Ангеловски нов директор на Еурофарм Пелистер


 Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер за нов спортски директор го именува Бранислав Ангеловски.  – Нашиот поранешен ракометар и легенда на македонскиот ракомет почнува ново поглавје, откако оваа функција ја извршуваше и во романска Констанца. 46-годишниот Ангеловски со Пелистер го освои шампионатот и Купот, а дел е од најголемите успеси и со македонската репрезентација, соопшти битолскиот […]

И покрај кризата,110 милиони нови корисници на пазарот на криптовалути


По значителниот пораст на пазарот на крипто во 2021 година, секторот се соочи со голем број пречки минатата година, како што е регулаторната нејаснотија, при што биткоинот доживеа значителна распродажба. Сепак, и покрај овој пад, има експоненцијално зголемување на приливот на корисници кои инвестираат во криптовалути. Податоците собрани од Finbold покажуваат дека бројот на корисници […]

Јавниот долг на Албанија изнесува 63,27 отсто од БДП


Албанската министерка за финансии и економија Делина Ибрахимај на денешната прес-конференција изјави дека на крајот на првиот квартал од годинава јавниот долг на Албанија достигнал ниво од 63,27 отсто од Бруто домашниот производ (БДП). – Јавниот долг на крајот на 2022 година беше за околу 10 процентни поени помал од крајот на 2021 година, а […]

Нов финансиски пакет од ЕК за земјите од Западен Балкан


– Оперативниот комитет на Инвестициската рамка за Западен Балкан денеска одобри Европска комисија со нов финансиски пакет, во висина од 2,1 милијарди евра, да поддржи 14 водечки инвестициски компании и приватниот сектор во земјите од регионот. – Одобрувањето на новиот инвестициски пакет е јасна порака дека партнерите од Западен Балкан имаат иднина во ЕУ и […]

Прифатен е усогласен текст на договор за воспоставување два заеднички гранични премина со Косово


 Владата на денешната седница го разгледа и усвои Извештајот за извршени преговори помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово за заеднички гранични премини: „Блаце – Елез Хан“ и „Јажинце – Глобочица“ и го разгледа и прифати усогласениот текст на Договорот помеѓу двете влади за воспоставување на овие два заеднички гранични премина. […]

Се активираат процедури за динамично завршување на изградбата на Клиничка болница – Штип


Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата во врска со Договорот за изведба на Клиничка болница – Штип, пришто е разгледано и усвоено решение за динамично завршување на изградбата на новиот објект на болницата, согласно законските процедури.   Целта е, соопштија од владината прес-служба, граѓаните на Штип и вработените […]

Богоев со „Макам-транс“: Олеснување на трговијата и транспортот на стоки


Олеснувањето на трговијата и транспортот на стоки, модернизацијата на граничните премини, како и активностите кои Царинската управа ги спроведува во рамки на иницијативата Отворен Балкан, беа теми на денешната средба на директорот Стефан Богоев со претставниците на македонската транспортна асоцијација МАКАМ-ТРАНС, предводени од генералниот секретар Билјана Муратовска.   -Од страна на Асоцијацијата изразија задоволство во […]

Во Тихи Океан се урна руски авион МиГ-31


Москва– Руски воен авион МиГ-31 денеска се урна во Тихи Океан. Несреќата се случила за време на тренажен лет. Сè уште не е позната судбината на двајцата членови на екипажот. Руската армија соопшти дека авионот, што се урна во заливот Авача, на југоисточниот брег на полуостровот Камчатка, не носел оружје. МиГ-31 е ловец со два […]

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка


АМСМ информира дека од 16:50 часот на магистралниот пат А-1, патен правец Прилеп-Градско, поточно во атар на село Тројаци, сообраќајот е во прекин во дватта правци. Сообраќајот е во прекин поради случена сообраќајна незгода.

МП: Нови изводи на родени со графа националност, упатството не се коси со законите


Нови изводи на родени со графа националност. Упатството не се коси со законите, туку е во согласност со Законот за матична евиденција, соопшти Министерството за правда, споделувајќи фотографии од новите изводи. – Националност во матичната книга на родените се предвидува во членот 4, на венчаните во членот 11 и на умрените во член 13 од […]

Ден на независноста на САД – паради и огномети


Вашингтон – Американски празник во сржта, 4 јули веднаш асоцира на паради, скари и обилна трпеза, ладно пиво и секако огномети. Иако огнометите и петардите се забавна практика, тие прават празникот да биде опасен. Според некои процени, поради опасните огномети повеќе од десет илјади луѓе се принудени да одат во одделенијата за итна помош. Иако огнометите […]

Милијардерите годинава побогати за 781 милијарда евра, еве колку заработуваа дневно


Најбогатите 500 луѓе во светот во првата половина од оваа година го зголемија својот имот за вкупно 781 милијарда евра. „Блумберг“ наведува дека секој член на овој елитен клуб на најбогатите заработил во просек по 12,85 милиони евра дневно во изминатите шест месеци. Како што се оценува, ова беше одлично полугодие за милијардерите, најдобро од […]

Инфлацијата е поупорна од очекувањата, европските економии забавуваат, Америка е отпорна


Монетарната политика и понатаму ќе мора да биде затегната, бидејќи инфлацијата е поупорна отколку што очекувавме, изјави главниот економист на Меѓународниот монетарен фонд, Пјер-Оливие Гуринша. Во интервју за шпански „Паис“, Гуринша изјави дека моменталната инфлација во Европската унија и во еврозоната е помала поради падот на цените на енергијата и храната, но дека базната инфлација […]

НАСА објави нова восхитувачка слика од Сатурн, сликана од вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“


Објавена е нова слика од Сатурн од НАСА, сликана од вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“. На новата слика јасно се гледаат познатите широки прстени на петтата планета на соларниот систем. Планетата е потемна, а на фотографијата се гледа како таа засенува дел од прстените. На левата страна може да се забележат и три точки кои се […]

Просечната возраст на уапсените при протестите во Франција е 17 години


Париз- Продолжуваат масовните протести и немири во Франција, како последица на убиството на 17-годишното момче Нахел Мерзук од страна на полицијата. Жералд Дерманин, министерот за внатрешни работи на Франција изјави дека просечната возраст на демонстрантите кои биле приведени е 17 години, а дека меѓу уапсените има и деца од 12-годишна возраст. Досега се нападнати и […]

И по два уписни рока, во „Раде Јовчевски Корчагин“, „Јосип Броз Тито“ и во „Орце Николов“ има уште слободни места


Гимназиите „Никола Карев“ и „Георги Димитров“ се двете училишта во кои бројот на слободни места е пополнет по два уписни рока. Интересно е дека популарните скопски гимназии „Јосип Броз Тито“, „Орце Николов“ и „Раде Јовчевски Корчагин“, се училиштата во кои и по двете пријавувања, има слободни места. Првото пријавување на учениците се реализираше преку електронско […]

При руски напад врз Первомаиски повредени над 30 лица


Најмалку 31 лице, од кои девет деца, се повредени во руски напад врз украинскиот град Первомаиски во областа Харков. Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак истакна дека помеѓу повредените се и две бебиња. Рускиот напад се случи за време на погребот на украинскиот војник Олег Фадејенко, кој почина во болница од […]

ЕУ објави 54 проекти што ги финансира на Балканот


Од 2020 година, ЕУ одобри вкупно 54 проекти во рамките на економскиот и инвестицискиот план  во обкаста транспортот, енергијата, животната средина, дигиталниот, човечкиот капитал и поддршката од приватниот сектор кои генерираат инвестиции од 8 милијарди евра. Листата на проекти е преставена графички и е фасцинирачка.  Материјалот од над 30 страници можете да го видите на […]

Во петок ќе се решава судбината на Белата палата


Наскоро ќе биде познато дали ВМРО-ДПМНЕ ќе остане без ,,Белата палата”, поточно без луксузното партиско седиште, пишува  „Фокус“. Овој објект беше конфискуван по првостепената пресуда за случајот ,,Талир 2″, а сега Апелација треба да пресуди дали партијата дефинитивно ќе остане со празни раце. Поточно, во петок, на 7 јули, во Апелација е закажана јавната седница […]

Француски медиуми: ПСЖ го раскина договорот со Галтие


Повеќер француски медиуми попладнево објавија за раскин на договорот на Пари Сен-Жермен со тренерот Кристоф Галтие. Според „Le Parisien“, официјално, оставката на Галтие може да биде објавена по назначувањето на Луис Енрике. Наводно, Енрике веќер е во Париз за да потпише договор со ПСЖ. Првата прес-конференција на шпанскиот фудбалски стручњак како селектор на тимот е […]