Демир Капија една од трите општини избрана за изработка на план за енергија и клима


Општина Демир Капија е една од трите општини од земјава, кои годинава се избрани на јавниот повик за општини за изработка на локален план за енергија и клима, информираше попладнево демиркапискиот градоначалник Лазар Петров. – Оваа активност се спроведува во рамките на проектот „Зголемување на отпорноста кон климатските промени на локално ниво“, кој е финансиран […]

Kинески компании и државјани се обвинети во САД за трговија со опасен опиоиден лек


Четири кинески компании се обвинети во САД за тргување со хемиски производи за производство на фентанил, опасен опиоиден лек, соопшти денеска американскиот министер за правда Мерик Гарланд. Обвинети се и осум вработени или функционери на тие компании, а двајца од нив се уапсени, додаде Гарланд на прес-конференција. Само една од компаниите беше обвинета дека увезла […]

Борел: Ескалацијата на северот на Косово станува опасна, нема тоа да го толерираме


Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел изјави дека и покрај вчерашната кризна средба во Брисел, ескалацијата на северот на Косово продолжува и станува опасна и да нема тоа да се толерира, јави дописникот на МИА од Белград. -Многу сме вознемирени од ситуацијата на северот на Косово: Апсења на Срби, маршот на Косовските безбедносни сили во […]

Европол: Разбиена мрежа на шверцери на дрога претежно составена од Албанци


Во заедничка акција на Европравда, Европол и органите на прогонот во Германија, Италија и Холандија, разбиена е мрежа на шверцери на дрога главно составена од албански државјани, а во таа прилика беа уапсени 35 осомничени и претресени 51 место. Во акцијата учествувале повеќе од 600 полицајци, а криминалната мрежа наводно е одговорна за големиот шверц […]

Сопственикот на Челзи го купува француски Стразбур


 Американскиот конзорциум „BlueCo“, кој лани го купи премиерлигашот Челзи, ќе ја презема контролата и врз францускиот фудбалски прволигаш Стразбур. Англиските медиуми јавија дека сопственикот на Челзи, американскиот милијардер Тод Бојли и неговите соработници, за мнозинскиот пакет акции на Стразбур ќе платат околу 70 милиони евра. „Овој договор претставува ново поглавје во историјата на Стразбур. Ни […]

Дрекслер: Корупцијата и организираниот криминал заслужуваат повеќе внимание во следните недели


Со определбата на македонската Влада за европскиот пат, за целта за членство во ЕУ, како долгорочна стратешка цел на земјата, Владата се определи и за ефективна борба против корупцијата и организираниот криминал. Верувам дека ова се теми што заслужуваат уште повеќе внимание во следните недели, месеци и ќе станат уште поважни. Граѓаните бараат да не […]

Ќе се гради ски-центар на Царев Врв на Осоговските Планини


Ски-центар на Царев Врв на Осоговските Планини треба да се изгради во следниот период, откако денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски заедно со градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов, на општина Крива Паланка, Сашко Митовски, на општина Кочани, Љупчо Папазов, на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, на општина Кратово, Тодорче Николовски, како и Центарот за развој […]

САД воведоа санкции за двајца руски шпиони кои според Вашингтон се обиделе да влијаат на избори


САД денеска воведоа санкции за двајца руски разузнавачи кои се обиделе да се вмешаат во изборите во земјата како дел од „глобалните операции за штетно влијание на Москва“, соопшти американското Министерство за финансии. Егор Сергеевич Попов и Алексеј Борисович Суходолов, офицери на руската Федерална служба за безбедност, работеа на поткопување на демократските процеси во САД […]

УХМР со предупредување: Интензивен пороен дожд, силен ветер и град


УХМР предупредува за нестабилно време со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Денес во попладневните и вечерните часови на места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Под влијание на нестабилна и […]

Загина 28-годишен маж во сообраќајка на патот Радовиш – Ораовица


Дваесет и осумгодишен маж загина во сообраќајка на патот Радовиш – Ораовица, информираат од Министерството за внатрешни работи. – Во Полициската станица Радовиш, вчера во 18.15 часот било пријавено дека на регионален пат Радовиш – село Ораовица, радовишко, на место викано „Рудина“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со радовишки регистарски ознаки, управувано […]

Грковска ја искара Ивановска од ДКСК, ја поучи кои се нејзините надлежности


Кабинетот на заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска во целост ги демантира и ги оценува како паушални и неосновани обвинувањата од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата, а кои се однесуваат за наводно непостапување за случајот со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. За […]

Брнабиќ: Посетата на Пленковиќ е позитивен импулс за во иднина


Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска во Суботица по средбата со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека Србија смета дека односите со Хрватска се многу важни и дека е искрено заинтересирана за развој на севкупните односи и подобрување на соработката. „Оваа посета на премиерот Пленковиќ денес, како и мојата неодамнешна посета на Загреб, се многу важни […]

Скопје ќе биде домаќин на „Drift Show“: Настан за љубителите на автомобилите


Во недела, 25 јуни 2023 година, ќе се одржи големото шоу наречено „Extreme Power City No.4“, но овој пат на нова локација, односно на самиот влез во Скопје, на паркингот пред „Кромберт и Шуберт“. На шоуто ќе учествуваат околу 300 учесници кои ќе се натпреваруваат во различни категории, како што се Стајлинг (модифициран и преуреден […]

„Лајка“ за десет дена залови 30 бездомни кучиња во Гази Баба; следната недела заловува во Центар


ЈП „Лајка“ од 12 јуни почна со стратешкото заловување на територијата на општина Гази Баба, иако со посебен интензитет во оваа општина се заловуваше и претходно. – Во овој период заловувачкиот тим на ЈП Лајка активно во текот на цело работно време беше присутен на територијата на општината и го залови секое бездомно куче на […]

До 35.000 смртни случаи поради жештините во Франција од 2014 година


Од 2014 година, меѓу 30.000 и 35.000 луѓе починале во лето во Франција поради жештините, соопшти денеска француската Агенција за јавно здравје. Овие бројки, како што се посочува, не се поврзани само со периоди на екстремна топлина. „Треба да се забележи дека значителен дел од тие смртни случаи се луѓе помлади од 75 години“, соопшти […]

Илхан Ќучук: Уставните измени ќе се најдат во македонското Собрание во рок од две недели


 Постапката во македонското Собрание за уставни измени за вклучување на Бугарите во Уставот на земјава ќе започне во рок од две недели, тврди бугарскиот европратеник и известувач за Европарламентот за земјава, Илхан Ќучук. – Оваа или следната недела Владата ќе го достави конкретниот предлог на Работната група на расправа во Собранието, изјави Ќучук за бугарската […]

Живко Мукаетов: За „Алкалоид“, регионот е стартна точка од каде што се гради глобалната стратегија


Само во последните пет години „Алкалоид“ во земјите од регионот инвестираше 104,1 милиони евра, интегрирајќи ги операциите на компанијата за целите на подобро водење на дејноста од базата во Македонија. Ова го вели Живко Мукаетов, генерален менаџер и претседател на УО на „Алкалоид“ за месечникот „Инстор“, во кој се осврнува на повеќе прашања за развојот […]

По 15 години се ажурира позитивната листа на лекови


Денеска во Владата на Република Северна Македонија, на иницијатива на Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се одржа состанок на кој присуствуваа Министерот за здравство, Фатмир Меџити, заменичката на министерот за здравство, Маја Манолева, советничката за здравство на премиерот, професор д-р Ана Данева-Маркова, претставници на Фондот за здравствено осигурување и […]

Германскиот претседател Штајнмаер предупреди на конфликти поради недостиг на вода


Светот се соочува со зголемен ризик од конфликт, бидејќи водата станува се поретка поради климатските промени, предупреди денеска германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, цитиран од ДПА, во изјава за време на неговата посета на Киргистан. Заканата бара два правци на дејствување, нагласи Штајнмаер за време на посетата на Националниот парк Ала-Арча во централноазиската република. „Од една […]

Активистот Суад Мисини се обрати пред Работната група за надзор над спроведувањето на Законот за матична евиденција


Претседателката на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Соња Мираковска, денеска, во Собранието на Република Северна Македонија одржа состанок со Работната група која е задолжена за надзор над спроведувањето на Законот за матична евиденција. На состанокот, како што соопшти собраниската прес-служба, се обрати активистот Суад Мисини, кој во текот започна штрајк со жед, […]