Драма на небото: Авион принудно слета на аеродромот во Белград, кружеше со спуштени тркала


Авионот кој патувал од Истанбул за Париз слетал на белградскиот аеродром. Сепак, на успешното слетување му претходела вистинска драма на небото, а сведоците на социјалните мрежи споделија снимки од обидот на пилотот безбедно да го приземји патничкиот авион и шпекулираа која би можела да биде причината за драмата на небото.

„Се претпоставува дека на еден од патниците му се слошило или дека се работи за помал дефект“, изјави за Телеграф.рс извор запознаен со деталите за настанот.

Авионот наводно бил над Темишвар кога решил да скршне од курсот.

„Врз основа на сликата од радарот, се чини дека се е нормално“, рече изворот на Телеграф.

Авионот претходно направил круг над Нови Сад, а потоа се вратил во Белград, но при првиот обид не успеал да слета.

Откако го прелетал поширокото подрачје на Белград, свртел над Шимановци и успешно слетал. Цело време тркалата беа спуштени, пренесува Дневник.хр.

Несекојдневната драма што се одвиваше денеска над небото на Белград заврши откако авионот на релација Истанбул-Цирих мораше принудно да слета на меѓународниот аеродром „Никола Тесла“, а причина за слетувањето е трудница која била во два месеца од бременоста и имал крварење, неофицијално дознава „192_рс“.

Аеродромот „Никола Тесла“ за „Блиц“ соопшти што точно се случило.

– Летот на Туркиш ерлајнс на линијата Истанбул-Цирих принудно слета во Белград во 14 часот и 45 минути поради медицински причини. Сите надлежни аеродромски служби реагирале во најкус можен рок, а грижата за патникот на кој му е потребна лекарска помош е во тек. Во меѓувреме, патниците се во авионот, каде чекаат дополнителни информации од авиокомпанијата за продолжување на патувањето до нивната дестинација – велат од аеродромот за „Блиц“.

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 192.RS (@192_rs)