Противниците на судските реформи во Израел прогласија ден на отпор и ги блокираа патиштата


 Противниците на контроверзната судска реформа утринава ги блокираа патиштата на десетици места низ Израел на почетокот на најновиот протест против планот на владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху за слабеење на врховниот суд. Илјадници луѓе се очекува да учествуваат на протестот во текот на денот, бидејќи владејачката коалиција продолжува да го спроведува планот за ограничување на […]

Ова е мозокот кој стои зад новата украинска контраофанзива


Ако пребарате на интернет податоци за генералот Олександр Сирски, ќе најдете дека тој е  опишан како „најуспешниот генерал на 21 век досега“. Тоа е голема одговорност. Генералот Сирски ја предводеше одбраната на Киев на почетокот на целосната руска инвазија на Украина минатата година. Тој беше мозокот зад изненадувачката и успешна контра-офанзива на Украина во Харков […]

Киев: Во руски ракетен напад врз Одеса оштетена пристанишната инфраструктура


Во најновиот руски ракетен напад врз Одеса во текот на ноќта оштетена е пристанишната инфраструктура, јавија локалните украински власти.  До нападот врз Одеса дојде само неколку часа по истекот на договорот за извоз на украинско жито. „Шест ракети од типот „калибар“ беа лансирани од Црното Море врз Одеса“, се наведува во соопштението на украинската оперативна […]

Во Грција поради пожарите се евакуирани 1.200 деца од летните кампови


Вкупно 1.200 деца се евакуирани денеска од летните кампови загрозени од пожари во близина на приморското одморалиште Лутраки во близина на Атина, соопштија грчките власти. Спасивме 1.200 деца кои беа во летни кампови“, соопштија локалните власти. Два пожари избувнаа денеска на истокот и на западот на Атина, додека еден од нив, неконтролиран и поттикнат од […]

Без вода дел од Чаир и дел од Центар


 ЈП „Водовод и канализација“ –  Скопје известува дека денеска,  од 08:40 часот, без вода ќе бидат дел од корисниците на улиците „Методија Митевски“ и „Лазар Трповски“ во општина Чаир. Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради уличен дефект на улицата „Методија Митевски“ 6/2. Од 09:15 часот утрово вода нема да имаат корисниците од улиците „Дебарца“, „Никола Тримпаре“, […]

Нов лек за забавување на Алцхајмеровата болест


 Нов лек за Алцхајмеровата болест е оценет како „пресвртница во борбата“ против тоа нарушување, откако беше откриено и научно потврдено дека ја забавува неговата прогресија. Истражувачите поделиле 1.800 учесници во две еднакви групи. Притоа, првите испитаници 18 месеци примале месечна инфузија на лекот „Донанемаб“, а вторите земале плацебо. Се утврди дека „Донанемаб“ го прави „клиничкото […]

Изложба „Внатрешен сјај“ на Александра Богоеска во КИЦ на РСМ во Софија


Во галеријата на КИЦ на Република Северна Македонија во Софија денеска, од 18:30 часот, ќе биде отворена изложбата на скулптури со наслов „Внатрешен сјај“ на Александра Богоеска. Делата од изложбата се изработени од камен, а поконкретно од мермер и травертин. – Авторката преку содржината на своите дела сака да ја прикаже индивидуалноста, постоењето, можностите. Со […]

Пет причини зошто да ги користите средствата од ИПАРД фондовите


Една од најдобрите опции за поддршка на агросекторот и воопшто Руралниот развој е програмата ИПАРД. Се работи за 80% финансиска поддршка од европски фонд и 20% средства од Буџетот на државата. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство веќе соопшти кога ќе биде распишан првиот повик од новата ИПАРД 3 програма за мерките 1 и 7. […]

Род Стјуарт позираше со седум од осумте деца на ретка фотографија во Шпанија


Легендарната поп-ѕвезда Род Стјуарт, кој е среде светска турнеја, уживаше со своето семејство во Шпанија. На неодамнешната слика, која сопругата на Стјуарт, Пени Ланкастер ја сподели на Инстаграм, 78-годишниот пејач позира со седум од неговите осум деца и три од неговите внуци. „Го славиме тоа што сме заедно“, ја напишала својата објава Ланкастер (52). Стјуарт […]

Софија Вергара и Џо Манџаниело се разведуваат по седум години брак


Лос Анџелес– Ѕвездата на ТВ-серијата „Модерно семејство“ и најплатена ТВ актерка во светот, Софија Вергара и актерот Џо Манџаниело се разделиле. Двојката важеше за една од најстабилните и најубавите во Холивуд.   „Донесовме тешка одлука да се разведеме. Како двајца луѓе кои многу се сакаат и се грижат еден за друг, ние учтиво бараме почитување на […]

Американската војска поради техничка грешка испратила милиони мејлови во Мали


Поради мала печатна грешка милиони американски воени мејлови биле испратени до африканската држава Мали. Наместо да го пишуваат доменот .mil, што се користи за сите адреси на е-пошта на американската војска, некои погрешно напишале .ml, што е домен за африканската земја Мали. Резултатот од таквата грешка бил постојан проток на чувствителни информации што се испраќале […]

Анкета: Повеќе од половина Британци сакаат назад во ЕУ


Процентот на Британци кои мислат дека излегувањето на Велика Британија од Европската унија е грешка достигна рекордно високо ниво и го надмина мнозинството, покажа анкета на YouGov објавена денеска. Со малку економски придобивки по Брегзит, 57 отсто од Британците, анкетирани во јули, сметаат дека одлуката за напуштање на Европската унија во 2016 година е погрешна, […]

Што е со кинескиот министер за надворешни работи, последен пат се појавил на 25 јуни


Невообичаено долгото отсуство од јавни настапи предизвика шпекулации за тоа каде се наоѓа кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг, пренесе ДПА. Министерот (57), кој ја презеде функцијата во март, последен пат се појави во јавност на официјални настани на 25 јуни, кога го прими рускиот заменик-министер за надворешни работи Андреј Руденко во Пекинг. Министерство […]

Пет жртви при пад на Цесна во Полска


Најмалку пет лица загинаа, а пет се повредени кога авион „Цесна“ синоќа се урна врз хангар на аеродромот во Насиелск, во близина на Варшава, соопшти полската полиција. – Загинаа пет лица. Петмина се повредени, а четири лица воопшто не се повредени, изјави Моника Новаковска-Бринда од локалната полициска команда за полската телевизија Полсат. Најмалку 10 лица […]

Роналдо: Нема да се вратам во европскиот фудбал, вратата е целосно затворена


Фудбалерот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо одговори на прашањето на новинарот Фабрицио Романо за можно враќање во некоја од европските лиги. – Нема да се вратам во европскиот фудбал, вратата е целосно затворена. Европскиот фудбал изгуби многу во квалитетот…само Премиер лигата е навистина силна, таа е далеку пред сите други лиги, изјави Роналдо, Триесет и осумгодишниот […]

КФОР го предупреди Косово по купувањето на вооружените дронови од Турција


Мировните сили на Косово предводени од НАТО (КФОР) вчера ја предупредија Приштина по купувањето на турски вооружени беспилотни летала, потсетувајќи ја дека единствено тие се одговорни за нејзиниот воздушен простор. Оваа изјава на КФОР доаѓа еден ден по веста за набавка на турски беспилотни летала „ТБ-2 Бајрактар“ ​​што ја објави премиерот Албин Курти. „Кога станува […]

Елизабет Борн останува премиерка на Франција


Францускиот претседател Емануел Макрон потврди дека Елизабет Борн ќе остане премиерка, изјави синоќа извор од кабинетот на Макрон. – Со цел да се обезбеди стабилност и длабинска работа, претседателот одлучи да ја задржи премиерката, рече изворот. Францускиот претседател, исто така, ќе даде назнаки за неговите планови за следните месеци „до крајот на неделата“, рече изворот. […]

Русија ноќеска почна воздушни напади на југот и истокот од Украина


Русија во текот на ноќта почна со воздушни напади врз јужна и источна Украина користејќи беспилотни летала и балистички ракети, соопштија рано утринава украинските воздухопловни сили. Јужното пристаниште Одеса и регионите Миколаив, Доњецк, Херсон, Запорожје и Дњепар се под закана од напад од руски беспилотни летала, јави Военото воздухопловство на апликацијата за пораки Телеграм. Се […]

Путин: Руската војска подготвува одговор за нападот врз мостот на Крим


Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека Министерството за одбрана подготвува предлози за руски одговор на нападот што го оштети мостот Керч, што ги поврзува Крим со јужна Русија, за што ја обвини Украина, јави Скај Њуз. На крајот од средбата со националните и регионалните претставници за проценка на последиците од експлозијата, што беше пренесувана […]

„Вајмарската тројка“ во посета на Собранието


Министрите од „Вајмарската тројка“ Ана Лирман, министерка за Европа на Сојузна Република Германија, Лоренс Бун, државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Француската Република и Шимон Шинковски вел Сенк, министер за европски прашања на Република Полска денеска ќе бидат во посета на Собранието. Лирман, Бун и Шинковски вел Сенк ќе имаат средба […]