Француски медиуми: ПСЖ го раскина договорот со Галтие


Повеќер француски медиуми попладнево објавија за раскин на договорот на Пари Сен-Жермен со тренерот Кристоф Галтие.

Според „Le Parisien“, официјално, оставката на Галтие може да биде објавена по назначувањето на Луис Енрике.

Наводно, Енрике веќер е во Париз за да потпише договор со ПСЖ. Првата прес-конференција на шпанскиот фудбалски стручњак како селектор на тимот е закажана за в среда.

Новинарот Андрес Онрубија пренесува дека Енрике ќе потпише договор на две сезони со ПСЖ. Во исто време, не е прецизирано дали во договорот има опција за продолжување.