Ковачевски не го дели песимизмот на Црвенковски за ЕУ, вели се зависи од перспективата


  Премиерот Димитар Ковачевски ја оцени позитивно идејата на поранешниот премиер и претседател на државата Бранко Црвенковски околу потребата земјите од регионот да станат дел од заедничкиот европски пазар и да имаат пристап до европските фондови, но не се согласи со неговиот песимизам околу тајмингот за полноправно членство во Европската унија. „Кога ќе погледнете од […]

Малолетник заврши во болница откако автомобил го удрил на „Партизанска“


Во понеделникот, околу 21.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“, патничко возило „сузуки свифт“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(22) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје. По несреќата, малолетникот бил префрлен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од лекар му се констатирани тешки телесни повреди, Увид на местото […]

Изненадувачки промени во „Алибаба“: Еди Ву го заменува Даниел Џанг како извршен директор


Групацијата „Алибаба“ (Alibaba Group) во вторникот во ненадејно соопштение објави дека Еди Ву ќе го наследи Даниел Џанг на функцијата извршен директор. Планот доаѓа откако најголемата кинеска компанија за е-трговија во март објави дека ќе ја подели групацијата на шест деловни групи. Компанијата тогаш објасни дека тоа ќе ѝ овозможи на секоја деловна групација да […]

Радев: Уставот е темелот на државното уредување – затоа, внимателно!


Уставот е темелот на државното уредување и општествените односи, а интервенцијата во овој темел и неговата промена мора да се направат крајно внимателно, за да се гарантира одржливост на општествено-политичките процеси, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев по отворањето на тридневниот форум „Зелена недела 2023“, посветен на зелената транзиција во земјите од Централна и Источна […]

Активистот Суад Мисини штрајкува со жед за секој да добие матична евиденција


 Претседателот Стево Пендаровски утрово го посетил активистот Суад Мисини, кој во текот на вчерашниот ден почна штрајк со жед, со цел да им помогне на граѓаните кои имаат проблем со личните документи. Како што информираше Пендаровски на својот фејсбук профил, во разговорот го информирал Мисини дека го потпишал Указот на законот со кој се изменува […]

ФЕИТ ги промовираше новите инженери и магистри – 53 отсто се девојки


Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ја промовираше новата генерација дипломирани инженери по електротехника и информациски технологии и новите магистри. Свечено во големата сала на Филхармонијата  дипломите им беа врачени на 146 нови инженери и 44 магистри кои студиите ги завршија на ФЕИТ. Во оваа нова генерација дипломци, дури 77 или 53 отсто се […]

Маж во Нов Зеланд со секира нападна гости во ресторани, четири лица повредени


Четири лица се повредени, од кои едно потешко, кога маж со секира нападнал гости во три кинески ресторани во предградието на Окленд, Нов Зеланд. Осомничениот денеска кратко се појави во судот. Полицијата на лице место го приведе осомничениот, 24-годишен кинески државјанин и поднесе кривична пријава за ранување со намера да нанесе тешка телесна повреда. Полицијата […]

Се враќаат батериите што корисникот може да ги замени


Нова регулатива ќе ја зајакне позицијата на потрошувачите откако во Европскиот парламент беше изгласан извештај за батерии и отпадни батерии, кој ќе донесе и нови обврски за производителите. Имено, според новите правила, тие ќе треба да дизајнираат батерии во уреди за да можат потрошувачите сами да ги заменат. На овој начин конечно се става крај […]

МЗШВ: Земјоделците да аплицираат за субвенции за поледелски култури


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ги повикува земјоделците навреме да аплицираат за директните плаќања од Програмата за 2023 година, по обработлива земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија, освен за тутун. – Корисници на овие субвенции се земјоделски стопанства кои во произведната 2022/2023 година имаат засеани и ожнеани површини […]

Пендаровски: Ако опозицијата опстои на променетиот став, уставните измени не се недостижни


Опозицијата направи промена од 180 степени во однос на сопствените тврдења во изминатите месеци и на лидерската средба од нивна страна не беше спомнат бугарскиот диктат, ниту дека овој парламентарен состав нема мандат за уставни промени и ако продолжат да се држат до овој нов пристап, без споменување на небулозните тврдења дека само како Бугари […]

Пандев со критика по дебаклот од Англија


Лавина од реакции на социјалните мрежи предизвика синоќешниот пораз на македонската фудбалска репрезентација на гостувањето во Англија (0-7), а со остри критики на адреса на раководството на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и националниот тим се огласи и поранешниот капитен на „црвено – жолтите“, Горан Пандев. Коментирајќи на фотографија на Инстаграм стори на која се […]

Трае потрагата по подморницата што одеше до „Титаник“: На неа се познати истражувачи


Официјално нема информаци за тоа кој сѐ се наоѓа во подморницата која во неделата нурна во водите на Атланскиот Океан за да стигне го остатоците од легендарниот брод „Титаник“, кој потона на своето прво патување.  Но, роднините на патниците споделуваат информации, па така веројатно во подморницата се наоѓа и извршниот директор на компанијата која го […]

Жена се изгубила додека берела печурки во Охридско, пронајдена е дури утрово


Регионалниот ЦУК Охрид, известува од СВР Охрид дека едно лицето од с. Горно Средорече дека се изгубило од 20:40 часот вчера (20.06.2023 година) и по него е организирана потрага. По целовечерна, тимски комбинирана, потрага во раните утрински часови изгубеното лице е пронајдено во добра здравствена состојба. „Имено, сопругот, кој го пријавил исчезнувањето, информирал дека биле […]

Онлајн-аплицирањето за упис во средно образование завршува утре во 15 часот


Првото пријавување на учениците за упис во прва година во јавните средни училишта за учебната 2023-2024 година ќе заврши утре во 15 часот. Дотогаш ученците може да ги пополнуваат своите пријави (апликации). Потоа системот ќе биде затворен за онлајн-аплицирање од ученици, кое се спроведува преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование […]

Концертот со Белградска филхармонија е трет настап на Мехта во Скопје


На 24 јуни, во 20 часот, во концертната сала на Македонската филхармонија ќе гостува Белградска филхармонија предводена од славниот маестро Зубин Мехта во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“. Мехта ќе го предводи оркестарот на Белградската филхармонија во изведбата на Симфонијата бр.7 од Лудвиг ван Бетовен и „Фантастичната симфонија“ од Хектор Берлиоз. Со своите 87 години, […]

„Шпигел“: Германија има уште само 20 илјади високо експлозивни артилериски гранати


Германските вооружени сили имаат уште само околу 20 илјади високо експлозивни артилериски гранати. Германскиот неделник „Шпигел“ ја објави оваа информација повикувајќи се на доверливи документи на Министерството за одбрана, подготвени да ја убедат Комисијата за буџет во врска со потребата од итна набавка.. Како што е наведено, германската Армија треба да направи околу 230 илјади […]

Без вода корисниците од булевар „Илинден“ и Градски парк


„Водовод и канализација“ информира дека денеска од 09 часот поради уличен дефект без вода ќе бидат улиците „Индира Ганди“, „Пелагонија“ и ул.31.  Поради дефект на водоводна шахта од 9 часот без вода ќе бидат и корисниците од булеварот Илинден и Градскиот Парк. Водоснабдувањето ќе биде прекинато  до завршување на дефектот.

Серија нови руски воздушни напади врз Украина


Русија во текот на ноќта започна серија напади врз Украина. Експлозии одекнаа во градот Запорожје, Л’вов на западот на земјата во близина на границата со Полска, а нападнат е и главниот град Киев. Воената администрација на Киев соопшти дека Москва започнала напад со беспилотно летало во раните утрински часови, предупредувајќи ги жителите да се засолнат, […]

Зошто Путин никогаш нема да се согласи на деескалација?


Путин нема да има многу корист од блискиот прекин на војната, особено ако украинската контраофанзива се покаже успешна. Аналитичарот Максим Саморуков во напис во списанието Форин полиси истакнува дека рускиот претседател Владимир Путин никогаш нема да прифати каков било план за намалување на интензитетот на разорната војна против Украина. Тој истакнува дека конфликтот му овозможил на […]

Холандска компанија купува мнозински удел од клиниката „Жан Митрев“


Холандската компанија „Балкан Алајанс Хелткер Б.В.“ стекнува директна контрола врз приватната здравствена установа – клиничка болница „Жан Митрев“ преку купопродажба на удели, дознава „Блумберг Адрија“. Балкан Алајанс Хелткер Б.В.“ е друштво основано согласно регулативата на Холандија, со седиште во Амстердам и во рамките на својата инвестициона политика има намера да стапи во стратешко партнерство со […]