Норвешка ќе одвои над 20 милиони евра за зацврстување на нуклеарната безбедност на Украина


Осло – Норвешка вчера соопшти дека ќе одвои 250 милиони норвешки круни (приближно 21,5 милиони евра) за зацврстување на нуклеарната безбедност на Украина поради загриженост за ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје по уништувањето на браната Каховка, јавија француските меидуми. „Нелегалната војна што ја почна Русија претставува закана за нуклеарната безбедност и безбедноста во Украина“, се наведува […]

ФМУ организира мини танцов фестивал


Факултетот за музичка уметност (ФМУ) – Скопје од денеска до 24 јуни  првпат организира мини танцов фестивал „Creadance Dance: Вечери на класичен и современ танц“ чија цел е  да се овозможи претставување на студентите на ФМУ од катедрата за балетска педагогија и алумните на факултетот. -Покрај тоа, концептот ги соединува идните студенти и професионалниот танцова […]

Пендаровски ќе се обрати на конференција за предизвиците од дезинформациите


„Градење општествена отпорност кон штетните влијанија на дезинформациите во Република Северна Македонија“  е насловена конференцијата што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Претседателскиот центар за политичко образование и во соработка со фондацијата „Метаморфозис“.   На отворањето ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски, холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, како и Бардил Јашари, извршен […]

Предлогот за уставните измени на владина седница, непроменети ставовите на власта и опозицијата


Предлог-иницијативата за уставни измени која од минатата недела е во владина постапка најверојатно денеска ќе биде разгледана и усвоена на седница на Владата, најави министерот за правда, Кренар Лога. Премиерот Димитар Ковачевски вчера повторно го повика ВМРО-ДПМНЕ да опстои на искажаното на прес-конференцијата по лидерската средба одржана на 7 јуни и заеднички да ги донесат […]

Институтот за македонски јазик со свечена академија ќе одбележи 70-годишен јубилеј


Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје денеска со свечена академија ќе одбележи 70 години од основањето и 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи“ од Крсте Мисирков. Како што е најавено, на академијата ќе се обратат претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, и директорката на Институтот за македонски јазик, Елена Јованова-Грујовска. 

Украина исполнила два од седум услови за почеток на преговорите во ЕУ


Брисел – Во извештај на Европската унија оваа недела ќе се наведе дека Украина исполнила два од седумте услови за почеток на преговорите, рекоа два извори од ЕУ, додека Европската комисија одлучи да го нагласи напредокот и покрај воената состојба предизвикана од руската агресија. Во многу симболичен потег, ЕУ го гарантира формалниот кандидатски статус на […]

Сончево и топло до 33 степени, стабилно време и во наредните денови


Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 33 степени. Во Скопје сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 20 јуни 2023 година, 171-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 194 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денов трае 15 часа и 14 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Англија ѝ го нанесе најтешкиот пораз на македонската фудбалска репрезентација


Рекорден пораз во својата историја претрпе вечерва македонската фудбалска репрезентација на гостувањето во Манчестер од англиската селекција. Дуелот од квалификациите за Еуро 2024 на „Олд Трафорд“ заврши со 7:0 за домаќините. Избраниците на селекторот Благоја Милевски беа немоќни на секој дел од теренот. Англичаните „голеадата“ ја почнаа во 29.минута кога резултатот го отвори Хари Кејн. […]

Битиќи: Стапката на инфлација наскоро ќе биде едноцифрена, струјата не треба да поскапи


Стапката на инфлација наскоро ќе биде едноцифрена, се бара системско решение за сите вработени во јавниот сектор, а цената на струјата не треба да се зголеми и Владата ќе стори се во таа насока. Ова се само некои од пораките што ги упати вечерва вицепремиерот Фатмир Битиќи. Во гостувањето на Македоската телевизија, Битиќи се осврна […]

(Фото) Во Германија пронајден меч стар 3000 години, погледнете како изгледа


Археолозите пронајдоа меч стар повеќе од 3.000 години на гробница во Баварија, Германија. Мечот е толку добро сочуван што сè уште свети, се вели во соопштението на Баварската државна канцеларија за зачувување на спомениците, пренесува CNN. Откриен е пред десет дена на локалитетот во Донау-Рис, а археолозите веруваат дека станува збор за погребен ритуал при […]

Затворањето на нуклеарките не ѝ наштети на Германија, тврди експерт


  Германскиот енергетски систем нема проблеми по затворањето на последните три нуклеарни централи во средината на април, тврди еден експерт. Снабдувањето со енергија по напуштањето на нуклеарната централа оди многу добро, изјави Клаудија Каемпферт од германскиот институт за економски истражувања. „Преостанатите три нуклеарни реактори произведоа нешто помалку од шест отсто од електричната енергија“ во Германија, […]

Зделка од соништата: „Ербас“ доби нарачка на рекордни 500 авиони од индиска нискобуџетна авиокомпанија


Индиската нискобуџетна авиокомпанија „ИндиГо“ (IndiGo) нарача рекордни 500 авиони А320 од европскиот производител на авиони „Ербас“ на саемот за воздухопловство во Париз. Како што јави француската новинска агенција АФП, ова е досега најголемата зделка во цивилното воздухопловство, а неговата вредност се проценува на 55 милијарди долари (50,4 милијарди евра). Според раководството на компанијата, нарачката од […]

Делови од Аеродром утре без вода


Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека на ден 20.06.2023 година ( вторник ) поради изведување на водоводен приклучок Ф 200 мм на улица „Венијамин Мачуковски“ 36 . Со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улица „Венијамин Мачуковски“ и „Анастас Митрев“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување на работите.

Прилеп се гордее и со Музејот за тутун- еве зошто е уникатен на Балканот


За Прилепчани или родени во Прилеп, уникатниот Музеј за тутун е нормална работа. За гостите од Македонија и од странство е луксузна оаза која раскажува приказни за славни принцези, кралеви, султани, славни личности, актери и наследници.  Како гости на 57.МТФ „Војдан Чернодрински“ ја имавме ретката можност да го посетиме Музејот, eдинствен  од овој вид на […]

Повеќе од осум милиони Британци користат антидепресиви


 Над осум милиони Британци или 12 проценти од населението на Велика Британија, користат антидепресиви, соопшти Државната здравствена служба (НХС). Според истражувањето, два милиони луѓе користат антидепресиви повеќе од пет години. Најновите податоци за долготрајната употреба на антидепресивите, за периодот од 2018 до 2022 година, даваат генерална слика, но не и детали за евентуалните последици, се […]

Пендаровски ги посети критичните подрачја погодени од невремето во Крива Паланка


Претседателот Стево Пендаровски денеска ги посети најкритичните локации со свлечишта во Општина Крива Паланка настанати од поплавите што изминативе денови беа предизвикани од поројните врнежи од дожд. Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски,со претставници од општинските служби го информираа претседателот Пендаровски за настанатите штети во градот и околината, за состојбата на патната инфраструктура, свлечиштата од […]

Марк Ентони го доби седмото дете со 31 година помладата мис


Глобалната музичка ѕвезда и поранешен сопруг на Џенифер Лопез, Марк Ентони, заедно со неговата нова сопруга Надија Фереира, поранешна мис Универзум на Парагвај  за 2022 и прва придружничка на мис Универзум во 2021 година, го добија своето прво дете, а среќната вест ја споделија на социјалната мрежа Инстаграм. Иако не го открија полот на бебето, […]

Норвешката Влада предлага 40 отсто од управните одбори на големите и средни компании да бидат жени


Големите и средни приватни компании во Норвешка што не котираат на берзата мора да имаат менаџмент составен од најмалку 40 отсто жени, се наведува во денешниот нацрт-закон предложен од Владата. Норвешка беше прва во светот која во 2005 година воведе задолжителна квота за жени во одборите на котирани компании, што предизвика меѓународен бран и другите […]

Каде во ЕУ е најчиста водата за капење ова лето


Повеќето места за капење во Европа ги исполниле најстрогите стандарди за квалитет на водата во 2022 година, според најновиот извештај на ЕУ за водата за капење. Најчисти места за капење кои ја добија оценката „одлично“ се во Кипар, Австрија, Грција и Хрватска. Во Малта, Бугарија, Романија, Словенија и Луксембург, сите оценети води за капење го […]