Четири автомобили изгореа на улицата „Цветан Димов“ во Чаир


Четири автомобили биле зафатени во пожар кој избувнал ноќеска во три часот по полноќ на улицата „Цветан Димов“ во Чаир, потврди Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во СВР Скопје, во 3 част и 11 минути било пријавено дека на ул. „Цветан Димов“ во Скопје настанал пожар во патничките возила „опел“ со скопски регистарски ознаки […]

Јовески: Во земјава сè помала е возрасната граница на сторители на тешки кривични дела


Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, изразува длабоко жалење и со загриженост ги следи настаните во соседна Република Србија, каде во оружени напади во претходните денови беа убиени повеќе лица, соопшти Јавното обвинителство. Истовремено, Јовески предупредува дека во земјава има тренд на намалување на возрасната граница на сторители на тешки кривични дела. Јовески […]

Шведска фаворит за победа на Евросонг 2023


Ливерпул– Годинешниот избор за песна на Евросонг започнува утревечер , (МРТ ќе врши директен пренос во 21 часот од првото полуфинале) а ќе се одржи во Ливерпул Арената во Обединетото Кралство. За првпат по дваесет години, Македонија нема свој претставник на ова големо музичко натпреварување, откако Македонската радио-телевизија (МРТ) соопшти оти нема да учествува поради […]

Азески – Рафуна: Инфлацијата и владеењето на правото се најголема опасност во моментов


Инфлацијата, енергетиката, зелената агенда и новите иницијативи за елиминирање на административните пречки во регионот на Западен Балкан и постепеното приклучување на компаниите кон единствениот пазар на ЕУ, беа во фокусот на разговорите на денешната средба во Приштина меѓу претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески кој има улога на копретседател на Коморскиот инвестициски […]

Имаме капацитет за над 1.000 мегавати во фотоволтаици, но немаме инфраструктура за прием и распределба на енергијата


Северна Македонија како држава моментално има капацитет да инсталира над илјада мегавати во фотонапонски централи, меѓутоа во земјава нема рамномерно развиена инфрастуктура насекаде, за да може таа енергија секаде да биде примена и распределена. Ова го изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата. -Во Северна Македонија во […]

Контролите на зелените пазари ќе продолжат, вели Бектеши


Контролите на зелените пазари и кај увозниците на овошје и зеленчук ќе продолжат, граѓаните да пријавуваат доколку мислат дека има нерегуларности, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Како што информираше на прес-конференцијата во Владата, поднесени се три кривични пријави за увозниците на овошје и зеленчук од страна на Финансиската полиција, а има и десетина […]

Битиќи на средба со МАСИТ: Либерализацијата на пазарот на труд е потребна и за растечката ИКТ индустрија


Либерализацијата на пазарот на труд е потребна и за растечката ИКТ индустрија, било заклучено на денешниот работен состанок на вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи со Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ. На состанокот, како што соопшти владината прес-служба, станало збор за прашањето за недостиг […]

ОН: Во Авганистан сè уште јавно се камшикуваат луѓе


Во денеска објавениот извештај на Обединети нации се наведува дека во последните шест во Авганистан јавно камшикувани се 274 мажи, 58 жени и две момчиња. Поголемиот број се со 30 до 39 удари со камшик за вонбрачни врски, бегство од дома, кражби, хомосексуалност, консумирање алкохол, измама и шверц на дрога. Во декември беше извршена и […]

Косење на тревните површини низ општина Кисела Вода


Од утрово, во општина Кисела Вода интензивно се одвива акција за косење на нараснатите тревни површини. Активностите на сезонските работници ангажирани преку Секторот за месна самоуправа на Општина Кисела Вода, ќе ги опфатат сите месни и урбани заедници. Се работи со засилено темпо со цел убавото време кое претстои, граѓаните да можат да го искористат […]

Вархеи бара расчистување на случајот со Ковачев


Еврокомесарот Оливер Вархеи го осуди враќањето на европратеникот Андреј Ковачев од македонската граница и побара од нашите власти да го расчистат овој случај. -Го осудуваме одбивањето да му се дозволи влез на европратеникот Андреј Ковачев во Северна Македонија на 6-ти мај. Ја повикуваме владата на Северна Македонија итно да ја расчисти ситуацијата. Одбивањето влез на […]

Ексдевојка го обвини Тајгер Вудс за сексуална злоупотреба


Лос Анџелес – Ерика Херман, поранешна девојка на Тајгер Вудс – 15-кратниот шампион во голф, го обвини спортистот за сексуално вознемирување и злоупотреба, јави Си-ен-ен. Вудс, еден од најголемите голфери на сите времиња и една од највлијателните личности во светскиот спорт, имал секс со своја вработена и потоа, како што тврди таа, ја принудил да […]

Од ботокс до панделки, крунисувањето на Чарлс беше како модна писта (галерија)


Лондон– Тиарите беа надвор од „менито“, но некои од облеките заслепуваат. Од Кети Пери во руменило розова Вивиен Вествуд до прекрасните национални носии што ги носеше кралицата Џетсун Пема од Бутан, кралицата Сутида од Тајланд и престолонаследничката – принцезата Кико од Јапонија, гледањето облека беше епско. Уште подобро, за разлика од погребот на покојната кралица, […]

Кое седиште во автомобилот е најопасно, а кое најсигурно во случај на несреќа


    Често се мисли дека сопатникот во предниот дел на автомобилот има најголема веројатност да загине во сообраќајна несреќа. Меѓутоа, белгискиот институт за безбедност на патиштата ВИАС тврди дека тоа не е така. Институтот ВИАС укажува дека возачот на автомобилот е поранлив од другите патници. Возачот е изложен на 37 отсто поголем ризик од […]

Комисијата за заразни болести предлага укинување на сите задолжителни мерки за Ковид-19


Комисијата за заразни болести ќе му препорача на Министерството за здравство и на Владата да бидат укинати сите задолжителни мерки за Ковид-19, а тоа се задолжително носење маски во болниците, јавниот превоз, аптеките и во домовите за стари лица и лица со посебни потреби. Портпаролот на Комисијата Злате Мехмедовиќ на денешната прес-конференција рече дека ова […]

Зајкова не гледа цензура во регулацијата на ТикТок


Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, смета дека треба да се регулира пристапот до апликации и игри коишто промовираат насилство. Според неа, ако има регулација, тоа не значи дека станува збор за одредена цензура, затоа што целта е да се заштитат повисоки добра. – Ние сме сведоци на она што се случува со нашите деца. Македонија […]

Саемот на книги со поголема посетеност од лани, дали и продажбата е зголемена?


Јубилејното 35. издание на Саем на книга веќе е во полн ек, а широките коридори во Арена – „Борис Трајковски“ – со распоред и растојание на штандовите, осмислени согласно сите стандарди за реализација на културна манифестација од ваков вид – секојдневно се исполнети со посетители, кои комфорно ги разгледуваат саемските понуди на штандовите на повеќе […]

7 моќни придобивки против стареење за само 7 дена со Anew Renewal Power


Веќе докажаниот Power серум, сега во комбинација со новиот истоимен крем за околу очи на ексклузивна понуда! Како брзо да го обновите изгубениот колаген?   Да се пронајде производ што создава убаво и луксузно чувство, кожата брзо го впива а има само минимален мирис е важно за секојдневната рутина. Вистинска награда за секоја жена која […]

На ФЕИТ почна 11-тиот Робомак натпревар


На Факултетот за електротехника и информациски технологии денеска почна 11-тото издание на меѓународниот натпревар за роботика, електроника, автоматика и вештачка интелигенција – Робомак 2023. Деканот на ФЕИТ Димитар Ташковски рече дека ги поддржуваат студентите и мотивираат практично да го применат своето теоретско знаење. – Како ФЕИТ секогаш сме насочени кон тоа наученото знаење да се […]

Концерт на воениот оркестар на Армијата на САД на скопскиот плоштад


Воениот оркестар на Армијата на САД за Европа и Африка денеска на пладне изведе самостоен настап на градскиот плоштад во центарот на Скопје. Двата воени оркестри утре ќе изведат заеднички концерт во градскиот парк кај „Школка“. -Посетителите ќе имаат можност да проследат повеќе популарни џез, поп, рок и соул нумери со кои ќе се претстави […]

„Јас внимавам и безбедно возам“- дефиле на велосипедисти и мотоциклисти низ Скопје


Со цел подигнување на свеста за поголема безбедност на велосипедистите и мотоциклистите во сообраќајот, на 13 мај 2023 година ќе се одржи дефиле на кое ќе учествуваат преку 100 велосипедисти и над 30 мотоциклисти. Дефилето ќе започне во 11.00 часот со поаѓањето на велосипедистите од платото под мостот „Близнак“, на кејот на реката Вардар во […]