Претпладне сончево, попладне локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец кој вдолж Повардарието ќе засилува. Попладне и кон крајот на денот претежно во северните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер, краткотрајно и во вид на изолирано […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 28 јуни 2023 година, 179-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 186 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денов трае 15 часа и 12 минути. Месечината која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее, а ќе зајде […]

Грковска се сретна со директорот на ОЛАФ


Вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска, денеска во Брисел одржа средба со генералниот директор на ОЛАФ – Европската канцеларија за борба против измами, Виле Итала, и членови на неговиот тим. Грковска ги презентираше иницијативите и процесите кои ги спроведува Кабинетот за политики за добро владеење во насока на јакнење на интегритетот, транспарентноста и отчетноста во […]

Заев до австрискиот амбасадор: Ќе се видиме на суд!


  Поранешниот премиер Зоран Заев реагира на јавното обраќање на австрискиот амбасадор Георг Вуцас околу спречување на судска наплата на штета во интерес на австриска компанија во која, како што тврди амбасадорот, е инволвирана членка од неговото пошироко семејство. „Целосно се оградувам од било каква моја инволвираност во споменатиот деловен спор што се води во […]

Овие видови на конзервирана храна се најлоши за вашето здравје


Конзервираната храна е одлична опција кога ви треба брз оброк или ужина. Грав, месо, риба, супа и овошје се само дел од артиклите што ќе ги најдете на полиците за конзервирана храна. Сепак, заштедата на време не треба да биде на сметка на вашето здравје. Иако овие конзервирани производи можат да ви заштедат време во […]

Мета им даде на родителите поголема контрола врз децата кои користат Messenger


Компанијата Мета додаде нови алатки во својот семеен центар кои ќе им овозможат на родителите да гледаат и контролираат како нивните деца ја користат апликацијата Messenger. Родителите ќе можат да видат колку време нивното дете ја користи апликацијата, како и нивните поставки за приватност и безбедност. Исто така, родителите и старателите ќе можат да видат […]

САД со нов пакет воена помош од 500 милиони долари за Украина


 САД ќе ѝ дадат на Украина нов пакет воена помош во вредност од 500 милиони долари, соопшти денеска Пентагон. Пентагон ја објави новата помош во знак на поддршка за Киев во време кога Москва сè уште се справува со последиците од бунтот на борците од паравоената група „Вагнер“. Новата помош вклучува борбени возила „Бредли“, оклопни […]

Амбасада на Австрија: Селективната правда не е правда


  Австриската амбасада преку допис до медиумите го критикува македонското правосудство, барајќи да се разрешат сите судии и јавни обвинители, но и да им се укинат лиценците на извршителите и нотарите кои постапувале во спор што се води меѓу австриската компанија „АММА ДОО Хоенемс“ и валандовската фирма „Дена трејд“ за производство на корнишони. Во случајот […]

КФОР ги повика страните во косовско-српскиот спор да се воздржат од провокации


Мировната мисија предводена од НАТО во Косово (КФОР) денеска порача дека ќе продолжи да го поддржува дијалогот меѓу Косово и Србија, како единствен пат за постигнување долгорочна стабилност, јави дописникот на МИА од Приштина. Во денешното соопштение по повод последните инциденти во општините во северно Косово, населени со мнозинско српско население, КФОР ги повика сите […]

Груби не верува во капацитетите на ДКСК


Првиот вицепремиер Артан Груби не верува на Државната комисија за спречување на корупцијата. – Па, вo нивниот мандат (од четири, пет години), немаат ни еден случај кој им поминал – рече Груби на интервју во вестите на „Сител“. Потврди дека тој бил дел од комисијата кога се бирале членовите на овој состав на ДКСК, вршел […]

„Форд“ ќе отпушти илјада вработени поради високите трошоци за развој на електрични возила


Автомобилската компанија „Форд Мотор“ планира да отпушти најмалку 1.000 редовно вработени и вработени по договор во Северна Америка, а како последица на огромните трошоци што производителот на автомобили ги има во инвестициите за развој на електрични коли, јави денеска Волстрит журнал.  За време на состанок синоќа „Форд“ ги известил вработените со редовни примања дека наскоро […]

Јавни претпријатија ќе ги санираат улиците и патиштата во Делчево и Крива Паланка кои беа оштетени од поплавите


Јавното претпријатие за одржување магистрални и регионални патишта и Јавното претпријатие за државни патишта ќе ги преземат сите потребни мерки и активности за санирање, заштита и реконструирање на улиците во општините Делчево и Крива Паланка, одлучи Владата на денешната седница. Со цел ефикасност во постапувањето, Владата ги задолжи овие две претпријатија во рок од шест […]

Исчезната е 46-годишна скопјанка


Вчера во полициска станица било пријавено исчезнување на 46-годишна жена. – На 26.06.2023 во 10.00 часот во Полициската станица Гази Баба, К.Ш.(56) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата сопруга А.Ш.(46), информира МВР. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.  

Кличко критикуван од украинската Влада заради состојбата со засолништата во Киев


 Украинската влада денеска го прекори градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, по критиките што им ги упати на градските власти за состојбата на засолништата и за смртта на три лица кои не можеа да влезат во засолниште и беа оставени на улица за време на руски воздушен напад. Владата соопшти дека ги отпуштила началници на два […]

Медиуми: Пирло нов тренер на Сампдорија


 Повеќе италијански, како и англиски медиуми објавија дека е постигнат договор за соработка меѓу Сампдорија и Андреа Пирло. Според истите извори, поранешниот италијански репрезентативец и ѕвезда на Интер, Јувентус и Милан, ќе потпише договор на две години со клубот од Џенова. Пирло во текот на оваа недела треба официјално да биде промовиран во нов тренер […]

Костадиновска-Стојчевска и Пејчиновиќ-Буриќ: Културната размена е во приоритетите во процесот на ЕУ интеграциите


Недискриминација, различност, инклузија и современите прашања што ги поставува дигитализацијата, се темите кои биле во фокус на денешната средбата помеѓу министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и генералната секретарка  на Советот на ЕУ, Марија Пејчиновиќ Буриќ.  На средбата, како што информираат од Министерството за култура, Костадиновска-Стојчевска ги истакна комплексноста и предизвиците со кои се соочуваат во […]

МЗШВ: По барање на земјоделците до 14 јули се продолжува рокот за аплицирање за субвенции 2023


 Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ги информира земјоделците дека до 14 јули 2023 година се продолжува рокот за аплицирање за директни плаќања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година, за растително и сточарско производство. Земјоделците може да ги достават барањата секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на Министерството […]

Уставниот суд ќе ја разгледува уставноста на Упатството за матичните книги


  Уставните судии денеска одржаа состанок на кој едногласно одлучија да се оформи предмет во кој ќе се води постапка за оценување на уставноста на  „Упатството за изменување и дополнување на упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи, издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните […]

Следата недела ќе биде готова обдукцијата за новороденчето од Битола кое почина по породувањето


  БИТОЛА – Следната недела ќе се знае причината за смртта на новороденчето од Битола, на родилката Викторија Крстеска кое почина на 9 април годинава, само два и пол часа по породувањето. Близу три месеци се чека обдукцискиот извештај за починатото новороденче од Битола од одделот за Судска медицина при Клиничката болница Битола. Првиот човек […]

Пендаровски не може да замисли сами да се блокираме на патот кон ЕУ


  Претседателот Стево Пендаровски се надева оти до ноември ќе бидат направени уставните измени, за да се избегне државата сама да се блокира за влезот во ЕУ. Тој тоа го изјави одговарајќи на новинарско прашање во рамки на Самитот на шефови на држави и влади на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што се […]