Од понеделник ќе може да се земаат изводи од матични книги, вели Лога


Министерот за правда Кренар Лога смета дека граѓаните од понеделник ќе може да вадат изводи од матичните книги. Според него, кажано му е на директорот на Управата за водење матични книги дека треба сите изводи да им се даваат на граѓаните по старото упатство. -Уставниот суд требаше во одлуката да каже, до решавање на спорот […]

Маск го лансираше стартапот за развој на вештачка интелигенција xAI


Вашингтон – Илон Маск денеска го лансираше долго најавуваниот стартап за вештачка интелигенција xAI, откривајќи тим од инженери со кои сака да создаде алтернатива за Чет-ГПТ (Chat-GPT). Стартапот ќе биде предводен од Маск, кој е извршен директор на Тесла и сопственик на Твитер и кој неколку пати изјави дека развојот на вештачката интелигенција треба да се […]

Сончево и многу топло со слаб ветер од јужен правец


Времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 42 степена. УВ=10 Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 13 јули 2023 година, 194-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 171 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 10 минути, а ќе зајде во 20 часот и 9 минути. Денов трае 14 часа и 59 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Бектеши од Вашингтон: Македонија е стабилна и безбедна дестинација за американските инвеститори


Вашингтон – Министерот за економија Крешник Бектеши во рамки на посетата во САД заедно со вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ и извршниот директор на НОМА ГАС Бајрам Реџепи, одржаа работен состанок со претставници на Управниот одбор на Американската-централно европска бизнис асоцијација (АЦЕБА) каде ги презентираа можностите за инвестирање во Северна Македонија. Министерот Бектеши, како што […]

Да оставаме вредности и патокази за следните генерации – Пендаровски го отвори 63. „Охридско лето“


Со најпознатите арии на Пучини, Верди, Прокофјев, Брамс… во изведба на светската оперска дива Ангела Георгиу, придружувана од симфонискиот оркестар на Националната опера и балет под диригентската управа на Чипријан Теодорашку, вечерва во Античкиот театар во Охрид беше отворено годинашното 63-то издание на фестивалот „Охридско лето“. Пред исполнетиот аудиториум на магичниот Антички, фестивалот за отворен […]

Алкараз против Медведев во полуфиналето на Вимблдон


Лондон– Првиот носител на Вимблдон, Карлос Алкараз стигне до полуфиналето. Во денешниот четвртфинален меч тој во три сета го победи Руне. Неизвесно беше во првиот сет во кој се играше тајбрејк, во него Алкараз беше подобар со 7-3. Во другите два сета беше идентично со по 6-4. Многу поголеми проблеми имаше Медведев кој со 3-2 […]

Виенските научници развија нови маркери за рана дијагноза на мултиплекс склероза


Научниците од Универзитетската клиника за неврологија на Медицинскиот универзитет во Виена, во соработка со Општата болница во Виена, спроведоа студија во која истражуваат нови маркери за порано дијагностицирање на мултиплекс склероза. Со мерење на дебелината на слоевите на рожницата значително се подобрува дијагностиката, а дополнително се зголемуваат шансите за подобра прогноза за пациентите. Истражувачите од […]

Саудиски Ал Хилал нуди 30 милиони евра за Митровиќ


 Саудискиот фудбалски клуб Ал Хилал понуди околу 30 милиони евра за трансфер на српскиот репрезентативен напаѓач Александар Митровиќ од лондонскиот премиерлигаш Фулам, јави денеска британската телевизија Скај. Според истиот извор, 28-годишниот српски напаѓач сака да го напушти Фулам и да се пресели во Саудиска Арабија. Митровиќ изминатата сезона постигна 14 голови и му помогна на […]

Одлука предизвика хаос на Твитер: 90 отсто од вработените добиле отказ поради вештачка интелигенција


Индиската компанија „Дукан“ отпушти 90 отсто од персоналот за поддршка на клиентите и ги замени со вештачка интелигенција (ВИ). Шефот на оваа компанија, Самит Шах, на Твитер објави дека тоа е „тешка, но апсолутно неопходна одлука“, пренесува Би-би-си. Во исто време, тој се пофали со резултатите, бидејќи AI chatbot го намали времето за првиот одговор […]

Работник од Кочани се повредил и починал во фабрика на подрачјето на Гази Баба


Педесет и седумгодишен работник од Кочани денеска се повредил и починал во кругот на фабрика на подрачјето на општина Гази Баба. – Денеска (12.07.2023) во СВР Скопје е пријавено дека во 13:35 часот во кругот на фабрика на подрачјето на Гази Баба, В.К.(57) од Кочани додека извршувал работни задачи за фирма од Штип се повредил […]

Сè повеќе украински бегалци сакаат трајно да останат во Германија


Речиси половина од бегалците од Украина, кои пристигнаа во Германија по рускиот напад, сакаат трајно да останат во оваа земја, се наведува во студијата објавена во средата. „Од над еден милион бегалци кои пристигнаа во Германија по февруари минатата година, 44 отсто имаат намера да останат во земјава подолго време, што е за пет отсто […]

Костадиновска-Стојчевска вечерва се обраќа на отворањето на 63. издание на „Охридско лето“ – настапува оперската дива Анџела Георгиу 


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вечерва на Античкиот театар во Охрид ќе присуствува и ќе се обрати на отворањето на 63. издание на најреномираната музичко-сценска манифестација со интернационален предзнак, „Охридско лето“. Свеченото отворање на шеесет и третото издание на фестивалот „Охридско лето“ ќе започне во 21:00 часот, со концерт на светски познатата оперска дива Анџела Георгиу, […]

АХВ: Внимателно со храната, ако сметате дека е небезбедна, не ризикувајте – фрлете ја


Со порастот на температурите се зголемуваат и потенцијалните ризици од појава на труење со храна. Високите температури најавени неделава, како што наведуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), се потенцијална опасност и за здравјето на животните доколку за нив навреме не се преземат мерки за обезбедување доволно количини храна и вода за пиење. Според […]

Ердоган: Турција до октомври нема да ја ратификува кандидатурата на Шведска за членство во НАТО


Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека турскиот Парламент најмалку до октомври нема да ја ратификува кандидатурата на Шведска за членство во НАТО. Говорејќи пред новинарите во Вилнус по Самитот на НАТО, Ердоган рече дека пратениците се на одмор два месеци, по што „има многу (други) предлог закони за дискусија“. Турција изненадувачки оваа недела […]

Против пожари со просеки на висорамнината Љубаш во Кавадарци


Обновени се противпожарни просеки на висорамнината Љубаш, како превенција од пожари на овие многу високи температури и прогласена портокалова фаза со метео аларм, информираа попладнево од Територијалната противпожарна единица Кавадарци. – Активноста ја реализиравме во соработка со шумското стопанство ,,Бор”, јавното претпријатие ,,Комуналец” и општинскиот сектор ,,Мој општинар”, со поддршка на градоначалникот Митко Јанчев. Оваа […]

Внимавајте на милениците – горештините им прават стрес


Поради високите температури и претстојната портокалова фаза во земјава, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) им препорачува на сопствениците на домашни миленици да се придржуваат до основните правила за да спречат несакани последици од топлотен удар. Воедно потсетува дека во ризик се и животните на фарма, кои, исто така, може да претрпат стрес. Според АХВ, […]

Шаленберг, Липавски и Влаховски ќе ни ги пренесат официјалните ставови на ЕУ за македонското европристапно досие


Тројцата министри во „Славков“ или „Аустерлиц“ формат: министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг, министерот за надворешни работи на Чешка, Јан Липавски и министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Влаховски утре ќе престојуваат во посета на земјава. Како што соопшти Министерството за надворешни работи (МНР), тројцата шефови на дипломатии се ополномоштени од високиот […]

Наталиа Илиевска Божиновска нов генерален секретар на ФФМ


Нов генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) од денеска е Наталиа Илиевска Божиновска. Како што е соопштено попладнево, Илиевска Божиновска доаѓа од генералниот секретаријат на ФФМ, а на должноста ќе го наследи Филип Поповски, кому по истекот на вториот четиригодишен период му престана законски утврдениот максимален мандат. Управниот одбор на ФФМ на денешната […]

Нема повисоки плати за судските службеници, одлучи Министерството за финансии


Нема фискален простор за исплата на додатоци на плата за месец јуни, бидејќи согласно прописите од буџетското работење не треба да се преземаат обврски над лимитот од одобрените средства со буџетот. Вакво образложение добил Судскиот совет од Министерството за финансии, а по барањата на судските службеници за повисоки плати, кои подолг период протестираат и бараат […]