од ИПАРД 3 проектот, наменет за модернизација во земјоделството. Како што информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, мерката 1 е за инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства и мерката 7 за диверзификација на фарми и развој на бизниси. Вкупната вредност за […]

Во Мадрид и други делови на Шпанија прогласен „црвен метео аларм“ поради невреме


Највисоко ниво на метеоролошка тревога е прогласена во шпанскиот главен град Мадрид, во Андалузија и во Кастиља-Ла Манча, поради сиилното невреме и продојните дождови кои ја зафатија Шпанија, јави ДПА. На речиси 10.000 луѓе во каталонскиот град Алканар им е забрането да ги напуштат своите домови поради ризиците од силните бури. На жителите на градот […]

Пожарот во атарот на штипското село Пиперово се шири кон свињарска фарма


Штипските пожарникари во моментов од огнените јазици спасуваат свињарска фарма, која се наоѓа меѓу регионалниот пат Штип-Радовиш кај местото викано  „20-ти километар“ и селото Пиперово. Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев за МИА вели дека сите сили се насочени кон спасување на фармата. -На терен сме 15 пожарникари со четири противпожарни возила. Очекуваме наскоро да пристигне […]

Шумски пожари во атарот на селата Пиперово и Гумалево и општините Штип и Зелениково


 Побарана е воздушна подршка за гаснење на два шумски пожари, првиот на територијата на Општина Штип, во атарот на селото Пиперово, вториот на територијата на Општина Зелениково, во атарот на село Гумалево. Како што информираат од Центарот за управување со кризи, еден полициски хеликоптер и еден Ер трактор на ДЗС се подготвуваат за полетување. 

Иванов домаќин на Форумот за културна дипломатија – Скопје 2023


 Бројни меѓународни претставници меѓу кои пет поранешни претседатели, двајца поранешни премиери, поранешни министри како и повеќе актуелни членови на парламенти ќе учествуваат на Форумот за културна дипломатија-Скопје 2023,  што од 4 до 6 септември ќе се одржи во Скопје, а чиј домаќин е поранешниот претседател Ѓорге Иванов.  Како што соопштија од Кабинетот на Иванов, главниот […]

Битиќи ќе поднесе преставка до Комисијата за заштита од конкуренција заради цените на производите


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најави дека во вторник во Комисијата за заштита од конкуренција лично ќе достави претставка за да се провери дали трговците здружено ги зголемуваат цените на основните прехранбени производи.  – Во вторник во 10 часот ќе одам во Комисијата за заштита од конкуренција да доставам преставка за да почнат да […]

Пробиена првата руска линија кај Запорожје, тврди украински генерал


Украинските сили ја пробија првата и најсилна одбранбена линија во регионот Запорожје, изјави украинскиот генерал Олександр Тарнавски, кој ја предводи контраофанзивата во јужна Украина. Во интервју за „Обсервер“, Тарнавски вели дека по неколкунеделно чистење на земјиштето од мини, пробиена е првата линија и сега се очекува побрз напредок кон втората послаба руска линија на одбрана. […]

Русија со дрон погоди украинско пристаниште на Дунав, Киев го потврди нападот


Руската Армија соопшти дека синоќа извршила напад со дрон врз украинското пристаниште Рени, лоцирано на реката Дунав во јужниот дел на Украина, на границата со Романија, пренесоа француските медиуми. -Синоќа, руските воздухопловни сили извршија групен напад со беспилотни летала врз магацини со гориво што се користи за полнење гориво на воената опрема на украинската армија […]

Франција планира да ги забрани електронските цигари за еднократна употреба


Франција планира да ги забрани електронските цигари за еднократна употреба, изјави денеска француската премиерка Елизабет Борн на радио станицата РТЛ. -Тоа е важно јавно здравствено прашање, рече Борн, додавајќи дека Владата подготвува планови за национална програма за борба против потрошувачката на тутун, за која рече дека е одговорна за 75 илјади смртни случаи годишно во […]

Ковачевски верува дека нема да фалат пратеници за уставните измени


Премиерот Димитар Ковачевски верува дека пратениците ќе го поддржат евроинтегративниот процес на државата и дека нема да фалат пратеници за изгласување на уставните измени. Ковачевски денеска повтори дека двотретинското мнозинство е потребно за понатамошното продолжување на евроинтегративниот процес на земјава. – Пратеници не и требаат на Владата или на мене. За да бидете претседател на […]

Невреме во Анкара: Улиците под вода, проблеми во сообраќајот


 Силно невреме со пороен дожд денеска ја погоди турската престолнина Анкара, по што некои делови од градот се поплавени. Големите количества вода најмногу проблеми создадоа во квартовите Бешевлер и Сихије. Сообраќајот е во прекин, а улиците и плоштадите се под вода. Градските служби се на терен и ги расчистат одводите. Невреме со пороен дожд денеска […]

Поради африканската чума нема да поскапи свинското месо, уверува директорот на АХВ


Нема да се појави недостаток на свинско месо во земјава, по случајот со „афринската чума“ на најголемата фарма во Општина Карбинци, во којашто треба да се уништат 9.000 свињи, изјави денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски. Одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на ИПАРД 3 Програмата, Бабовски посочи дека со уништувањето […]

Ковачевски за случајот Онкологија: Секој криминал има име и презиме


Премиерот Димитар Ковачевски денска изјави дека ја поддржува акцијата која што ја спроведува МВР и Обвинителството за расчистување на случајот Онкологија по објавените информации за злоупотреба и преподажба на скапа терапија за малигно болните, како и дека нема да има било какви интервенции во однос на заштита на било кого бидејќи, како што посочи, станува […]

Стартува ИПАРД 3 програмата: Нови 97 милиони евра за модернизација на македонското земјоделство


Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјодлество, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска го означија почетокот на новиот ИПАРД 3 проект за модернизација на земјоделството во вредност од 97 милиони евра. Премиерот Ковачевски во своето обраќање посочи дека целта на оваа програма е многу поголема реализација и целосна искористеност на средствата кои ЕУ ги одвојува […]

Роналдо го постигна 850. гол во кариерата


Португалецот Кристијано Роналдо беше стрелец и двоен асистент во вчерашната победа на Ал Наср над Ал Хазема од 5-1 во саудиската Про Лига, а со постигнатиот гол стана првиот фудбалер во историјата, кој постигнал 850 официјални голови во кариерата. -850 голови во кариерата и одиме понатаму!, напиша 38-годишниот Роналдо на социјалните мрежи. Роналдо сезонава во […]

Од ноќеска дожд и северен ветер


Под влијание на влажен бран во ноќните часови и утре времето ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и повремено проследени со грмежи. Ќе дува засилен северен ветер (над 60км/ч.) што ќе услови значително намалување на дневната температура за пет до осум степени. Во вторник […]

Голем пожар избувна во хангар во Санкт Петербург


Голем пожар избувна денеска на североистокот на Санкт Петербург, во хангар со површина од 800 метри квадратни. Пожарот избувнал во хангар на Пискаревскиот проспект во Санкт Петербург, соопшти прес-службата на регионалното Министерство за вонредни состојби, пренесува РИА Новости. Како што соопштија од Министерството, во гаснењето на пожарот учествуваат 60 пожарникари со 12 возила. Според првите […]

Јермак: Уништувањето на рускиот воено-индустриски комплекс е меѓу клучните фактори за крајот на војната


Еден од клучевите за завршување на војната и за зачувување на светскиот поредок е уништувањето на рускиот воено-индустриски комплекс, напиша на Телеграм, Андриј Јермак, шеф на канцеларијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски. -Руските терористи продолжуваат да ја напаѓаат пристанишната инфраструктура со надеж дека ќе успеат да предизвикаат криза со храна и глад низ целиот свет. […]