Французите „шампиони“ за најдолг престој на трпезата


Париз – Французите се „прваци“ за најдолго уживање во храната, оброкот и трпезата. Веднаш зад Франција се Италија, Грција и Шпанија со неколку минути помалку. Времето што еден Французин во просек го минува на маса во денот е два часа и 13 минути – имајќи ги предвид само ручекот и вечерата. За споредба, следејќи ги наводите, […]

Српски државјанин помогнат од македонски цариник криумчарел злато на скопскиот аеродром


  Поднесен е обвинителен акт од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје против српски државјанин со турско потекло за криумчарење, како и против македонски царински службеник кој е обвинет дека му помогнал при извршувањето на делото. Од Јавното обвинителство известуваат дека обвинетиот на 20 март пристигнал на скопскиот аеродром со лет од Истанбул […]

Првиот трејлер за „Маестро“: Како Бредли Купер се трансформира во Леонард Бернштајн 


Нетфликс го откри првиот официјален трејлер за „Маестро“, вториот режисерски обид на Бредли Купер во кој актерот го глуми славниот диригент Леонард Бернштајн. Биографската романса, која Купер, исто така, ја напиша и продуцираше, го прикажува животот на познатиот диригент и композитор со фокус на неговиот бурен 25-годишен брак со Фелисија Монтеалегре. Наспроти Купер, глуми актерката […]

Украина ги испрати последните големи резерви да го пробие фронтот кај Запорожје


  Вооружените сили на Украина испраќаат резерви во битка за да ја пробијат руската одбрана во регионот Запорожје и да напредуваат кон Мелитопол, пресекувајќи го „копнениот мост кон Крим“. Според „Форбс“, 82. воздушна јуришна бригада на вооружените сили на Украина, која брои две илјади луѓе, опремена со британски тенкови „Челинџер“, како и пешадиски борбени возила […]

Нов вид перуанска змија наречена по Харисон Форд


Познато е дека Индијана Џонс не поднесува змии, но Харисон Форд, актерот кој го портретира славниот археолог авантурист, сега има вистински рептил кој го носи неговото име. Новопронајден вид змии во Перу го доби името Tachymenoides harrisonfordi во чест на актерот и неговото залагање за животната средина. Тој има и мравка и пајак наречени по него. Форд, […]

Топ 10: Најплатените фудбалски ѕвезди играат во Саудиска Арабија


За сè е „виновен“ Кристијано Роналдо кој минатата зима го засили Ал-Наср, а по него почнаа да доаѓаат Карим Бензема, Нејмар, Садио Мане, Џордан Хендерсон.. Некогаш на фудбалскиот трансфер пазар патиштата водеа кон италијанската Серија А, англиската Премиер лига, а сега најголемите фудбалски ѕвезди се насочуваат кон – Саудиска Арабија! Саудијците ги купуваат најдобрите, најголемите, најскапите фудбалери. Купуваат вистински фудбалски ѕвезди кои […]

Инфлацијата во Велика Британија е меѓу највисоките во Западна Европа


 Инфлацијата во Велика Британија во јули се забави на 6,8 отсто на годишно ниво, што е во согласност со очекувањата и со најниската годишна стапка на инфлација во таа земја од февруари 2022 година, покажаа денеска објавените податоци. За споредба, во јуни годишната стапка на инфлација изнесуваше 7,9 отсто. Така, инфлацијата продолжи да забавува во […]

Викендов температура до 39 степени Целзиусови


Под влијание на топла воздушна маса во следните денови времето ќе биде претежно стабилно со пораст на дневната температура, која од четврток до недела во најголем дел од земјава ќе надминува 35 степени. Викендов во некои делови од земјава температурата ќе достигне до 39 степени Целзиусови, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според податоците на […]

Бугарската вицепремиерка е милионерка


  Зачувани 1.161.058 лева на банкарски сметки на државата пријавила вицепремиерката и министерка за надворешни работи Марија Габриел. Премиерот Николај Денков има само 22.348 лева лични средства во банкарски депозити, покажуваат нивните пријави на имотната состојба.  Премиерот Денков и неговата сопруга лани купиле нов стан за 286.608 лева во Софија и гаража за 35.826 лева. […]

Руди Џулијани во финансиска бездна бранејќи го Трамп


  Руди Џулијани гледа во стотици илјади долари во правни сметки и санкции поради бројните тужби покрај новите кривични пријави – поврзани со неговата работа за Доналд Трамп по изборите во 2020 година. На суд во понеделникот, поранешниот градоначалник на Њујорк рече дека правниот проблем го оставил практично без готовина. Се чини дека дури и […]

(Видео) Моментот кога украинскиот дрон „Морско бебе“ го нападна рускиот мост кон Крим


  Украинските безбедносни служби објавија ексклузивна снимка на Си-Ен-Ен на која се гледа моментот во јули кога тие користеа експериментален морски дрон за да го нападнат рускиот мост кон анектираниот Крим, давајќи нови детали за нападот и предупредувајќи дека ќе следат уште такви напади. Ова е прв пат Службата за безбедност на Украина (СБУ) отворено […]

Пијани туристи заспале на Ајфеловата кула, утрото биле евакуирани со кран


Двајца американски туристи биле заклучени на Ајфеловата кула во Париз. Причината е што се опијаниле и заспале, пренесува BBC повикувајќи се на податоци на француското обвинителство. Двајцата мажи биле пронајдени од обезбедувањето во раните утрински часови. Тие се искачиле на кулата околу 22.40 часот во неделата, но не можеле да се симнат на време. Туристите […]

Ганиу не верува дека советниците Албанци ќе гласаат за бришење на името „Адем Демачи“


Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, за ТВ21 изјави дека не верува дека советниците Албанци би имале храброст да гласаат за враќање на старото име на преименуваната улица во Адем Демачи.За да помине оваа иницијатива, според Ганиу, треба да има двојно гласање, односно да гласаат и советниците Албанци. -Овие измени мора да се случат во […]

Филмот „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски ќе биде дистрибуиран на територијата на САД


Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција – Скопје ќе биде дистрибуриран на територија на САД, преку компанијата Focus Features. Universal Pictures ќе биде интернационален дистрибутер на филмот за останатите територии, додека продажните агенти на филмот New Europe Film Sales од Полска ќе […]

(Видео) Кинеска вежба за согорување на салото околу стомакот


Кинеската вежба за слабеење која ги освои сите на социјалните мрежи – помага да се ослободите од салото на стомакот! Секоја година се појавуваат нови трендови во фитнесот, а во ерата на социјалните мрежи на „ТикТок“ и „Инстаграм“ постојано се појавуваат нови предизвици и техники. Така оваа сезона постои популарна вежба наречена „Кинески согорувач на […]

Кавадарци им нуди на невработените општинско корисна работа и други ангажмани


Општина Кавадарци денеска објави јавен повик, евидентирани невработени лица да се вклучат во програмата за Општинско – корисна работа, лични асистенти за средношколци со попреченост, информираа од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.  Активностите се врз основа на договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина […]

Тренчевска: Од септември ќе нема минимална пензија под 13.300 денари


 Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска очекува до крајот на годината да се изнајде решение за дефинирање на мининамланата пензија, преку дијалог во работната група во која ќе има номинирано претставници од Министерството за труд и социјална политика, Здружението на пензионери и од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Тренчевска посочи дека на […]

Џејмс Бонд 26: Сè што знаеме, од можниот датум, до режисерот


Бонд 26, кодното име за 26-тиот филм од 60-годишниот филмски серијал за Џејмс Бонд, сè уште не е официјално објавен, но неговото објавување е неизбежно како 007 уживајќи во своето мартини протресено и непромешано. Ко-сопственикот на Бонд, МГМ, беше купен од Амазон во 2022 година, а долгогодишниот продуцент на 007 Мајкл Г Вилсон ги уверуваше […]

Нашите најсакани и најомразени политичари


Најпопуларен политичар кај мнозинството Албанци во Македонија е премиерот на Косово Албин Курти. Кај најголемиот број Македонци претседателот на Србија Александар Вучиќ е најсаканиот лидер и пријател. Овие два волка, тоа и на двајцата им значи презимето курт и вук, ја есапат Македонија како Црвенкапа. Румен Радев, претседателот на Бугарија, кој се претставува како ловџијата кој ја присвојува […]

Кавадарчанец и пуштал порнографија на својата шестгодишна ќерка


Јавното обвинителство бара 30-дневен притвор за кавадарчанец кој се сомничи дека на сопствената шестгодишна ќерка и пуштал порнографска содржина и вршел полови дејствија. Како што соопшти ОЈО, донесена е Наредба за спроведување истражна постапка против 42-годишник за кого постои основано сомнение дека подолг временски период вршел други полови дејствија спрема неговата ќерка родена во 2016 година. […]