Приведени двајца Мароканци кои влегле во кругот на касарна „Илинден“


Две лица од Мароко биле приведени откако неовластено влегле во кругот на касарната „Илинден“ во Скопје. -На 31.05.2023 во 20.30 часот во кругот на касарна „Илинден“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош ги лишиле од слобода А.Ф.(23) и С.А.(21), двајцата од Мароко, поради неовластено влез во кругот на касарната, соопшти МВР. Тие биле […]

Принцот Вилијам и Кејт ги изненадија младенците на кралската свадба во Јордан


Аман- Само еден месец откако ја прославија сопствената 12-годишнина од брак, принцот Вилијам и Кејт, принцезата од Велс,  се појавија како гости на уште една кралска венчавка. Вилијам и Кејт отпатуваа од нивниот дом во Виндзор, Англија, во Аман во Јордан за да присуствуваат на свадбата на престолонаследникот Ал Хусеин бин Абдула Втори (28) и […]

Париз и Берлин повикаа на нови избори на северот на Косово со учество на Срби


Францускиот претседател Емануел Макрон изјави во Молдавија дека Париз и Берлин апелирале денеска до Србија и Косово што е можно поскоро да организираат нови локални избори во четири општини со српско мнозинство на северот на Косово и дека на нив учествуваат српски претставници. По заедничките средби на Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц со претседателите […]

Ковачевски: Средбата со Мицкоски треба да се одржи наредните денови


Лидерската средба помеѓу премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и нивните тимови ќе се одржи во наредните денови. Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за ТВ Сител вечерва ги повтори веќе најавените теми за разговор од негова страна. -Ќе повикам на лидерска средба и тоа темите ќе бидат како […]

Луксузна долна облека во чест на роденденот на Мерлин Монро


Лос Анџелес- Како признание за 97-от роденден на Мерлин Монро , луксузниот бренд за долна облека Fleur du Mal и имотот на Мерилин Монро лансираа колекција, оживеана преку фотографијата на Берт Стерн. Колекцијата црпи инспирација од фотографијата на Стерн и најнезаборавните филмски костими на Монро, фотосесиите и ансамблите на црвениот тепих. Стерн, кој почина во […]

ЕП ја доведува во прашање способноста на Унгарија да биде кредибилен претседател на Советот на ЕУ


Брисел – Европскиот парламент денеска со 442 гласа „за“, 144 „против“ и 33 воздржани усвои резолуција во која го доведе во прашање унгарското претседателство со Советот на ЕУ закажано за следната година. Европратениците ја нагласуваат важната улога на претседателството за постигнување напредок во законодавството на ЕУ, за обезбедување континуитет во европската агенда и за соработка […]

ЕУ и трансферира 72 милиони евра на Албанија


Тирана – Европската унија и префрли на Владата на Албанија 72 милиони евра како дел од поддршката на ЕУ за справување со социо-економските последици од енергетската криза, јавија медиумите повикувајќи се на мисијата на ЕУ во Тирана. Овие средства се дел од Пакетот за поддршка на енергијата, објавен на Самитот за Западен Балкан во Тирана во […]

Во Србија учебната година завршува на 6 јуни, зградата на ОУ „Владислав Рибникар“ ќе остане училиште


 Српската Влада денеска соопшти дека донела одлука на 6 јуни да ја заврши учебната година во сите основни и средни училишта во државата. За учениците кои сакаат да го сторат тоа, училиштата можат да продолжат со работа до 20 јуни. Сите ученици кои не се задоволни од своите резултати ќе имаат можност да ги подобрат […]

ЕУ бара македонските власти итно да ги имплементираат проектите за управување со отпад на терен


Шефот за соработка на Делегацијата на ЕУ во земјава, Стефен Худолини го повтори ставот на Европската Унија до македонските институции под најитно да отпочнат со практична имплементација на проектите за управување со отпад на терен. Худолини денеска порача оти ЕУ за земјава издвојува значајни средства за животната средина, особено во делот за управување со отпад. […]

Љубовницата со уцена извлекла 10.000 евра од гостиварец


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.И.(33) и М.И.(31), двајцата од село Орашје, општина Јегуновце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. Во периодот од април 2022 година до април 2023 година, пријавените повеќе пати уценувале 50-годишен жител на Гостивар дека видео разговорите и разменетите пораки со второпријавената, […]

Бирото за попис на САД уште еднаш го одложува објавувањето на податоците од пописот во 2020 година


 Бирото за попис на САД објави дека повторно ќе го одложи објавувањето на детали од пописот во 2020 година за следната година. Тие бројки нема да бидат објавени до септември 2024 година, повеќе од четири години по пописот. Објавувањето на податоците за големината на домаќинствата и семејствата исто така е одложено, но исто така ќе […]

„Трезорот не е хакиран“ – Министерството за финансии ја демантира Арсовска


„Не е вистина дека е хакиран, трезорот работи“, велат од Министерството за финансии, откако градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска завчера на седница на Совет на Град Скопје рече дека ниту една институција не може да си наплати побарувања, бидејќи имало хакерски напад врз Министерството за финансии.  „Зошто никој не зборува за хакерскиот напад на Министерство за […]

Менаџерите во земјава се доволно финансиски писмени, но претпријатијата не се доволно дигитализирани


Финансиската писменост на менаџерите и сопствениците на микро, малите и средни претпријатија (ММСП) во во нашата земја е повисока од просекот на анализираните земји во регионот. Во однос на дигитализацијата, пак, просечната оценка кај нас е пониска во однос на регионот. Дигитализацијата на ММСП во регионот заостанува зад развиените земји, што упатува на потребата од […]

Илон Маск повторно е најбогатиот човек на светот


Извршниот директор на Тесла Илон Маск ја зазеде титулата на најбогат човек во светот, пишува Си-Ен-Ен. Неговото конто сега тежи 192 милијарди американски долари, според индексот на милијардери што го објави Блумберг. Богатството на Маск во средата ја надмина акумулираната нето вредност на Бернард Арно, кој сега тежи 187 милијарди долари. Овие двајца милијардери веќе подолг […]

(Видео) Ковачевски на Европската политичка заедница во Кишињев


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски придружуван од страна на заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, на 1 јуни 2023 година (четврток) ќе учествува на вториот состанок на Европската политичка заедница во Кишињев, Молдавија. На самитот на Европската политичка заедница ќе учествуваат 47 лидери, меѓу кои лидерите […]

Парафискалните давачки влијаат врз конкурентноста на фирмите


Парафискалните давачки и натаму претставуваат товар за бизнис – секторот, особено кај микро и малите претпријатија, што влијае и на нивната конкурентност. Тоа ја наметнува и потребата од нивно рационализирање, воспоставување на државен регистар на такси и парафискални давачки, определување на нивната цена, приспособување на износот во зависност од големината односно потенцијалот на компанијата и […]

Меси викендов последен пат во дресот на ПСЖ


Тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие, потврди денеска дека аргентинскиот фудбалер Лионел Меси в сабота ќе го одигра својот последен натпревар во дресот на францускиот првак. „Имав привилегија да го тренирам најдобриот во историјата на фудбалот. Ова ќе му биде последен натпревар на Паркот на принцовите и се надевам дека најтопло ќе биде пречекан“, рече Галтие […]

Каков е ставот: ВМРО-ДПМНЕ едно, Мицкоски друго за замрзнувањето на цените


  Кој е вистинскиот став на ВМРО-ДПМНЕ за старот на денешното одмрзнување на цените на одреден број производи денеска е сосем непознато. Или оценката зависи од денот кога треба да се каже.   На 11 април 2023, значи пред 50-ина денови, лидерот на партијата Христијан Мицкоски коментирајќи ја владината одлука за замрзнувањето на цените го […]

Македонски концепт понуди преамбула за нов граѓански устав


  Партијата Македонски концепт ја промовира идејата за донесување македонско, а не, како што тврди, бугарско или хрватско решение за ЕУ. Нивната идеја содржи птрдлог за нацрт-преамбула и дел од нормативни решенија за нов граѓански устав. Таа нацрт-преамбула треба да изгледа вака: „Ние, македонските граѓани како луѓе обдарени со природни и неотуѓиви права, по самото […]

Од Прилеп тргна караванот „Тоше за овој свет“


Со оригиналната облека на Тоше од неговото последно интервју во „Вртелешка“ на 15 октомври 2007 година, со омилената бела гитара и со репликата на костимот од Евровизија, Спомен куќата на Тодор Проески го почна караванот низ училиштата во земјава за презентација на ликот и делото на големата музичка ѕвезда и хуманист кој најмногу ги сакаше […]