Мојот страв и омраза


Веќе долго време сакав да пишувам за ова. Па, нека биде првиот пост по новата пресуда. Практично исповед. Треба да ја надминам оваа омраза и страв, можеби ќе ми помогнете со ова. Омраза. Луѓето секогаш прашуваат многу за ова, и повторно писмата одеа: добро, дали го мразиш судијата? Дали го мразиш Путин уште повеќе? И […]

Градежниците во првите шест месеци од годинава договориле работи во странство во вредност од 198 милиони денари


Во првите шест месеци од годинава македонските градежни компании договориле градежни работи во странство во вкупна вредност од 198,286 милиони денари што е за 44,2 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари − јуни 2023 година, македонската градежна оператива во странство извршила […]

Фон Крамон: Нема политичка волја ниту во Србија, ниту во Косово за спроведување на договорите


Европратеничката Виола фон Крамон изјави дека не гледа политичка волја ниту во Србија, ниту во Косово за спроведување на постигнатите договори за нормализирање на односите меѓу двете земји. „Не гледам политичка волја во ниту една од земјите за спроведување на договорите. Добро е Косово повеќе да се фокусира на себе и да ги исполни своите […]

Се буди ли проектот „Бехтел и Енка“: Се бараат работници, ќе се гради камп…


  Проектот на векот, како што беше наречена изградбата на автопатските делници на коридорите 8 и 10д, како повторно добива на динамика, откако конзорциумот „Бехтел и Енка“ за утре во Гостивар најави прв „Саем за вработување“, како и информацијата ден претходно дека за потребите на проектот ќе се гради голем работен камп за вработените. Значи […]

Висар Ганиу и Билал Касами повикани од полицијата за посетата на Курти


Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, денеска бил повикан на разговор во полициската станица „Бит Пазар“ каде што бил информиран дека добил две прекршочни казни во врска со организацијата на посетата на косовскиот премиер, Албин Курти, во Чаир. – Околу 13 часот и 30 минути бев поканет од началникот на полицијата „Бит Пазар“ да дојдам […]

Работна група ќе предложи решенија за утврдување минимална пензија и за други мерки за поддршка на пензионерите


Формирање работна група што ќе предложи решенија кои ќе бидат одржливи во однос на утврдување на износот на минимална пензија, но и за други видови пакети мерки за помош и поддршка на пензионерите. Ова било заклучено на денешниот состанок на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска со Сојузот на здруженија на пензионери на […]

Пленковиќ контра Милановиќ за хулиганите: Не отидоа таму за туризам!


Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска го коментираше апсењето на хрватските навивачи во Грција, кои предизвикаа немири во Атина при што беше убиен еден грчки државјанин а повеќемина беа повредени. Тој нагласи дека грчката полиција била предупредена дека доаѓа група луѓе, кои очигледно ќе се судрат со навивачите на АЕК. „Спортско навивање да, но хулиганство не. Жал […]

Тројца Бугари приведени во Велика Британија, осомничени за шпионажа во корист на Русија


Лондон – Тројца бугарски државјани осомничени за шпионирање во корист на Русија се приведени во Велика Британија во рамки на широка безбедносна истрага, јави денеска Би-Би-Си. Тројцата осомничени беа уапсени во февруари и оттогаш се во притвор. Се вели дека работеле за руските безбедносни служби. Тие беа обвинети дека поседувале лични документи кои имале намера […]

Панорама на македонската поезија пишувана од жени во фокусот на 35. Поетска ноќ во Велестово


Годинешното 35-то јубилејно издание на интернационалниот поетски фестивал Поетска ноќ во Велестово ќе се одржи од 18-ти до 20-ти август на повеќе локации во Велестово и во Охрид, а учество ќе земат 30-ина поети и уметници од пет земји. Годинава, како што наведуваат организаторите, во фокусот ќе биде македонската поезија пишувана од жени и во […]

МЗ: Беким Сали ја крие вистината од јавноста


Беким Сали е последен што смее да каже било што за мандатот и неговата работа како министер за здравство, а уште помалку да манипулира за случајот со модулатните амбуланти. Во својот краток мандат Сали не реши ниту едно од отврените прашања поврзани со амбулантите, не изврши ниту една набавка за лекови навремено заради што страдаат […]

Петличковски: Тaму каде што има најмногу крлежи ќе се прави дезинсекција, место за паника – нема


Нема место за паника, апсолутно ниту е потребна, ниту е продуктивна на некој начин, изјави претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски, во врска со конго-кримската хеморагична треска од која во земјава се регистрирани три случаи.   По состанокот инициран од министерот за здравство Фатмир Меџити, во кој освен членовите од Комисијата за заразни болести […]

„50 испеани приказни“ од Александар Русјаков добитник на „Антево перо“ за 2023 година


Стихозбирката „50 испеани приказни“ од Александар Русјаков ја доби наградата „Антево перо“ за 2023 година. На конкурсот за наградата годинава пристигнале 73 стихозбирки, а покрај наградената поетска книга, во потесен избор за наградата биле и „Монолог на пирејот“ на Љубинка Донева, „Болопадание“ на Милена Сиљаноска, „Сновиденија“ од Кирил Ангелов, „Координати на болката“ од Александра Спасеска […]

Казната од осум години затвор за сообраќајката во Велес – највисока досега за вакво дело


Изречената казна затвор од осум години за сообраќајна незгода со смртни последици во предметот на Основниот суд Велес, со која 18-годишната затворска казна е намалена, претставува досега највисока изречена казна затвор за ваков вид кривични дела во изминатите пет години, покажува анализата на Апелационен суд Скопје, направена по сопствена иницијатива. Апелациониот суд Скопје информира дека […]

Поранешниот министер Беким Сали бара одговорност за модуларната болница во Тетово


  Поранешниот министер за здравство, Беким Сали (Алтернатива) денеска изјави дека кога ја презел функцијата во септември 2022  побарал интерна ревизија за договорот за модуларните болници кои се користат како амбуланти, а на 25 јануари годинава извештајот бил финализиран и добил препорака Министерството за здравство да го раскине договорот со фирмата изведувач – „Брако“, бидејќи […]

Советник од партијата на Курти уапсен во Тирана за шверц на дрога


Член на Советот на општина Приштина од редовите на владејачката партија на премиерот Албин Курти е еден од петмината уапсени денеска во Тирана при обид од Косово во Албанија да прошверцуваат наркотични средства во вредност од неколку стотици илјади евра, јави дописникот на МИА од Приштина. Кај советникот од редовите на партијата Самоопределување (ВВ), Бесник […]

Тимот на „Лајка“ спаси куче заглавено на 11 спрат


По пријава од граѓани дека има заглавено куче на 11-ти спрат во објект во изградба, тимот на ЈП „Лајка“ се качија во зградата за да го спасат кучето. Според сведочењата од граѓаните, кучето било заглавено повеќе од четири дена. -Кучето е сега во нашето прифатилиште каде ќе го помине хуманиот третман и ќе вложиме напори […]

Декларацијата за Илинден и ужасот на македонската политика


  Македонската политика одамна се претвори главно во борба со соопштенија на двете најголеми партии, наместо во идеолошки и програмски определби. Со по дузина соопштенија дневно од двете страни тие ја измачуваат македонската јавност. Како што е и последниот пример околу декларацијата за Илинден. Ја доставила СДСМ или не најавената декларација за Илинден до Собранието; […]

Фатон Ахмети поднесе оставка на функцијата директор на ФЗО


Фатон Ахмети од ДУИ  поднесе оставка од функцијата директор на Фондот за здравствено осигурување. Во порака на фејсбук до сопартијците тој  рече дека продолжува со нови задачи во партијата. „Денеска поднесов оставка од функцијата генерален директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.Ви благодарам за поддршката и плодната соработка при извршување на ова […]

Беса: Државниот врв е хистеричен, Албанците институционално се понижуваат


Движењето Беса, место да се извини за националистичкиот собир, обвинува дека македонските државни институции реагирале хистерично на посетата на албанскиот премиер Албин Курти, дополнета со доза на етнонационализам што било неприфатливо и против соработка за добрососедство. Од Беса не одговараат дали за нив е прифатливо веењето на знамето на голема Албанија и тврдат дека Курти […]

Никој не сака да го преземе телото на убиецот од Градачац


Никој , дури ни неговиот татко, не сака да го преземе телото на Нермин Сулејмановиќ, кој во петокот на 11 август уби три лица во Градачац, а потоа се самоуби. Негови познаници за новинарите на „Аваз“ во Градачац изјавиле дека таткото на Нермин Сулејмановиќ рекол: „ Не ме интересира тоа г***о“. Сулејмановиќ ја уби својата […]