Двајца браќа брутално претепале возач заради недоразбирање во сообраќајот


Основното јавно обвинителство – Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа на возраст од 39 и 42 години, поради основано сомнение за сторено кривично дело – Тешка телесна повреда по член 131 од Кривичниот законик. Како што информираат во Обвинителството, на 12 август, двајцата осомничени со умисла нанеле тешки телесни повреди врз […]

МТСП: Сите барања на пензионерите ќе бидат разгледани


Министерството за труд и социјална политика, по денешната средба со претставници на Иницијативниот одбор на пензионери на Македонија, информира дека сите барања кои им биле доставени ќе бидат разгледани и заедно во дијалог со Сојузот на пензионери ќе се креираат понатамошните политики и мерки за пензионерите со посебен акцент на оние со пониски пензии, а […]

Атина уверува дека грчкото судство ќе постапи објективно во случајот со хрватските навивачи


Уверување дека „независното грчко судство ќе постапи објективно, непристрасно и врз основа на почитување на основните права на притворениците“ во случајот со хрватските навивачи, му изразил министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис на неговиот хрватски колега Гордан Грлиќ-Радман, брифирале грчки дипломатски извори за медиумите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Според […]

Благој Нацоски е нашиот амбасадор на културата : 30 години од дипломатските односи помеѓу Македонија и Италија


Во саботата, на 12 август, нашиот реномиран тенор кој живее и работи во Италија, Благој Нацоски одржа концерт, втор годинава во Италија од ваков тип, со атрактивна македонска програма. Се одржа во Сан Квирино ди Порденоне, по негова иницијатива, а во чест на 30 годишнината од дипломатските односи помеѓу Македонија и Италија. Публиката имаше можност […]

Данела Арсовска бара од Курти да именува улица „Тодор Александров“ во Приштина


Градоначалничката Данела Арсовска денеска до Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за враќање на името на улицата „Втора македонска бригада“, што претходниот состав на советот ја променил во „Адем Демачи“, а за што Владата дала согласност за промена. За ова денеска информираат од кабинетот на Арсовска. – Ги повикувам сите советници во Советот на Град […]

Во српски праски откриено високо ниво на пестицидот хлорпирфос


Пратка со српски праски е вратена од хрватска граница во Србија откако е утврдено високо ниво на пестицидот хлорпирфос, објави Европска комисија. Опасната пратка ја пријави Хрватска, но не се наведени детали за конкретната опасност, само е посочено дека товарот од Србија е потенцијално ризичен. На 7 јули Словенија вратила праски во Србија поради присуство […]

Абдиџику: Ветувањата на Курти за патот Призрен-Тетово се „петпаречки муабети“


Лидерот на опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), Љумир Абдиџику ги нарече „петпаречки муабети“ ветувањата на косовскиот премиер, Албин Курти за започнување на изградбата на патот кој треба да ги поврзе Призрен во Косово со Тетово во Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина. На неговата страница на Фејсбук, Абдиџику напиша дека Владата на […]

Италијанската бизнис династија Ањели влегува во сопственичката структура на холандскиот див „Филипс“


  Холандскиот технолошки гигант „Филипс“, кој во последните години целосно се посвети на производство на медицинска технологија и електронски уреди за лична хигиена, добива нов стратешки сопственик. Познатата италијанска династија Ањели склучила стратешко партнерство со него, по што во првата фаза презеле 15 отсто од компанијата. Преку холдинг компанијата „Ексор“ (Exor), една од најголемите компании […]

Зошто Илон Маск го уништува Твитер?


Дом Лукре, истакнат десничар и следбеник на Трамп, познат по ширењето теории на заговор, твитна снимка од злогласното видео за експлоатација на деца на 22 јули – наводно за да разоткрие некој кој веќе бил кривично гонет и осуден за поседување на прикажаниот материјал. Тимот на Твитер за сексуална експлоатација на деца ги отстрани видеата […]

Ал Хилал ќе плати за Нејмар 150 милиони евра годишно за ПСЖ 100 милиони за трансферот


Париз – Нејмар ќе добие шест пати поголема плата во Ал Хилал отколку во Пари Сен-Жермен. Претходно се дозна дека Бразилецот го комплетира трансферот во саудискиот клуб. Според „Sky Sports“, ПСЖ за трансферот ќе добие 100 милиони евра. Самиот Бразилец ќе добива 150 милиони евра годишно – шест пати повеќе отколку во ПСЖ. Новинарот Кавех […]

САД со поддршка од над четири милиони долари за борба против корупцијата


Соработката во рамки на Стратешкиот дијалог со САД, забрзување на реформските процеси во земјава и борбата против корупцијата, беа во фокусот на средбата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи со американската амбасадорка во Северна Македонија Анџела Агелер. На средбата, како што соопшти МНР, стана збор за соработката во рамки на Стратешкиот дијалог, при што […]

Словенечката Влада го прогласи денешниот ден за Ден на солидарност за помош на поплавените


Љубљана – Словенечката Влада денеска одлучи да го прогласи 14 август за Ден на солидарноста, кога граѓаните ќе добијат слободен ден за да помогнат на погодените од поплавите. Објавувајќи ја одлуката, премиерот Роберт Голоб рече дека земјата сака да го заврши тешкиот период во духот на солидарноста, јави СТА. Тој додаде дека луѓето ќе добијат […]

Опасен курс на Балканот, а Берлин молчи


Берлин – За Балканот пишуваат три германски медиуми: „Франкфуртер алгемајне“ за „најдобрите пријатели на Путин“, „Тагесцајтунг“ за „пропаднатата стратегија“ на САД и ЕУ и „Берлинер цајтунг“ за „доминацијата на Србија“ што „мора да се скрши“. Русија во Европа може да се потпре на тројца сојузници, пишува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“: „Во земјата-членка на ЕУ, Унгарија, земјата кандидат […]

Велешанецот со хеморагична треска рибарел покрај Вардар, можно е да бил каснат од крлеж


Пациентот од Велес, кој е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести како трет случај со потврдена конго-кримска хеморагична треска, рибарел покрај Вардар, па можно е болеста да ја добил од каснување на крлеж или друг инсект. Ова во изјава денеска го кажа д-р Милена Стевановиќ, директорката на Клиниката. Таа информира дека во саботата вечер, пациентот […]

Оваа билка е многу повеќе од пријатна арома: Го подобрува варењето и е одличен борец против вирусите


Дали обично додавате копар во јадењата поради неговата фина арома или кога сакате да ги ублажите дигестивните проблеми? Но, ова растение е многу повеќе од зачин. За тоа знаеле старите народи, како старите Египќани, Грци и Римјани, за кои мирото не било само зачин и симбол на богатство, туку и лек. Со илјадници години овој […]

Филмот не е уметност ако вештачката интелигенција ги пишува сценаријата


Сараево- Режисерот и сценарист Чарли Кауфман смета дека филмот не може да биде уметност ако се занимава со продажба на производи, дека употребата на вештачка интелигенција не може да му даде хуманост и дека вистинските творци мора да избегаат од системот на филмското студио. Оскаровецот Кафуман, кој денеска учествува во програмата „Мастерклас“ на Сараевскиот филмски […]

14 август во историјата – Русите ја населуваат Алјаска


  На островот Кодијак, Григориј Шелихов, руски трговец со крзно, на 14 август 1784 го основа Заливот на тројца светци, првата постојана руска населба во Алјаска. Европското откритие на Алјаска дојде во 1741 година, кога руската експедиција предводена од данскиот морепловец Витус Беринг го забележа копното на Алјаска. Руските ловци наскоро навлегоа во Алјаска, а […]

Нови цени на горивата, поскапуваат за денар ипол


Од полноќ поскапуваат бензините, дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за денар ипол, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Според оваа одлука, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 86,50 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 88,50 ден/лит, а дизелот ќе се продава по цена од 81 ден/литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло […]

Американец стана милионер преку ноќ: Под своето поле со пченка нашол 800 златници


Човек од американската сојузна држава Кентаки стана милионер преку ноќ, откако на своето поле со пченка пронашол ретки златни монети од времето на американската Граѓанска војна (1861 – 65), за коишто се проценува дека вредат милиони долари. Тој ископал повеќе од 800 кованици што датираат од 1840 до 1863 година. Видеоснимка од откритието објави „Говминт“ […]

Стевановиќ: Пациентот позитивен на конго кримската хеморагична треска е хоспитализиран и во добра општа состојба


Пациентот е хоспитализиран кај нас и е во добра општа состојба. Тој пет дена наназад се жалел на покачена температура, главоболка и на мускулно-зглобни болки, поради што и побарал лекарска помош. Ја следиме неговата состојба, изјави денеска директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ, во врска со четириесет и двегодишен велешанец, кој е трет случај на […]