Трансродова манекенка прогласена за Мис на Холандија


Рики Валери Кол е избрана за Мис на Холандија за 2023 година. Оваа дваесет и двегодишна девојка ќе ја претставува Холандија на 72. избор за Мис на светот во Ел Салвадор, а Рики исто така испиша историја, со тоа што беше првата трансродова жена што ја освои оваа национална титула во Холандија, пишува TMZ.

И додека Рики триумфираше како најубава Холанѓанка, прва придружничка беше Натали Могбелзада, а втора придружничка Хабиб Мостафа.

Рики Валери ќе биде втората трансродова личност која ќе учествува на изборот за Мис на светот, бидејќи таа можност пред неа ја имаше Анџела Понсе од Шпанија во 2018 година.

Тој е голем поборник за правата на младите жени и особено се залага за оние кои биле одбиени од нивните семејства при промена на полот. Рики исто така нагласи дека нејзината порака е дека од суштинско значење е секој да биде она што навистина е и сака да иницира промени кои ќе овозможат сите да не се срамат од својот идентитет, пишува „Нилсенрепорт“.