ЈП „Дрисла“: На општините Аеродром и Кисела Вода договорите им се истечени во март годинава


Јавното претпријатие депонија „Дрисла“ – Скопје преку соопштение информира дека општините Аеродром и Кисела Вода немаат потпишано договор со нив и оти нивниот договор е истечен во март годинава.  – Ги замолуваме градоначалниците од општина Кисела Вода и општина Аеродром да бидат поодговорни кога даваат изјави и да престанат безочно да лажат, особено поради тоа […]

Без вода дел од Визбегово, индустриската зона и центарот за дијализа


Поради уличен дефект на „Јадранска Магистрала“ бб, во близина на Комодита, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Индустриска зона Визбегово, вклучително центарот за дијализа „Диаверум“. Од ЈП Водовод и канализација –  Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:45 часот до завршување со санација на дефектот.

Сто мигранти чекаат да бидат спасени од карпест брег на Пелопонез


Од доцна синоќа во тек е акција на крајбрежната служба на Грција за спасување на бегалци и мигранти во близина на Пелопонез, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, станува збор за група од околу 100 лица, кои се наоѓаат на карпестиот брег каде што пристигнале од едрилица.

Заштитата на новинарите и природата и странското влијание меѓу темите на јунската сесија на ЕП


Брисел – Заштита на новинарите и активистите во Европската унија од неосновани и навредливи правни постапки е една од точките на дневниот ред на сесијата на Европскиот парламент што почнува денеска во Стразбур. Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, европратениците денеска ќе дебатираат за новите правила за заштита на новинарите, медиумските организации, […]

Мечот Ѓоковиќ – Хуркач ќе продолжи денес


Натпреварот од четвртото коло на Вимблдон меѓу Србинот Новак Ѓоковиќ и Полјакот Хуберт Хуркач ќе се доигра денес. Мечот синоќа беше прекинат поради паѓање мрак по вториот сет. При прекинот Ѓоковиќ има водство со 2:0, по сетови 7:6 (8:6) и 7:6 (8:6). Времето кога ќе продолжи средбата ќе биде објавено подоцна во текот на денот. […]

Најавен првиот хрватски филм делумно напишан од ВИ


Загреб- Во Хрватска за догодина се подготвува филм најавен како „пионерски потфат на хрватската независна филмска продукција“ во контекст на светскиот тренд во кинематографијата. Станува збор за проектот „БЕТА“, кој ќе се снима на почетокот на 2024., а ќе биде прикажан до крајот на таа година. Како што соопштуваат продуцентите, тоа е првиот долгометражен игран […]

Шестмина загинати во напад на градинка во Кина


Шест лица загинаа, а едно е повредено денеска во напад на градинка во Лианџијанг на југот на Кина, соопштија локалните власти. Меѓу седумте жртви има „наставник, двајца родители и тројца ученици“, додека осомничениот за нападот е уапсен, соопштија локалните власти, додавајќи дека детали за идентитетот и возраста на жртвите и видот на оружјето што е […]

Трансродова манекенка прогласена за Мис на Холандија


Рики Валери Кол е избрана за Мис на Холандија за 2023 година. Оваа дваесет и двегодишна девојка ќе ја претставува Холандија на 72. избор за Мис на светот во Ел Салвадор, а Рики исто така испиша историја, со тоа што беше првата трансродова жена што ја освои оваа национална титула во Холандија, пишува TMZ. И […]

Косовската криза меѓу европскиот план и седницата на Советот за безбедност на ОН


Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, рече дека кога е во прашање ситуацијата на северот на Косово, потребно е единство, фокусирање на деескалација и изнаоѓање остварливи решенија. Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар вели дека европскиот план за решавање на косовското прашање е добар и не […]

Премиера на перформансот „Лиминално тело“ во МКЦ


Во Младинскиот културен центар во Скопје вечер ќе се одржи премиера на перформансот, кој е всушност вториот циклус од танцовиот проект Танц. Трансформатор – Реобмислување на локалната танцова заедница, реализиран од Битрикс Културен Центар, преку „Платформа Битрикс“, а е поддржан од Swiss Agency for Development and Cooperation (SDC). Поточно, од 20 јуни до 10 јули […]

Стрипот „Алан Форд“ промовира македонско вино во најновата епизода


Најновата епизода на култниот стрип „Алан Форд“ содржи промоција на македонското  вино, која допира до публиката од речиси сите држави на бивша Југославија. Во епизодата насловена „Лудост“, јунаците решаваат интриги во измислената европска микродржава Баронство Баварија, која е слична на Кнежевството Лихтенштајн. Во еден момент, еден од ликовите, со цел да натера локален поп – […]

Милена Илиќ на преведувачка резиденција во Скопје, ќе работи на превод на книга од Ѓорѓи Крстевски


Во рамки на резиденцијалната програма на издавачката куќа „Готен“, поддржана од европската мрежа за превод и книги „Традуки“, на преведувачка резиденција во Скопје во јули престојува Милена Илиќ. Милена Илиќ е родена 1978 година во Белград. Дипломирала на Катедрата за книжевност на Филолошкиот факултет во Белград. Пишува песни и кратки раскази и преведува од македонски […]

EУ ќе ја разгледува Одлуката за макрофинансиска помош за земјава 


Брисел – Одлуката за обезбедување макрофинансиска помош за Северна Македонија во износ до 100 милиони евра за справување со последиците предизвикани од руската агресија врз Украина, е една од точките на дневниот ред на денешната седница на Советот за општи работи (ГАК) на ЕУ во Брисел. Предлог-одлуката, усвоена од страна на Европската комисија на 6 февруари […]

Бред Пит снима филм за Ф1 на „Силверстоун“


Лондон– Бред Пит е забележан во костим на британската патека „Силверстоун“ вчера пред „Гранд-при“ трката во Формула 1, каде се снимале сцени од неговиот претстоен филм за овој спорт. Холивудската ѕвезда и неговиот колега Демсон Идрис беа во бело-црни тркачки костими од измислениот тим „Еј-пи-екс-џи-пи“ (APXGP), меѓу вистинските Ф1-возачи кај патеката во Нортемптоншир. А пак, […]

Елтон Џон во Стокхолм го одржа својот последен концерт- повеќе од 50 години на сцена, речиси 4.600 концерти


Стокхолм- Еден од најпопуларните кантавтори на сите времиња, Елтон Џон, викендов, ја заврши својата маратонска проштална турнеја во Стокхолм со еден од неговите најголеми хитови – Goodbye Yellow Brick Road. 76-годишниот музичар им порача на своите милиони обожаватели дека ќе останат во неговата „глава, срце и душа“. Во спектакуларната кариера долга 50 години, тој изведе […]

Пред летните одмори, цените на автобуските билети за во странство се вивнаа до небо [инфографик]


Граѓаните се приморани да плаќаат повисоки цени на меѓународните автобуски билети за време на летните одмори. И покрај тоа што цената на дизелот во моментов чини околу 70 денари за литар, дел од автобуските компании ги покачија цените на билетите за патување во странство. Македонија нема меѓународен железнички превоз веќе неколку години, така што граѓаните […]

Италија ќе го укине воздушното ембарго за либиските авиони


Триполи– Воздушните врски меѓу Либија и Италија ќе бидат обновени наесен по пауза од речиси десет години, соопшти денеска либиската Влада. – Италијанската Влада не информираше за својата одлука да го укине воздушното ембарго наметнато на либиската цивилна авијација веќе десет години, објави либискиот премиер Абделхамид Деибах на Твитер. Сè уште нема официјална потврда од […]

Шведска ќе влезе во НАТО со „конзорциум“ за воените капацитети на Грција и Турција


Вашингтон – Претседателот на САД Џо Бајден е оптимист дека Шведска најпосле ќе влезе во НАТО бидејќи Турција која се противи бара модернизација на ловците F-16, „а тоа го бара и Грција која гласашe за прием на Шведска“. Во интервју за Си-ен-ен емитувано синоќа, Бајден укажа дека затоа е потребен „конзорциум“ за зајакнување на НАТО со […]

Синдикатите и Владата во нов обид да најдат прифатливо решение за платите во јавниот сектор


Синдикатите и Владата денеска повторно ќе се сретнат во обид да најдат заедничко прифатливо решение за зголемувањето на платите и за методологијата за раст на платите во јавниот сектор.  Оптимизам има кај двете страни по последната средба што се одржа во Министерството за финансии. Министерот за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за МИА, што беше […]

Сончево и топло со температура до 35 степен


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.  Во Скопје времето ќе биде […]