Концерт на млади виолинисти од Македонија и Србија на „Виолин фест“ во Филхармонија


Фото: Б Грданоски

Во Камерната сала на Филхармонијата, вечер во 20 часот ќе се одржи концерт на млади виолинисти во рамки на фестивалот „Виолин фест“.

На концертот ќе настапат млади инструменталисти од музичките училишта од Северна Македонија и Србија во пијано придружба на Марија Вршкова. На програмата се дела од Крајслер, Виењавски, Бакланова, Кабалевски, Сен-Санс, Барток, Де Фаља  и др.

Организатор на фестивалот е виолинистот и концерт-мајстор на Филхармонијата Владимир Костов.

-Идејата да се одржи ваков фестивал кој треба да прерасне во традиционален, е желбата да се презентираат на едно место младите виолинисти од цела Македонија, без разлика на нивната возраст. Фестивалот ги обединува успесите на учениците, нивните достигнувања, капацитетот, квалитетот и талентот, претставувајќи го притоа и развојот на педагошката дејност во Македонија, вели Костов.