Во Скопје се отвара најголемата е-книжарница во Македонија


Во Скопје се отвара најголемата е-книжарница.  Коктел-забавата ќе се одржи на 12 јули (среда), во 19.30 часот, пред книжарницата „Литература.мк“ на ул. „Македонија“, Скопје. Под слоганот „повеќе од книжарница“, на www.literatura.mk понудени се повеќе од 6.500 книги од над 50 издавачки куќи и над 15.000 производи од 60 брендови. Покрај книгите, застапени се подароци, дизајнерски додатоци за […]

Ресторан во Кина под истрага поради натпревар во јадење кнедли и кршење на Законот против фрлање храна


Властите покренаа истрага околу ресторан во Кина поради натпревар во јадење полнети кнедли. Гостилницата, имено, е обвинета за кршење на Законот против фрлање храна. Во Кина, инаку, традиција е пред гостите да се става повеќе храна отколку што може да изедат. Наградата за оној кој најбрзо изеде 108 кнедли беше бесплатен оброк и титула „Крал […]

Македонска премиера на „Еден тон сладолед“ на „Синедејс“ 2023


По својата светска премиера на Фестивалот за краток филм во Мароко, македонскиот краткометражен филм „Еден тон сладолед“ премиерно ќе се прикаже за локалната публика на 22 издание на Фестивалот за европски филм CineDays во Скопје. Филмот, во режија на Сандра Ѓоргиева е дел од програмата МК Shorts и ќе биде прикажан во петок, на 14 јули, вокино […]

Кои се Елисавета и Оливер, невестата и младоженецот на годинешната „Галичка свадба“


Оливер Андреевски и Елисавета Булоска се годинешните зет и невеста на јубилејното 60-то издание на манифестацијата „Галичка свадба“, која ќе се одржи од 14 до 16 јули. – Во Галичник почна нашата љубов со Оливер и драго ми е што ќе ја овековечиме таму. И многу сме среќни и тука сме еден за друг да […]

„Еко – живот” 13 години работи на заштита на боровата шума на Љубаш и биодиверзитетот


Наши приоритети се решавање на проблемот со аерозагадувањето, состобата со боровата шума на Љубаш и заштита на биолошката разовидност во склоп на заштитените подрачја на територија на Општината Кавадарци, беше кажано синоќа на прославата по повод 13 години еколошки активности на НВО „Еко – живот”. -Бевме основани во 2010 година како невладина организацизација со цел […]

Во битолскиот затвор ќе се санира опожарената просторија


Во КПУ Затвор-Битола денеска ќе се санира просторијата на притворско одделение кое синоќа беше опожарено од притвореници во затворот. Во текот на денот ќе бидат истражени причините за предизвиканиот пожар во притворското одделение кое со брза интерванција на чуварите и внатрешната противпожарна заштита бил изгаснат. Како што синоќа информираше МИА, на дел од чуварите кои […]

Кина испрати воени бродови и авиони во Тајван


Кина испрати поморски бродови и голема група воени авиони во Тајван, соопшти денеска тајванското Министерство за одбрана. Кинеската Народноослободителна армија прво испрати 38 воени авиони и девет поморски бродови околу Тајван, а потоа на островот полетаа уште 30 авиони, меѓу кои и ловци Ј-10 и Ј-16. Тајван треба да ја одржи годишната вежба Хан Гуанг […]

Македонија ги „пикира“ туристите од Азија


Чартери за Охрид од Амстердам, Катовице, Манчестер, Лондон повеќе пати во неделата, надополнети со нови и обновени линии, овозможија оваа година  сезоната во Северна Македонија да започне во мај. Скок на гости во првите четири месеци од 2023 година се бележи од турските, романските, германските, португалските, полските, српските туристи. Има пораст и остварените ноќевања со што годинава ги има сите услови кумулативно да ја надмине 2019 година по бројот и остварените ноќевања приближувајќи […]

Од вечерва до 20 август светската музичка и сценска елита на 63. „Охридско лето“


Охрид од вечерва се до 20 август ќе живее со уметноста, преку содржините на програмата на 63. издание на најголемата и најпознатата културно-сценска манифестација во земјата – Фестивалот „Охридско лето“. Од вечерва ќе блеснат сцените на Атичкиот театар, црквата „Св. Софија“, нејзиното предворје, сцената „Долни Сарај“, Центарот за култура „Григор Прличев“, но и други интересни […]

Поради асфалтирање затворени делниците Велес – Градско и Демир Капија – Давидово, на Богородица за излез од земјава сe чека околу еден час


Поради асфалтирање, делницата Велес – Градско од денеска до 22 јули ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 08:00 – 18:00 часот. Од 6 јули до 20 јули поради асфалтирање, затворена е и делницата Демир Капија – Давидово во период од 10:00 – 16:00 часот. Како што соопшти АМСМ, од 1 јули до 31 […]

Наоми Осака роди ќерка


Лос Анџелес- Четирикратната тениска шампионка на Грен слем, Наоми Осака роди девојче, објави во вторникот магазинот People. 25-годишната јапонска ѕвезда и момчето, раперот Кордае го дочека своето прво дете во Лос Анџелес и на мајката и на ќерката им беше добро, според People, цитирајќи неименуван извор. Двојката соопшти дека Осака чека бебе на социјалните мрежи […]

Безбедното домување во Скопје „во битка“ за пристапен простор и примена на прописите


Тесни лифтови што не собираат носилки за брза помош, заглавени екипи во тесни улички, блокирани пристапи до влезовите на згради од непрописно паркирани возила, се само дел од искуствата на тие што треба да бидат први во реакцијата за помош, а се попречени и најдиректно ги чувствуваат последиците од неказнивото и штетно урбанистичко планирање. Непристапноста […]

Претседателката на Групата за пријателство од Парламентот на Австралија во посета на Собранието


Во посета на Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе биде Касандра Фернандо, претседателка на Групата за пријателство од Парламентот на Австралија. Фернандо ќе има средба со собранискиот спикер Талат Џафери и со членовите на парламентарната делегација на Северна Македонија во Интерпарламентарната унија (ИПУ). Предвидена е и средба со претседателот на пратеничката група на Собранието […]

Орешани без струја, а дел од Аеродром и Центар без вода


Поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без струја денеска од 08:45 до 11:00 часот, ќе бидат корисниците од населба Орешани во Општина Зелениково, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Без вода, пак, поради замена на затворачи на водоводна мрежа ќе останат корисниците од бул. АСНОМ од зграда бр. 110 до […]

Топлотен бран со температури над 40 степени, да се почитуваат препораките за заштита


Земјава деновиве е зафатена од топлотен бран со температури и над 40 степени Целзиусови, со УВ индекс 10. Особено топло, според прогнозата на УХМР, ќе биде во четврток и петок кога ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. Лекарите препорачуваат да се избегнува излегување надвор во периодот од 10 до 17 часот, […]

Сончево и многу топло, УВ индекс 10


Времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 23, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. УВ=10. Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 12 јули 2023 година, 193-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 172 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 9 минути, а ќе зајде во 20 часот и 10 минути. Денов трае 15 часа. Месечината која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее 53 минути по полноќ, […]

Нема повредени во вечерашниот пожар во битолскиот затвор


Нема повредени во пожарот што зафатил една просторија во битолскиот затвор лоциран во месноста „Црн Мост“ во Битола. Според првичните информации, единствено лекарска помош побарале и им е укажана на неколку чувари во затворот кои вдишале чад. Се очекува во текот на денот да бидат соопштени информации за причините за пожарот во битолскиот затвор кој […]

Го истури ѓубрето пред „Дрисла“ па Орце Ѓорѓиевски доби казна од 90.000 евра


  Инаетливата одлука на градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, да го исфрли ѓубрето во напнатата вечер во неделата, ќе ги чини 90.000 евра. Тоа е казната во денарска противредност за општина Кисела Вода и Ѓорѓиевски. Таква казна одредила градобачалничката на Скопје, Данела Арсовска, откако во „Дрисла“ не дозволија камионите со смет да влезат на […]

Борис Џонсон го доби осмото дете


  Борис и Кери Џонсон го објавија раѓањето на синот, нивното трето заедничко дете и прво откако тој се повлече од премиерската функција на Велика Британија. Френк Алфред Одисеј Џонсон е роден на 5 јули, според објавата на Кери Џонсон на социјалните мрежи. Новото бебе доаѓа по синот Вилфред и ќерката Роми, кои се родени […]