Злато за Петар Заборски и две бронзи за каратистите на „Макпетрол“ на европската универзијада
Нов европски универзитетски карате првак е Петар Заборски од скопски „Макпетрол“. Во финалето во категоријата под 75 килограми на Eвропското универзитетско првенство за боречки спортови во карате во Загреб, тој славеше со 2-0 против Константин Јаненко од Украина. За студентот на безбедност на Универзитеот „Свети Климент Охридски“ од Битола ова е втор златен медал […]