Арсовска ги извалка чевлите во Шуто Оризари – се асфалтира 450 метри улица


Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска беше на терен во општината Шуто Оризари каде за првпат почна изградбата на крак 38 на улицата „Македонско Косовска Бригада“. – Овој проект кој е оценет како еден од заедничките приоритети се реализира од ЈП Улици и патишта, по налог на Град Скопје. Со реализацијата на овој проект, […]

Нов протест на жителите на Горна Река против сечата на шума во НП „Маврово“


Со едночасовна блокада на регионалниот патен правец Гостивар-Маврово-Дебар, кај месноста Бунец, и истакнување на нови барања, жители на селата во регионот на Горна Река денеска одново протестираа против сечата на шума и управувањето со природата на територија на Националниот парк „Маврово“. Протестот пот мотото „Не сечи, не убивај“ го организира здружението за рурален развој „Преродба […]

Градоначалникот на Кукс поднесе оставка по секс скандал


Градоначалникот на северниот албански град Кукс, Сафет Ѓици, поднесе оставка од функцијата, по објавувањето на видео на кое се појавува во интимни моменти со девојка во неговиот кабинет во Општината. Во реакцијата на социјалните мрежи, Ѓици наведува дека станал плен на стапица, која, според него, била детално подготвена. -Најдлабоко извинување до јавноста до секој што […]

Сѐ повеќе смртни случаи од дрога


Во најновиот извештај на Европскиот мониторинг центар за дроги и зависности од дроги (ЕМЦДДА) се наведува дека продолжуваат да се зголемуваат смртните случаи во Европа предизвикани од дрога. Според податоците на ЕМЦДДА најголем број починати лица од дрога во земјите-членки на ЕУ се регистрирани во Германија. Бројот на смртни случаи поврзани со дрога во Германија […]

Ескобар не сака да чуе за референдум, бара од Курти да исполни тоа што потпишал


Заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, на брифинг со новинари од регионот ја отфрли можноста Приштина преку референдум да носи одлука дали да формира или не Заедница на српски општини. Тој нагласи дека договорот во Охрид и Бриселскиот претходно што го потпишаа Србија и Косово е легално обврзувачки  […]

Путин: Зеленски е срам за еврејскиот народ


  Рускиот претседател Владимир Путин, говорејќи на пленарна седница на Економскиот форум во Санкт Петербург, рече дека има „многу еврејски пријатели“ кои зборуваат за претседателот на Украина, дека „[Владимир] Зеленски не е Евреин, туку е срам да еврејскиот народ“. Вака Путин му одговори на американскиот политиколог Дмитриј Сајмс (тој ја модерираше пленарната седница со учество […]

Потрошувачката на странците го зголеми црногорскиот БДП


  Бруто домашниот производ (БДП) на Црна Гора е зголемен во првиот квартал годинава во однос на истиот период лани за 6,1 отсто, најмногу благодарение на растот на потрошувачката на домаќинствата, објави вчера Дирекцијата за статистика Монстат. БДП за овие три месеци изнесуваше 1,22 милијарди евра, додека за истиот период лани 1,03 милијарди. БДП имаше […]

Си-ен-ен: Бајден подготвен да отстрани една од пречките за влез на Украина во НАТО


Американскиот претседател Џо Бајден е подготвен да отстрани една од пречките за влез на Украина во НАТО, изјави неименуван владин претставник за Си-Ен-Ен.  Според него, Бајден би бил подготвен да го отфрли Планот за членство (МАП) за Украина, кој беше опишан во договорот од 2008 година како „следен чекор за Украина… на нивниот директен пат […]

Дождот и влагата ѝ наштетија на пченицата во Пелагонија


  БИТОЛА – Житото во големата и плодна Пелагонија зрее, ама влагата од интензивните и долготрајни врнежи од дожд и наместа од град прават штета на родот, се жалат земјоделците од битолскиот регион. Кај житните култури веќе е појавена ‘рѓата како последица на влажното време. Таа е опасна бидејќи прави рани во вид на дамки […]

Германските економски институти сега очекуваат рецесија оваа година


  Германија ќе ја заврши годината со рецесија, оценија во четвртокот водечките домашни економски институти. Економските истражувачки институти IfW и RWI во Кил и Есен ги ревидираа нивните претходни прогнози за кревок раст до рецесија од 0,3 процентни поени. Во исто време, Берлинскиот институт за германска економија DIW објави прогноза, во која се предвидува малку […]

Ковачевски: Ова е голема одлука на Бундестагот


  Премиерот Димитар Ковачевски, во интервју за Канал 5, ја поздрави одлуката на германскиот парламент, кој усвои резолуција со која ги потврдува македонската култура, јазик, идентитет. За премиерот Ковачевски, оваа одлука на Бундестагот е потврда на недвосмислената поддршка на Северна Македонија за зачленување во ЕУ со својот идентитет, јазик, култура и историја како дел од […]

Прилепски Кризен штаб: Превентивно дејствување на институциите поради обилните врнежи од дожд


Превентивно да се дејствува и сиот физички потенцијал и механизација на јавните комунални претпријатија постојано да бидат ажурни поради перманентните врнежи од дожд, беше констатирано на денешниот состанок на прилепскиот општински Кризен штаб и на Советот за безбедност на Прилеп. Особено да се покаже подготвеност зашто поројните дождови проследени со невреме во два наврати предизвикаа […]

Просечната цена на струјата на HUPX берзата изнесува 118,55 евра за мегават час, на МЕМО 108,29 евра за мегават час


Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за денеска просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 118,55 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 108,29 евра/mwh Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 20:00) (peakload) на HUPX постигна ниво 108,81 […]

Курти сакал да ја деескалира ситуацијата во Косово


Се наоѓаме во едно проблематично време, но со основниот договор со Србија за којшто се согласивме за нормализација којашто е фактички фокусиран на заемно и меѓусебно признавање, се надевам дека ќе можеме да ги нормализираме односите и да ја деескалираме ситуацијата на терен, порача денеска од Струга во рамки на Преспа форумот косовскиот премиер Албин […]

Патот Велес-Градско следната недела ќе биде затворен за сообраќај од 8 до 18 часот


Авто-Мото Сојуз известува дека делницата Велес-Градско ќе биде затворена поради асфалтирање во текот на следната недела, односно од понеделник до петок во периодот од 8 до 18 часот. – Во однос на објектот „Рехабилитација на Регионален пат Р1102, делница Велес – Градско“, Ве известуваме дека поради вградување на асфалтен слој (асфалтирање), од 19.06 до 23.06.2023 […]

Турција: Опозицијата се мачи да закрепне од поразот на изборите


  ИСТАНБУЛ – Турската опозиција, која сè уште не може да се опорави од поразот на изборите од претседателот Таип Ердоган, претрпе нов удар врз своите изгледи за закрепнување во четвртокот кога судот започна со расправа против една од нејзините најсветли ѕвезди под обвинение за местење тендери. Случајот против градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, започна […]

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата


Вработените во Филхармонија, денеска, на нов протест пред Владата, повторно побараа промена на одлуката во објектот наменет за потребите на симфонискиот оркестар да биде сместена уште една институција. – Првична идеја беше новата институција да биде постојано сместена во објектот на Македонската филхармонија, а дури потоа се додаде референцијата привремено, за да се изманипулира јавноста […]

Влезот во Охрид по новиот пат ќе се пушти по 10 јули


Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, денеска извршија увид во градежните активности на автопатот Охрид – Кичево, на делницата од Охрид до Подмоље. „Очекувам по тоа што го разговаравме до 10 јули да завршат градежните активности во овој дел, да започнеме потоа со […]

Софија негира дека ќе и се загади морето по колапсот на браната во Украина


Паниката за загадувањето на морските води по експлозијата на браната „Нова Каховка“ се прави намерно, искоментира денеска пред медиумите во Варна министерката за туризам на Бугарија, Зарица Динкова. Таа ја посети Вишата поморска школа (ВВМУ) во градот за да видим како се врши следењето на чистотата на водата. -Мислам дека е очигледно дека намерно се […]

Осумдесет години од масакрот кај Ваташа: Да не се заборави и да не се повтори


  Во месноста Моклиште кај кавадаречкото село Ваташа, денеска беа одбележани 80 години од стрелањето на 12 младинци од страна на бугарските окупаторски војски за време на Втората светска војна. Во изјава за медиумите, министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска рече дека после 80 години од убиството на 12 млади ваташки деца, денес болката е […]