Азески во Приштина – ќе се дефинираат регионални приоритети и нови иницијативи на КИФ


Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески, кој има улога на ко-претседател на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) денеска во Приштина, ќе има средба со претседателот на Коморскиот инвестициски форум Лулзим Рафуна, кој е и претседател на Стопанската комора на Косово. Во состав на делегацијата што ја предводи Азески во Приштина се и генералниот […]

Во продажба билетите за 22. Офф-Фест


Влезниците за 22. издание на традиционалниот ОФФ-Фест, што ќе се одржи од 7 до 10 јуни во Националната опера и балет и МКЦ, се веќе во продажба. Фестивалот годинава го сочинуваат осум концертни настапи и еден документарен филм. ОФФ-Фест 2023 ќе го отвори, на 7 јуни, импресивниот аудио-визуелен перформанс на славната португалска фадо пејачка ѕвезда MÍSIA. Фасцинантната моќ на модерната естонска фолк кралица MARI KALKUN, во комбинација со […]

Македонските дипломати ги надиграа во тенис колегите и од Запад и од Исток


По повод одбележувањето на Денот на Министерството за надворешни работи и 70 годишнината од основањето на Тениска федерација на  Македонија, вчера се одржа традиционалниот Дипломатски тениски турнир.  Спортско дипломатскиот настан се одржа под покровителство на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на терените на ТК „Југ“-Скопје, со учество на дипломати од резидентните дипломатските и конзуларни […]

Малолетници нападнале други малолетници во Аеродром


Две деца биле нападнати од неколку други малолетници во Аеродром.  -На 06.05.2023 околу 15:30 часот во СВР Скопје, В.К.(54) и В.Т.(55), двајцата од Скопје, пријавиле дека на 05.05.2023 околу 21:30 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, нивните двајца малолетни синови биле физички нападнати од неколку други малолетници, соопштија од полицијата.  Се преземаат мерки за расчистување […]

Стигнале првите пријави за врсничко насилство на мејловите кои ги отвори МОН


Поплаки за врсничко насилство во Македонија пристигнале на е- маил адресата на Mинистерството за образование и наука (МОН). Десетина пораки има на новата електронска адреса на Министерството за образование која е отворена со таа цел, граѓаните, родителите, младите да пријавуваат врсничко насилство и надлежните да пристапуваат по пријавите. Некои од пораките се однесувале и на […]

Топлотен бран ги зафаќа земјите низ светот: Во Виетнам измерени рекордни 44 степени


Виетнам регистрираше рекордна висока температура од 44 степени Целзиусови, што ги натера метеоролошките експерти и властите да им сугерираат на жителите да останат во затворен простор во најтоплите делови од денот. Научниците велат дека глобалното затоплување дополнително ги фаворизира високите температури. Националниот центар за хидрометеоролошки прогнози соопшти дека виетнамскиот рекорд бил измерен во затворен простор […]

8 мај во историјата – Шон Конери се појави во првиот филм за Џемс Бонд, „Д-р Но“


  На 8 мај 1963 година, со објавувањето на филмот Д-р Но гледачите на северноамриканските филмови прв пат – низ цевката на пиштолот – го погледаа супершпионот Џемс Бонд (кодно име: 007), бесмртниот карактер креиран од Ијан Флеминг во неговата сега позната серија романи и прикажана на екранот од релативно непознатиот шкотски актер Шон Конери. […]

Временски непогоди во Словенија – поплави и град


Силно невреме го зафати источниот дел на Словенија, при што обилните врнежи од дожд доведоа до излевање на реките, додека во некои области падна и град. Како што пишува порталот 24ур, невремето би можело да предизвика непогоди и во Прекмурје и Долењско и Посавје, додека западот од Словенија ќе остане претежно сув. Како што соопшти […]

По масовните убиства во Србија, се отстранува муралот на Младиќ во Белград


  Неколку белграѓани се собраа околу муралот на воениот злосторник Ратко Младиќ на Врачар на улицата „Његошева“ со намера да го исчистат тој дел од Белград со отстранување на овој мурал од ѕидот, бидејќи сметаат дека на на овој мурал местото не му е таму. Потсетуваме дека на тоа место имаше организирани протести, активисти неколку […]

Мицотакис најави три нови економски мерки доколку Нова демократија добие втор мандат


Ваучер од 150 евра за културни и туристички активности за 18-годишните; намалување на данокот на сопственост на имот доколку се осигура домот од елементарни непогоди и зголемување на детскиот додаток, се трите мерки што ги најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, доколку на изборите на 21 мај добие втор мандат, јави дописничката на МИА од Атина. […]

Во Осака 49 ученици пријавиле симптоми на труење со гас


Четириесет и девет ученици денеска пријавиле тегоби, а најмалку осум се пренесени во болница, откако во основно училиште во префектурата Осака било пријавено истекување на гас, соопштија локалните власти. Полицијата соопшти дека утринава околу 10 часот по локално време добила дојава од противпожарната служба дека во основното училиште Камеи во градот Јао откриено е дека […]

Народните обврзници се добар тест за пазарот, верувам дека ќе има интерес, вели директорката на Загрепска берза


Издавањето народни обврзници би бил добар тест за пазарот, да се испита како размислуваат граѓаните и инвеститорите, да се задолжи државата на домашен терен, да се испита колкава доверба имаат граѓаните во државата, а верувам дека ќе има интерес, вели во интервју за МИА Ивана Гажиќ, директорката на Загрепска берза, којашто учествува со 30 проценти […]

Во САД се истражува дали извршителот на нападот во Тексас имал идеолошки мотиви


Службеници на Федералните безбедносни служби истражуваат дали напаѓачот кој уби осум лица во трговски центар во Далас бил заинтересиран за идеологијата за надмоќ на белата раса додека се обидуваат да го утврдат мотивот за нападот, изјави службеник за спроведување на законот, предупредувајќи дека истрагата е во раните фази. Федералните агенти ги прегледуваат сметките на социјалните […]

(Видео) Падна како покосен: Јокиќ со лакт го оттурна газдата на „Феникс“ и американски милијардер


Расположениот Никола Јокиќ одигра одлична партија постигнувајќи 53 поени, но тоа не беше доволно за неговиот тим „Денвер“ да победи против „Феникс“ (124:129) во НБА лигата. Но, по средбата најмногу се зборува за конфликтот меѓу Јокиќ и сопственикот на „Феникс“ кој го извлече подебелиот крај. Се се случи во втората четвртина, кога српскиот кошаркар тргна […]

Во Јапонија едвај постои еднаквост меѓу жените и мажите


  Речиси 80 отсто од луѓето во Јапонија веруваат дека општеството во таа азиска земја ги фаворизира мажите пред жените. Ова е резултат на истражувањето спроведено од владата во Токио. Само 14,7 отсто од жителите веруваат дека жените во Јапонија се третирани подеднакво. Студијата ја истакнува големата нееднаквост меѓу половите во сите области – од […]

На предизборен митинг Ердоган ја нарече опозицијата „про-ЛГБТ“


 Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, на вчерашниот митинг во Истанбул, ја нарече опозицијата „про-ЛГБТ“, зајакнувајќи ја својата реторика против неговите противници седум дена пред изборите, чии резултати се очекува да бидат тесни. На собирот во Истанбул присуствувале околу 1,7 милиони луѓе. Во Турција на 14 мај треба да се одржат претседателски и парламентарни избори, а […]

САД: Бајден повторно бара Конгресот да го забрани јуришното оружје


Американскиот претседател Џо Бајден го повтори повикот до Конгресот за забрана полуавтоматските пушки, како онаа употребена во пукањето викендов, при што беа убиени осум лица во Тексас. „Уште еднаш барам од Конгресот да ми испрати закон за забрана на јуришно оружје“, рече Бајден во писмената изјава. Како што јави Радио Слободна Европа, тој го осуди […]

Серија руски напади врз Киев и други делови на Украина


Русија започна бран големи напади врз Киев и други делови на Украина, соопштија украинските власти рано изутринава, додека Москва се подготвува да го прослави Денот на победата по повод годишнината од нејзината победа над нацистичка Германија. Најмалку пет лица се повредени во руските напади врз Киев, а според украинските власти, руски проектили запалиле складиште за […]

Работилница за безбедноста во училиштата


„Безбедноста во училиштата-градење механизми на превенција од ризици и рано предупредување“ е темата на работнилницата што ќе се одржи денеска со ученици и наставници во Основното училиште „Вера Циривири-Трена“ во Скопје, во рамки на научно-истражувачки проект на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ (УКИМ) – Скопје. Од УКИМ информираат дека цел на проектот e подобрувањето на севкупната […]

„Патот кон 2030“ – панел дискусија во МНР


Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија ја организира панел-дискусија за Преспа форум дијалог 2023, насловена „Патот кон 2030“. Како што информираат од МНР, панел-дискусијата ќе претставува воведен настан на третото издание на ПФД2023. На панел-дискусијата со претставници на граѓанското општество и тинк-тенкови од Балканот и пошироко коишто активно ја следат политиката на проширување […]