Кои акции од индексот СиП 500 имаа најголем принос во последните 40 години


Просечниот годишен принос на СиП 500 (S&P 500) беше 10 отсто од 1980 до 2022 година, без дивиденди. Се разбира, има некои компании кои даваат многу поголем принос, историски гледано. Во овој инфографик користејќи податоци од S&P Dow Jones Index, погледнете ги акциите на СиП 500 со најдобри едногодишни приноси во последните четири децении. Список […]

Доаѓаат пеколни горештини, температури од 43 степени и УВ индекс 10


  Пеколни горештини ќе ја зафатат Македонија од петок – температурата ќе се искачи до 43 степени, а УВ индексот ќе стигне до 10. Времето утре ќе биде особено топло во целата држава, а в петок само во јужните делови, кога наместа температурата ќе надмине 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност […]

12 јули во историјата – Првата револверашка пресметка на Дивиот Бил Хикок


  Дивиот Бил Хикок почнува да ја воспоставува својата репутација на револвераш откако застрела тројца мажи за време на престрелка во Небраска. Роден во Хомер (подоцна наречен Троја Гроув), Илиноис, Џејмс Батлер Хикок се преселил во Канзас во 1855 година на 18-годишна возраст. Таму поднел барање за имотна сопственост, работел чудни работи и почнал да […]

Уставниот суд утврди повреда на слободата на известување во упадот на 27 април


Уставниот суд на денешната седница донесе одлука со која се утврди дека е сторена повреда на слободата на јавно изразување на мислата на Влатко Стојановски сторенa со две пресуди, една од Граѓанскиот суд Скопје од 2021 година и една од Апелациониот суд Скопје исто од 2021 година. Според Судот во двете пресуди е пропуштено да […]

Болен пораз за конзервативците од ЕПП: Европскиот парламент го поддржа законот за природата


  Пратениците на пленарната седница на Европскиот парламент денеска гласаа за новите правила кои имаат за цел да ги обноват деградираните екосистеми на блокот, нанесувајќи им голем удар на конзервативните европратеници кои се залагаа за „убивање“ на законот. Конзервативната Европска народна партија (ЕПП) не можеше да добие мнозинство за да гласа против нацрт-законот, при што […]

Прилепските советници не го прифаќаат извештајот за безбедносната состојба во Прилеп за првото полугодие 2022 година


Прилепските советници не даваат зелено светло на извештаите на полицијата за безбедносната состојба за минатата 2022 година. Ниту за полугодишниот, ниту за годишниот извештај. Според претседателот на советот Дејан Проданоски, отсуствува сериозноста за чувствително прашање кога градот се соочи со зголемено полициско присуство и со привремена управа во полицијата. Освен тоа, командирот на полицијата, вели […]

Прво „Кербер“, па „Харон“ – Италија во сончев пекол


  Силниот и смртоносен топлотен бран во Италија оваа недела би можел да собори рекорди, при што се предвидува дека температурите ќе достигнат над 45 степени Целзиусови во некои делови од земјата. Италијанското метеоролошко друштво го нарече топлотниот бран „Кербер“ по чудовиштето со три глави што се појавува во „Пеколот“ на Данте како чувар на […]

Забрането шетање во костими за капење низ центарот на Струга


Општина Струга забранува шетање во костими за капење низ централното градско подрачје. Преку официјалната фесјбук страница ги замолуваат гостите и туристите, кои се разладуваат во водите на Охридското езеро или Црн Дрим, да ги почитуваат правилата на доброто однесување и на јавниот ред, со непокажување голотија на јавни места и простори.   – Заради почитување […]

Прифатени 268 од 686 приговори за државната матура од јуни, пријавување за августовскиот испитен рок


 Државниот испитен центар (ДИЦ) соопшти дека по прелиминарните резултати од државната матура во јунската испитна сесија, објавени на 4 јули, приговор во законскиот рок поднеле 686 кандидати од кои прифатени се 268.  -Доколку на кандидатите им е прифатен приговорот, се менуваат перцентилите и/или оценката по тој предмет. Во рамките на законските прописи, денеска (12 јули […]

Рускиот командант на подморница убиен при џогирањето веројатно бил следен на апликацијата Страва


  Командант на руска подморница застрелан додека џогирал во понеделникот можеби бил цел на напаѓач кој го следел на популарна апликација за трчање, јавуваат руските медиуми. Станислав Ржицки беше убиен претходно оваа недела во јужниот руски град Краснодар од страна на „непознато лице“, објави државната новинска агенција ТАСС, додавајќи дека „мотивот за злосторството се истражува“. […]

Миленичката на Путин и светска шампионка Исинбаева се крие во Шпанија


Откриена е локацијата на внимателно скриената миленичка на Путин: Еелена Исинбаева. Олимписката шампионка и мајор на руската армија е во Шпанија – Тенерифе. По руската инвазија на Украина, многу руски граѓани ја напуштија својата земја, некои прекинаа секаков контакт со претседателот Владимир Путин и ги поддржаа демократските вредности, додека други избраа да се кријат и […]

Тетово смрди – Касами ќе испрати дополнителни контроли


И понатаму во делови од Тетово во вечерните часови се чувствува непријатна миризба на изгорен смет и запалена пластика. Граѓаните како и на крајот на јуни со дописи до нашата редакција посочуваат дека тешко се дише навечер во градот и бараат од општината да се најде решение. Тетовчани се жалат дека поради ѓубрето што го […]

Германската Влада ќе издаде стратешки документ за Кина


 Германската Влада планира денеска да го објави долгоочекуваниот документ за стратегијата во однос на Кина. Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок соопшти вчера за објавувањето на документот додека беше на Самитот на НАТО во Литванија. Текстот ќе биде објавен откако Германија ќе ја објави својата прва стратегија за национална безбедност во средината на јуни. […]

Србија, Македонија и Албанија со изложба „Супстрати“ во Париз ја почнуваат сезоната на Отворен Балкан


Белград – Изложбата „Супстрати“, како дел од иницијативата Отворен Балкан, која е заеднички проект на тројца уметници од Србија, Албанија и Северна Македонија, ќе биде официјално отворена утре во Културниот центар на Србија во Париз, јави допсиникот на МИА од Белград. На отворањето на изложбата, кураторот Клаудија Пецолд, основач на „Curating Evolution“, ќе им се […]

„КАМ“ третпат годинава ги зголемува платите на вработените – основната почетна плата за касиери изнесува 28.000 денари


„КАМ маркет“, најпосакуваниот работодавач за изминатата година, третпат годинава ги зголемува платите на своите вработени во маркетите во Скопје. Со новото покачување, основната почетна плата за касиери е за 29% повисока од законската минимална плата, односно изнесува 28.000 денари со можност за исплата со додатоци и бонуси да достигне и над 31.000 . Дополнително, компанијата континуирано […]

Албанија за неколку дена ќе добие скрининг извештај, до крајот на годината ќе го отвори првото поглавје со ЕУ


Албанија е пред отворање на првото преговарачко поглавје со Европската унија, а Македонија заостанува. Ова е заклучокот од денешната порака на евроконмесарот Оливер Вархеи кој во расправа во Европскиот парламент најави дека „за неколку дена“ Европската комисија ќе го достави својот скрининг извештај до Советот на ЕУ, а Македонија абер нема кога ќе го добие […]

Децата во градинките да не се изнесуваат надвор од 11 – 17 часот


Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа, во Црвениот крст да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат, согласно Акцискиот план на Министерство за здравство за превенирање на последиците […]

Бесими: Клучно во преговорите за платите беше меѓусебната довербата со синдикатите и целосната поддршка од премиерот и Владата


Преговорите за решавање на прашањето на платите во јавната администрација се релативно тежок процес, особено што се одвиваат во услови на криза, но важно е дека во тој процес ја имавме целосната поддршка од премиерот Димитар Ковачевски и од друга страна имавме кредибилен партнер во синдикатите кои имаа сериозен пристап во изнаоѓање на решението, истакна […]

Русија фрлила „планина“ од касетна муниција во Украина


Додека траат дебатите дали да и се дадаткасетни бомби на Украина, на Твитер се појавија фотографии на цела „планина“ од гранати од касетна муниција, кои  неселективно паѓаа врз Украина од страна на руските сили. Според украинските извори, гранатите што се гледаат на фотографиите се само оние собрани од нападите на Харков. САД веќе потврдија дека […]

Ѓорѓиевски ќе ја оспори на суд казната од Арсовска од 84.000 евра за истурањето отпад пред „Дрисла“


Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски најави дека ќе ја оспори казната што му ја наметна градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, откако по три дена неисчистени контејнери низ градот, општините сами се организираа и ѓубрето го однесоа во „Дрисла“, но таму не им го примаа, па го одложија пред влезот. Ѓорѓиевски планира казната да ја […]