ЕСМ реализира проекти кои ќе ја зголемат повеќе од двојно енергетската моќ на капацитетите


   Ќе продолжиме да работиме со исто темпо, максимално посветени на зголемено производство на електрична енергија и во служба на граѓаните. Во тек e реализација на проекти од страна на АД ЕСМ, кои ќе донесат инсталирана моќност од 1.760 мегавати, што е повеќе од постојната инсталирана моќност на сегашните капацитети на ЕСM од 1.420 мегавати, […]

Брисел сака да и го одземе претседателствувањето на Унгарија


 Европскиот парламент наскоро ќе излезе со предлог за дополнително изолирање на Унгарија поради прашањето за владеењето на правото – откажување на нејзиното претседавање со Европскиот совет, кое Будимпешта треба да го преземе во втората половина на 2024 година.  Според нацрт-резолуцијата  што треба да се гласа на 1 јуни, Европскиот парламент ја доведува во прашање способноста […]

Русија подготвува симулација на сериозен инцидент во нуклеарката Запорожје


Украинското Министерство за одбрана соопшти дека Русија подготвува симулација на сериозен инцидент во нуклеарната централа Запорожје, која е под контрола на проруските сили, со цел да ја спречи контраофанзивата на Киев за враќање на териториите окупирани од Москва. Нуклеарната централа Запорожје, која се наоѓа во рускиот окупиран дел на јужна Украина, е најголемата нуклеарна централа […]

Франција ќе им стави кај на инфлуенсерите, објавите ќе ги третира како рекламирање


Француските пратеници и сенаторите  ги надминаа своите несогласувања за нацрт-законот за регулирање на комерцијалното влијание и борбата против злоупотребите на социјалните медиуми, при што текстот ќе се упати на конечно гласање следната недела. Мешовитиот комитет составен од двата дома на Парламентот, Националното собрание и Сенатот, вчера едногласно го усвоија текстот со кој ќе се стави крај […]

Трет меѓународен Симпозиум по естетска медицина во Скопје 


  Скопје денеска ќе биде домаќин на третиот Симпозиум по естетска медицина со меѓународно учество, на кој со свои трудови ќе настапат авторитетни имиња од областа од пет држави во регионот и од Шпанија. Пред над 100 пластични хирурзи, стоматолози, орални хирурзи и дерматолози ќе бидат презентирани најновите светски трендови во естетската медицина и нивната […]

27 мај во историјата – Отворен е спектакуларниот мост Голден Гејт во Сан Франциско


  Мостот Голден Гејт во Сан Франциско, неверојатно технолошко и уметничко достигнување, се отвора за јавноста по пет години изградба. На денот на отворањето — „Денот на пешаците“ — околу 200.000 шетачи на мостот се восхитуваа на висечкиот мост долг 1.300 метри, кој се протега низ Tеснецот Голден Гејт на влезот во заливот Сан Франциско […]

Почнува полагањето државна матура


Матурантите денеска ќе го полагаат првиот од двата екстерни испита – Мајчин јазик (македонски, албански, турски) и литература, кој е задолжителен за сите 15 620 матуранти пријавени за полагање на завршниот испит во јунската испитна сесија. Според податоците на Државниот испитен центар, од вкупниот број пријавени, 6750 се од гимназиско образование, 8598 од средно стручно […]

Претпладне сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со дожд и грмежи


  Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивна нестабилност во форма на невреме со изолирана појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, […]

Полицијата во Берлин отвори истрага против Роџер Вотерс поради наци униформа на концерт


  Полицијата во Германија започна кривична истрага против ко-основачот на „Пинк Флојд“, Роџер Вотерс, поради униформа во нацистички стил што ја носеше на неодамнешниот концерт во Берлин. „Отворена е истрага за костимот прикажан на концертите на 17 и 18 мај“, изјави портпаролот на берлинската полиција Мартин Халвег за „Гардијан“. Покажувањето симболи на нацистичкото владеење, вклучително […]

ЈО поведе постапка против арачиновец за насилство кон градоначалникот на општината


Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 69-годишен арачиновец кој се сомничи за „насилство“ врз градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими. – Осомничениот, 69-годишен арачиновец, на 23 мај без дозвола влегол во канцеларијата на градоначалникот, насилно барајќи да му се додели земјиште во надлежност на Општина Арачиново. Откако не го нашол во канцеларијата, го пресретнал […]

Вучиќ на митингот „Србија на надежта“: Ова е последната вечер на која се обраќам како претседател на СНС


На повик на претседателот Александар Вучиќ и владеачката Српска напредна странка (СНС), во Белград пред Народнот собрание се одржува митинг „Србија на надежта“, најавен како „најголем собир во историјата на Србија“ на кој учествуваат голем број на граѓани од цела Србија, но и од земјите од регионот, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ на […]

Економскиот институт Ифо очекува намалување на инфлацискиот притисок


Германската економија очекува намалување на инфлацискиот притисок, но не секаде со иста брзина, објави во петокот економскиот институт Ифо. Според тоа, индексот на инфлаторните очекувања во мај падна за 2,5 поени во однос на претходниот месец, на 19,5. Надолното движење на индексот, прво под 20 поени од пролетта пред две години, најавува дополнително забавување на […]

Уште пет дена можност за потврда или корекција на Годишната даночна пријава за 2022 година


Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници – физички лица дека рокот за потврда или корекција на Годишната даночна пријава за 2022 година истекува во среда, на 31-ви овој месец. Заклучно со овој датум, како што посочуваат од УЈП, граѓаните треба да извршат потврда или корекција на Годишната даночна пријава (ГДП) за доходот кој […]

ДИЦ: Државната матура ќе полагаат 15.620 ученици


Оваа учебна година за државната матура се пријавиле 15.620 ученици. Од нив 6 750 од гимназиско образование, 8.598 од средно стручно образование и 272 од средно уметничко образование, информираат од Државниот испитен центар (ДИЦ). Согласно Концепцијата за матура и за завршен испит во средното образование со четиригодишно траење учениците екстерно полагаат два предмети, два интерно […]

СЗО повикува да прекине субвенционирањето на тутунот, Северна Македонија меѓу посочените земји


Светската здравствена организација (СЗО) повика да прекине субвенционирањето на тутунот во многу земји, укажувајќи на штетното влијание на оваа култура врз здравјето на луѓето. СЗО во извештајот ги посочи европските земји кои одгледуваат тутун, вклучително и Северна Македонија, која, како што се наведува, е меѓу 20-те најважни извозници на тутун во светот. Таму одгледувањето тутун […]

В недела во Скопје посебен сообраќаен режим поради ревијална трка на велосипеди и ролерки


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 28.05.2023 (недела) со почеток во 11:00 часот поради одржување на ревијална трка на велосипеди, ролерки и др. „Вози право, вози здраво“, ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на подрачјето на град Скопје. Трката ќе се одвива со старт од Порта Македонија, десно долж ул. „Димитрие Чупоски“, […]

Арачиновци останаа без вода поради долгови стари 17 години


Жителите на Арачиново веќе три дена немаат вода затоа што ЕВН ја исклучи струјата на пумпите за вода на општината поради долг стар 17 години. Градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибрахими се пожали на „неправда“ од ЕВН, кој досега го толерирал неплаќањето на сметките за електрична енергија за пумпите за вода. -Имаме комуникација со ЕВН и […]

Блинкен со остра осуда за акциите на владата на Косово за насилен пристап до општинските згради на северот


САД силно ги осудуваат дејствијата на Владата на Косово за насилен пристап до општинските згради на северот на Косово, дејствија што ги презедоа против советите на САД и европските партнери на Косово. Тоа се нагласува во пораката на американскиот државен секретар Ентони Блинкен. „Тие акции остро и непотребно ги ескалираа тензиите, поткопувајќи ги нашите напори […]

Арсовска на меѓународниот самит „ChangeNOW 2023“ во Париз


 Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска со 30 градоначалници од светот, е дел од меѓународниот самит „ChangeNOW 2023“ во Париз, најголемиот настан кој ги обединува иноваторите, инвеститорите, лидерите и креаторите на политики, ориентирани кон заеднички конкретни акции за справување со глобалните предизвици, од кој произлегуваат решенија и конкретни мерки за заштита на животната средина. -Меѓународниот […]

Ковачевски – Мелони: Воздушната НАТО патрола над нашето небо ќе ја реализира Италија


  Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, во телефонски разговор со премиерката на Италија, Џорџија Мелони, разговараше за повеќе актулени прашања за нашата држава и за регионот. Во фокусот на телефонскиот разговор, помеѓу премиерот Ковачевски и премиерката Мелони, беше претстојното патролирање на македонското небо, од страна на италијанските воздухопловни сили. Овој процес е согласно НАТО принципите […]