Едно девојче убиено во сиропиталиште, а деветмина повредени во напад со нож во Полска


Во напад со нож во сиропиталиште во Полска маж уби тинејџерка и повреди девет лица, соопшти полицијата на градот Лоѓ. „Полицијата го приведе мажот синоќа и ги истражува причините за нападот“, изјави портпаролката Анета Собиерај за јавната телевизија. Како што изјавила, 16-годишната штитеничка починала на лице место, а пет лица се хоспитализирани. На останатите повредени […]

Туристичките места во Македонија претставени во книга на водичот Спасе Манев


Неоткриените места, кои вредат да се посетата во Македонија, на 207 страници, со богат опис и многу фотографии во висока резолуција се најдоа во новата книга на туристичкиот водич Спасе Манев која во фокус ги има туристичките места во Македонија. За да дојде до сите информации кои се претставени во книгата, Манев за Skopje.IN објаснува […]

Една недела по масакрот, учениците се враќаат во „Рибникар“


Една недела по невидената трагедија што се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, учениците денеска треба да се вратат во училниците. Предлогот на струката е децата да се вратат на училиште, но има простор родителите да ја донесат конечната одлука, бидејќи состојбата на секое дете е индивидуална и сè уште не се подготвени […]

10 мај во историјата – Винстон Черчил стана премиер на Британија


  Винстон Черчил, првиот лорд на Адмиралитетот, на 10 мај 1940 е повикан да го замени Невил Чембрлен по неговата оставка како британски премиер откако го загуби гласањето за доверба во Долниот дом. Во 1938 година, премиерот Чембрлен го потпиша Минхенскиот договор со нацистичкиот водач Адолф Хитлер, давајќи го чехословачкиот регион Судетите на Германија за […]

Градоначалничката на Чикаго прогласи вонредна состојба поради мигрантите


Градоначалничката на Чикаго во заминување, Лори Лајтфут прогласи вонредна состојба како одговор на илјадниците мигранти кои се населиле во градот, често во тешки услови за живот, откако ја преминале јужната американска граница за да побараат азил. Наредбата ја означи досега најмрачната прогноза на администрацијата во заминување за тоа како ќе поминат најранливите новодојденци во Чикаго […]

Просветните синдикати во Романија излегуваат на протестен марш во Букурешт


 Три романски синдикални федерации за образование денеска ќе одржат протестен марш од Плоштадот на победата до плоштадот на Парламентот во Букурешт. Демонстрациите се очекува да бидат едни од најголемите во последните години. Според прелиминарните информации, во него ќе бидат вклучени 15.000 учесници. Денеска незадоволните ќе одлучат дали ќе излезат на генерален штрајк на 22 мај. […]

Поранешниот водител на Фокс Њуз, Такер Карлсон ќе води свое шоу на Твитер


Поранешниот водител на Фокс њуз, Такер Карлсон, кој од минатиот месец веќе не работи во таа телевизиска мрежа соопшти дека свое шоу „наскоро“ ќе има на Твитер. Фокс Њуз Медиа и Карлсон се разделија минатиот месец откако матичната компанија Фокс Корп се спогоди во тужбата за клевета со компанијата Dominion Voting Systems за 787,5 милиони […]

Конкурс на ДПМ на тема „Липа“ за најдобра песна, есеј, расказ и драмски текст


Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) распиша конкурс за најдобра песна, расказ, есеј и драмски текст на тема „Липа” за манифестацијата „Празник на липите’’. На конкурсот може да учествуваат сите членови на ДПМ, а изборот за најдобра песна, расказ, есеј и драмски текст ќе го врши тричлена комисија. Од ДПМ информираат дека ќе биде доделена […]

Речиси два милиони турски граѓани гласаа во дипломатските претставништва во странство за изборите на 14 мај


 Синоќа заврши гласањето на турските гласачи во дипломатските претставништва на Турција за претседателските и парламентарните избори што ќе се одржат во недела на 14 мај. Гласањето во странство започна на 27 април. Гласачки места беа отворени во вкупно 73 земји во светот. Според Високата изборна комисија, во турските дипломатски претставништва во странство гласале 1.751.365 луѓе, […]

Студија на Пју открива дека азиските Американци се идентификуваат себеси на различни начини


  Постои разновидност во начините на кои возрасните азиски Американци се идентификуваат себеси, покажа нова студија, при што околу половина велат дека најчесто се опишуваат себеси според етничките етикети што го одразуваат нивното наследство, а другата половина велат дека се опишуваат како Американци. Студијата, објавена од Истражувачкиот центар Пју, исто така, покажа дека 90 отсто […]

Демократите и републиканците не се договорија за лимитот на долгот, САД под закана од технички банкрот


Републиканскиот лидер Кевин Мекарти соопшти дека на средбата со претседателот Џо Бајден не е постигнат договор за јавниот долг на САД. – Нема напредок, изјави претседателот на Претставничкиот дом по напуштањето на Белата куќа, каде што еден час разговараше со Бајден, кој е од редовите на Демократите и челниците на Конгресот. Двете страни треба повторно […]

НБА: Ова се најдобрите одбранбени петорки за сезоната 2022/23


 НБА ги објави идеалните дефанзивни петорки за сезоната 2022/23. Најмногу гласови (96) доби кошаркарот на Мемфис Џерен Џексон. Во првата најдобра одбранбена петорка се најдоа: Џерен Џексон (Мемфис), Брук Лопез (Милвоки), Алекс Карузо (Чикаго), Еван Мобли (Кливленд) и Дру Холидеј (Милвоки). Втора петорка: Бам Адебајо (Мајами), Оџи Ануноби (Торонто), Дилон Брукс (Мемфис), Дрејмонд Грин (Голден […]

Законите за коридорите 8 и 10д по скратена постапка и со европско знаменце денеска на собраниска седница


Собранието денеска треба да ја започне 115. седница на која треба да ја утврди потребата за носење на неколку закони поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д. На дневен ред на седницата се Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација […]

На денешен ден во 1989 година, првиот Македонец, Димитар Илиевски Мурато го освои Монт Еверест


– На денешен ден, пред 34 години, на 10 мај 1989 година, битолчанецот Димитар Илиевски Мурато, како прв македонски алпинист се искачи и го освои највисокиот планински врв на светот Монт Еверест (8.848 метри).   Македонската јавност никогаш нема да го заборави разговорот меѓу Димитар Илиевски-Мурато и членовите на македонската алпинистичка хималајска експедиција, што го водеа […]

Тунис: Тројца убиени, четворица ранети во пукање во близина на синагога


Во напад во близина на синагога во Тунис вчера загинаа двајца офицери за безбедност и двајца посетители, соопштија властите. Нападот се случи среде годишниот аџилак на островот Џерба, кој привлекува стотици Евреи од Европа и Израел. Нападот го извршил чувар на поморски објект во Џерба, кој со своето оружје пукал во колега и му ја […]

Делови од неколку скопски општини без струја


Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Кисела Вода, Аеродром, Сарај, Ѓорче Петров и Сарај, соопштуваат од РЦУК – Скопје. Во периодот од 08:00 до 15:00 часот без напојување со електична енергија ќе бидат корисниците од објектот на „АДОРА Флет Ајрон“ лоциран на ул. […]

Oблачно и свежо со повремен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој на места долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени. Во Скопје, […]

САД стравуваат од зголемен прилив на мигранти по укинувањето на ограничувањата за Ковид-19


Американските власти стравуваат дека планираното укинување на рестриктивните мерки воведени за време на пандемијата со Ковид-19  би можело да се сфати како отворена покана за мигрантите на јужната граница на САД кои веднаш биле вратени во Мексико за време на пандемијата. Доколку нема неочекувани пресврти, таа мерка позната како „Одредба 42“ (Title 42) треба да […]

Од 2007 година досега Романија од ЕУ добила 56 милијарди евра


Нето износот што Романија го доби од Европската унија од моментот на нејзиното пристапување досега изнесува 56 милијарди евра, соопшти Министерството за инвестиции и европски проекти. Од таа сума, Европските структурни и инвестициски фондови (ЕСИФ) и Фондот за европска помош за најсиромашните лица (ЕФДФ) обезбедиле 44,6 милијарди евра: 16,9 милијарди евра биле исплати за програмскиот […]

Живееме во еден вид казнено поправна институција: Интервју со актерот Џек Димиќ


  Животната и професионалната приказна на актерот Џек (Жељко) Димиќ и самата наликува на интересно филмско сценарио. Роден во Босна, по завршувањето на средното образование три пати неуспешно се обидува да запише глума на Академијата за драмски уметности во Белград, по што во 1992 година заминал во Шведска, а потоа во Прага, за на крајот […]