„Тојота“ и „Фолксваген“ се повлекоа од Русија без опција за повторен откуп на активите


Јапонскиот и германскиот производител на автомобили „Тојота“ и „Фолксваген“ ги префрлија своите активи во Русија без можност да ги откупат. – Трансакцијата за трансфер на активите на „Тојота“, како и онаа со „Фолксваген“, не вклучува опција за повторен откуп на производствените локации, изјави за руски медиуми рускиот вицепремиер Денис Мантуров. Претставници на руските власти и […]

Амбасадорите од Квинтата во Приштина утрово се сретнаа со Курти


Амбасадорите на земјите од Квинтата во Приштина, утрово одржаа средба со премиерот на Косово Албин Курти, а главна тема на средбата се настаните на северот на земјата. Средбата се одржа зад затворени врати, без изјави за медиуми. Сепак, најавена е прес конференција на Курти во 11 часот. Локалните медиуми посочуваат дека се очекува на средбата […]

Одбележан петгодишниот јубилеј на „Европскиот квиз на пари“ во нашата земја


  Во Македонската банкарска асоцијација (МБА) вчера се одбележа мал јубилеј – 5 години „Европски квиз на пари“ во нашата земја. Притоа беа истакнати досегашните солидни резултати на ова европско натпреварување за ученици на возраст од 13 до 15 години, како и подготвеноста за натамошно поттикнување на финансиската едукација на младите генерации. На средбaта, претседателката […]

Во сообраќајка на мотор почина актерот Трит Вилијамс, Холивуд во шок 


Трит Вилијамс, ѕвездата на мјузиклот „Коса“ на Милош Форман и актер со повеќе од 120 улоги, загина во сообраќајна несреќа во американската сојузна држава Вермонт. Вилијамс, чие целосно име беше Ричард Трет Вилијамс, живееше во Манчестер Центар во јужен Вермонт, соопшти полицијата. Според полицискиот извештај, Вилијамс во понеделникот околу 17 часот додека возел со својот […]

Концерт на млади виолинисти од Македонија и Србија на „Виолин фест“ во Филхармонија


Во Камерната сала на Филхармонијата, вечер во 20 часот ќе се одржи концерт на млади виолинисти во рамки на фестивалот „Виолин фест“. На концертот ќе настапат млади инструменталисти од музичките училишта од Северна Македонија и Србија во пијано придружба на Марија Вршкова. На програмата се дела од Крајслер, Виењавски, Бакланова, Кабалевски, Сен-Санс, Барток, Де Фаља […]

Комарците сакаат пиво и џин-тоник


 Ново научно истражување открива дека пивото може да ги направи луѓето „посебно попривлечни“ за комарците, но и џин-тоникот не ни прави никаква услуга. – Пиењето алкохол генерално нè прави попривлечни за комарците, нагласува британскиот професор Џејмс Логан. Тоа се потврдува и во напис во списанието „Журнал на Американското здружение за контрола на комарците“, според којшто […]

Во Прилеп наврнаа 52 л/м2 дожд


Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Прилеп, каде УХМР заклучно со 8 часот изутрина, измери 52 литри наврнат воден талог на метар квадратен. Следуваат  Ѓуриште со 37 литри, Крушево, 31, Попова Шапка, 18,  Крива Паланка, 14, Берово, 12, Куманово, Тетово и Пожаране, 10, Дебар и Маврови Анови, 8, Скопје-Петровец и Виница, 6,…   Дадените […]

„Лајка“ заловува бездомни кучиња во Гази Баба


Од понеделникот, заловувачкиот тим на ЈП „Лајка“ започна со стратешко заловување во општина Гази Баба. Имено, нашиот тим на заловувачи оваа недела (12-16. јуни) ќе заловува во општина Гази Баба и тоа во следните реони: Железара, Фабрика Железара, Автокоманда, Ќерамидница, Маџари, Ченто, Инџиково, Стајковци, Трубарево, Гоце Делчев, Јурумлери, Колонија, Идризово – соопштија од „Лајка“. Втората […]

Струмичкиот и Турскиот театар на фестивалот „Војдан Чернодрински“, меѓународна конференција со фокус на македонскиот театар


Богата фестивалска програма најавува петтиот ден на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Две претстави од официјалната конкуренција, презентација на едукативни работилници, меѓународна конференција, разговори на тркалезни маси се само дел од содржините што ќе се реализираат во Центарот за култура „Марко Цепенков“ и Театарот „Војдан Чернодрински“. Во 10 часот ќе биде отворена детската зона […]

Украински бегалец освоил 500.000 евра од грепка во Белгија


 Бегалец од Украина освоил премија од 500.000 евра на лотарија во Белгија. Добитникот чиј идентитет, според правилата на лотаријата, ќе остане непознат, е маж на возраст меѓу 18 и 24 години и последниве 12 месеци живее во Брисел. Тој минатиот месец купил грепка за пет евра на бензинска пумпа. Тоа значи дека добивката е сто илјади […]

Без вода дел од населба Пролет


 Поради дефект на приклучна цевка на ул. „Страшо Пинџур“ во населба Пролет,  утрово од 9 часот ќе има прекин во снабдувањето со вода во дел од населбата.  Водоснабдувањето ќе биде прекинато  до санирање на дефектот, најави ЈП „Водовод и канализација“ Скопје. 

Големата измама: Како беа украдени или потрошени милијарди долари од помошта за Ковид-19


  Повеќето од кражбите беа дрски, дури и едноставни. Измамниците ги користеле бројките за социјално осигурување на мртви луѓе и на федерални затвореници за да добијат бенефиции за невработеност. Измамниците ги собраа тие бенефиции во повеќе држави, а подносителите на барања за федерални заеми не беа вкрстено проверувани во базата на податоци на Министерството за […]

Мисијата на ОБСЕ во Скопје и ДКСК ќе презентираат Проценка на ризиците од корупција во правосудството


Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја презентираат Проценката на ризиците од корупција во правосудството, изработена во соработка со Здружението на судии и Здружението на јавни обвинители. Документот, како што е најавено, ќе го презентираат шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал, претседателката […]

ЕИТ назначува национален секретар во Македонија


Во Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ денеска ќе биде претставен националниот секретар на на Европскиот институт за иновации и технологија (ЕИТ) во Северна Македонија. Европскиот институт за иновации и технологија (ЕИТ), како независно тело на ЕУ, промовира и финансиски поддржува иновации преку партнерства помеѓу компании и истражувачки и високообразовни институции за […]

Проширувањето е повторно на агендата на ЕУ, бугарското вето е екстремно иритирачко, штетно и многу неевропско


Кандидатурата на Украина и Молдавија го вратија проширувањето во врвот на агендата на ЕУ, тоа оди во прилог и на Северна Македонија и земјите од Западен Балкан, но нема опасност дека ќе бидете претекнати. Употребата на ветото, како можност која ја има секоја земја членка, не е европски чин на однесување, сметаат шпанските аналитичари Чарлс […]

Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар во официјална посета на Македонија


Претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар денеска престојува во официјална посета на земјава, во рамки на која ќе се сретне со нејзиниот домаќин, претседателот Стево Пендаровски, а ќе има средби и со претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски и ќе се обрати на свечена седница во Парламентот. Пирц Мусар ќе биде пречекана […]

„Дефрагментација“ – изложба со дела од колекцијата на МСУ од уметници од Чешка, Унгарија, Полска и Словачка


Во Музејот на современата уметност – Скопје вечер во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Дефрагментација“ со дела од колекцијата на МСУ-Скопје, подарени од уметници од Чешка, Унгарија, Полска и од Словачка – земјите кои ја сочинуваат Вишеградската група. Куратори на изложбата се Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец, а ќе бидат изложени вкупно 96 дела […]

Во Сараево ретроспектива на анимираниот филм на Македонија и на БиХ


Ретроспектива на анимирани филмови од Северна Македонија и Босна и Херцеговина со филмска изложба и реализација на проекции на анимирани филмови од двете земји ќе се одржи денеска и утре во Сараево, во кино Митинг Поинт. Настанот е на инцијатива на НУ Филмски Центар „Вардар Филм“ – Скопје, а го организираат заедно со Сараевскиот филмски […]

Променливо облачно со повремен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Кон крајот на денот облачноста и врнежите постепено ќе се намалуваат. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени. Во Скопје променливо облачно со повремен дожд и […]

Астрономски календар


 Денеска е вторник, 13 јуни 2023 година, 164-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 201 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 10 минути. Денов трае 15 часа и 12 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]