Цените на гасот во Европа повторно растат. Дали полните резервоари ќе спречат нова енергетска криза


Цените на природниот гас во Европа се зголемија за повеќе од половина досега во јуни по неколкумесечните падови, што е вознемирувачки потсетник на минатогодишната енергетска криза. Референтните цени на фјучерсите на гасот се зголемија за 52% од почетокот на овој месец до 35 евра (38 долари) за мегават час, според податоците на Independent Commodity Intelligence […]

Театарот  се врати дома, а дали е Прилеп град театар ?


Под мотото „Враќање дома“ најреномираниот и најстар национален фестивал на театарската уметност, осум дена, од 9 до 16 јуни, на сонце и на дожд, на затворено, и на отворено, дење и ноќе, за деца и за возрасни, во патики и на штикли, ја славеше театарската уметност со претстави, разговори на тркалезна маса, промоции на книги […]

Модриќ одби 200 милиони евра во Ал-Хилал за три години, заради една сезона во Реал


 Лука Модриќ се откажа од 200 милиони евра за три години во Ал Хилал за една сезона во Реал Мадрид. Според новинарот Џанлука Ди Марцио, играчот од средниот ред ја одбил понудата од Саудиска Ал-Хилал со која би му биле дадени 200 милиони евра за три години за да остане во Реал Мадрид. Пред еден […]

Најавено проширување на граничниот премин Станке Лисичково – Делчево


 Граничниот премин Станке Лисичково – Делчево, кој ги поврзува Република Северна Македонија и Република Бугарија наскоро ќе биде проширен, информира бугарски портал „Благоевград.ЕУ“ со седиште во Благоевград.  Целта како што наведуваат оттаму да се зголеми пропусната моќ на контролниот пункт и да се намали времето на проверка на патниците. Во информацијата е наведено дека сегашното […]

Делегација на африкански лидери кај Путин, ќе разговараат за Украина


Претседателот на Јужноафриканската Република, Сирил Рамафоса денеска пристигна во Русија, еден ден по посетата на Киев. Предвидено е Рамафоса во Санкт Петербург да се сретне со рускиот колега Владимир Путин, со кој ќе разговара за ситуацијата во Украина. Рамафоса ја предводи африканската делегација составена од сенегалскиот лидер Маки Сал, претседателот на Замбија, Хакаинде Хичилема, египетскиот […]

Затрупан влезот во градската депонија на Кочани, отпадот се истура покрај патот кон Пониква


Влезот во градската депонија на Кочани денеска е затрупан со отпад и комуналните возила на КЈП „Водовод“ не можат да влезат внатре за да го депонираат ѓубрето. Купиштата отпад се расфрлани и од двете страни на регионалниот патен правец кон Пониква, а од распаѓањето на органските отпадоци се шири силна смрдеа и се излева течност […]

Невремето не ја заобиколи и Грција: Поплави во Солун и на Халкидики


Обилните дождови предизвикаа проблеми во Солун и во реонот на Муданија, на полуостровот Халкидики, изјави директорот на Службата за цивилна заштита на регионот Централна Македонија, Хараламбос Стергиадис, Тој додаде дека дождот предизвикал прекин во снабдувањето со електрична енергија во регионот Муданија. Противпожарната служба примила повеќе од 300 итни повици низ северна Грција, вклучително и Солун […]

Акција за чистење на улиците и јавните површини во Центар


 Службите од ЈП „ПОЦ“ задолжени за одржување на хигиената на терторија на Општина Центар спроведуваат акција за расчистување на улиците и јавните површини во општината. -Во тек е пролетното уредување и детално чистење на сите паркиралишта. Деновиве од отворениот простор на паркингот кај Домот на Армијата беа отстранети стари и искршени клупи, прозори, стакла и […]

Талибанците го прогласија за национален празник денот кога од земјата замина последниот американски војник


Талибанската Влада денеска го прогласи 31 август за национален празник. На 31 август 2021 година последниот американски војник го напушти Авганистан. Генерал-мајор Крис Донахју беше последниот американски војник што го напушти аеродромот во главниот град Кабул на полноќ на 30 август 2021 година. САД и нивните сојузници се повлекоа од Авганистан по 20-годишно воено присуство. […]

И Албанија ќе го легализира канабисот за медицински цели


 Албанската владата го одобри предлог-законот за производство и употреба на канабис за медицински и индустриски цели. Согласно законот, ќе се формира и Национална агенција за контрола, која ќе дава лиценци на компаниите и ќе го следи пазарот. -Со овој Предлог-закон се дефинира регулаторната рамка за тоа како ќе се иницира процесот. Целта е регулирање и […]

Анастасов: Граѓаните на Пробиштип, екологистите и локалната власт се против отворањето на рудникот „Плавица-Црн Врв“


Граѓаните, еколошките активисти и локалната власт на Пробиштип се единствени и испраќаат порака дека се против отворањето нов рудник за злато „Плавица-Црн Врв“, кој ќе се протега на територија на Пробиштип и Кратово. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов во видео интервју во прес-центарот на МИА во Штип, вели дека доколку се отвори и овој […]

Нормализиран сообраќајот на патот Градско-Прилеп


Сообраќајот на патниот правец Градско-Прилеп е нормализиран од 14:10 часот, информира АМСМ. Овој патен правец беше во целосен прекин од 7:20 часот поради обилни врнежи од дожд и излевање на Раечка Река, кај село Раец. Покрај тоа, на клучката кај местото викано „Мотел Дреново“ на коловозот имаше големо количество вода, а кај „Плетвар“ пред тунелите […]

Силен земјотрес на Филипините


Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала ги погоди денеска островите Бабујан на северот на Филипините, соопшти Сеизмолошкиот институт на САД. Земјотресот бил на длабочина од 34 километри. Државната сеизмолошка агенција на Филипините соопшти дека се очекуваат последователни потреси, но не е забележана штета како резултат на земјотресот, кој се случил под површината […]

Грција побара помош од Европол во истрагата за катастрофата со бродот со мигранти


 Грчките органи за спроведување на законот побараа од европската полиција Европол поддршка во нивната истрага за катастрофата со бродот со мигранти во Средоземното Море, во која се верува дека загинаа неколку стотици луѓе, додека потрагата по преживеани завршува, јави ДПА. Истрагата се фокусира на деветмината преживеани кои беа уапсени како осомничени шверцери. Еден од нив […]

Новите „Греми“ правила бараат човечки придонес без вештачка интелигенција


„Само човечки креатори се подобни“ за „Греми“, објави во петокот Академијата за снимање, бидејќи телото што ги доделува најпрестижните музички награди во светот се обидува да ја ограничи употребата на вештачка интелигенција (ВИ) во индустријата. Работата исклучиво со вештачка интелигенција е забранета, но одредена музика создадена со помош на вештачка интелигенција може да се квалификува […]

„Интел“ отвора фабрика за микрочипови во Полска вредна 4,6 милијарди евра


Производителот на микрочипови „Интел“ во петокот објави дека ќе отвори нов објект од 4,6 милијарди евра во Полска за да го зголеми капацитетот на компанијата во Европа. Американската компанија избра локација во близина на градот Вроцлав во југозападна Полска, а фабриката треба да започне со работа во 2027 година. Компанијата минатата година објави дека Полска […]

Роденденска парада за британскиот крал Чарлс Трети


Во Лондон денеска се одржува роденденска парада за Чарлс Трети и тоа е прва парада за новиот британски крал кој ја враќа традицијата со тоа што ќе помине покрај војници на коњи и во свечена униформа. Кралицата Елизабета Втора (Елизабета), која почина во септември на 96-годишна возраст, од 1986 година не се појави на коњ […]

Големи свлечишта, штети на патната инфраструктура по вчерашните поплави во Крива Паланка, село Трново е отсечено


По синоќешните поплави во Крива Паланка предизвикани од големото невреме и поројните врнежи од дожд, денеска на терен се распоредени сите екипи од општинските служби, од ЈП Комуналец, ЈП Македонија пат и останати за санирање на штетите, расчистување на наносите и утврдување на состојбите на терен. Доцна синоќа на итен состанок на општинскиот Штаб за […]

АМСМ: Во прекин локални патишта во Крива Паланка, на граничниот премин Богородица за излез се чека околу 30 минути


Поради излевање на Крива Река, во прекин ќе бидат локалните патишта од Крива Паланка кон селата Варовиште и Градец. Во кумановското село Пчиња има собрани дрвја и гранки под мостот на реката Пчиња, со што е намален протокот на реката, па постои опасност од излевање и оштетување на мостот, информира АМСМ. Претходно, како што соопштија, […]

Не патувајте кон Раец, Фариш и кон Прилеп, порачува градоначалникот на Кавадарци


По невремето што го зафати Кавадарци, на терен на повеќе локации интервенираат служби од Мој Општинар, ТППЕ Кавадарци и ЈП Комуналец, информираат од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Оттаму појаснуваат дека обилниот дожд предизвика големи оштетувања на колекторот каде што се работи веќе некое време, кај мостот на Северен булевар. Се известуваат сите граѓани […]