Одбојкарите на Полска за прв пат ја освоија Лигата на нации


Одбојкарската репрезентација на Полска за прв пат во историјата стигна до трофејот во Лигата на нации. Со помош на домашната публика, Полска синоќа во Гдањск, во големото финале ја победи селекцијата на САД со 3:1 (25:23, 24:26, 25:18, 25:18).

На овој натпревар Полска играше ослабена без својот најдобар играч Вилфрд Леон.

Во натпреварот за третото место, Јапонија ја совлада Италија со 3:2 (25:18, 25:23, 17:25, 17:25, 15:9). Пласманот на подиумот и освоениот бронзен медал за Јапонците е прв на едно големо светско натпреварување по пауза од 46 години.