Принцот Вилијам и Кејт ги изненадија младенците на кралската свадба во Јордан


Аман- Само еден месец откако ја прославија сопствената 12-годишнина од брак, принцот Вилијам и Кејт, принцезата од Велс,  се појавија како гости на уште една кралска венчавка.

Вилијам и Кејт отпатуваа од нивниот дом во Виндзор, Англија, во Аман во Јордан за да присуствуваат на свадбата на престолонаследникот Ал Хусеин бин Абдула Втори (28) и Раџва Алсеиф (29) .

Кејт и Вилијам со кралот Абдула и кралицата Ранија

Велшаните наводно се меѓу 1.700 гости на свадбата од висок профил.

Кејт е видена како пристигнува во бледо розев фустан, додека Вилијам за оваа пригода избра темно костум и сина вратоврска.

Вилијам и Кејт не беа единствените членови на британското кралско семејство што присуствуваа, бидејќи на церемонијата присуствуваа и братучетката на Вилијам, принцезата Беатрис и нејзиниот сопруг, Едоардо Мапели Моци.

На кралската венчавка, одржана во палатата Захран, присуствуваше и првата дама на САД, д-р Џил Бајден.

Межу високите гости и Џил Бајден со ќерката Ешли

Алсеиф, која е родена во Саудиска Арабија, дипломирала во 2017 година на Универзитетот Сиракуза, каде студирала архитектура, според Асошиетед прес. Таа, исто така, се стекна со диплома за визуелни комуникации од Модниот институт за дизајн и трговија во Лос Анџелес, според АП.

Престолонаследникот, синот на кралот Абдула Втори, дипломирал во 2016 година на Универзитетот Џорџтаун со диплома по меѓународна историја. Следната година, тој дипломирал на Британската кралска воена академија во Сендхерст, според АП.

Кралицата Ранија со снаата Раџва
Двојката се сврши во 2022