Туристка бегаше од пожар во Грција: Изгоре хотелот! Огнот беше веднаш зад нас


Семејство од Данска, кои биле на одмор во Грција, за Sky News раскажаа дека морале да пешачат 11 километри на високи температури за да избегаат од пожарот што го зафатил хотелот во кој престојувале.

Корина рече дека нејзиниот сопруг Петер, ќерката Матилде и таа биле на одмор во Киотари кога им било кажано дека шумски пожар се приближува до нивниот хотел и дека мора да си заминат.

Тие пешачеле околу 11 километри на многу високи температури, но секогаш кога ќе помислеле дека се безбедни, им велеле дека пламените јазици повторно се блиску. На крајот, нивната единствена опција била да се качат на брод што ги чекал на брегот и да заминат на север од островот.

„Мислев дека ќе умрам. Огнот беше веднаш зад нас“

„Мислев дека ќе умрам, дека никогаш повеќе нема да ги видам моето најстаро дете и внук. Огнот беше веднаш зад нас. Нѐ евакуираа од хотелот. Пешачевме 11 километри, а потоа нѐ вратија на плажата каде што не знаевме што понатаму”, рекла Корина.

„Потоа дојде војската и нè собра и не пренесе на југ. Подоцна дојде полициски чамец. Огнот постојано нѐ следеше. Хотелот изгоре. Сега седиме овде на аеродромот во облеката што ја имаме на нас“, додаде таа.