Нов дигитален киоск за наплата на фактури на ЈП „Водовод и канализација“ во Сити мол


 ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје постави нов самоуслужен дигитален киоск за наплата на фактури во Сити мол. Киоскот за наплата на фактурите за услугите на претпријатието е поставен на првиот кат, во делот означен за банкомати, информираат денеска од ова претпријатие. – Корисниците можат да ја искористат опцијата за брзо плаќање без провизија, преку […]

Импресивни сцени од Јадранот: Јато китови снимени во близина на Вис


Видеото кое беше споделено на YouTube каналот Morski.hr прикажува група од десет китови во близина на островот Вис во Хрватска. Иако појавата на китови во Јадранот не е толку изненадувачка, она што е невообичаено е што јато од десетина од нив е снимено во водите кај Вис. Видеото го снимил Стефан Торес, а за Morski.hr […]

За наградата „Милан Младеновиќ“ и Констракта го бара наследникот на Дина Јашари


Задужбина на Милан Младеновиќ објави дека на 1 мај е отворен конкурсот за најдобра песна на територијата на поранешна Југославија, за наградата која го носи името Милан Младеновиќ – легендарниот водач на белградската група „Екатарина Велика“. Конкурсот (по правилото: еден автор – една песна) е отворен до 31 мај 2023-та година. Задужбината им препорачува на […]

Телефонски разговор Османи – Кулеба: Се приклучуваме на формирањето Специјален трибунал за агресијата врз Украина


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска телефонски разговарал со шефот на дипломатијата на Украина Дмитро Кулеба. Османи го информирал Кулеба за одлуката Северна Македонија да се приклучи кон Основачката група за формирање Специјален трибунал за казнивост на кривичното дело агресија против Украина. – Ваквиот чекор претставува уште една потврда за нашата континуирана поддршка за […]

Доколку патувате низ Австрија, внимавајте! Некои сообраќајни казни се двојно поскапи


Во Австрија од вчера, односно од 1 мај драстично се зголемени казните за одредени сообраќајни прекршоци на патиштата во однос на претходните. Така, наместо досегашните 50 евра, казната за користење мобилен телефон при возењее изнесува 100 евра. Доколку не ја платите казната на лице место, ќе треба да платите 140 евра подоцна по пријавувањето на […]

„Кумот на вештачката интелигенција“ поднесе оставка од Гугл: „Опасностите од ВИ се застрашувачки“


Човекот што многумина го нарекуваат кум на вештачката интелигенција ја напушти својата работа и предупреди на „сè поголемата опасност од развојот на полето на вештачката интелигенција“. Џефри Хинтон (75) во интервју за Њујорк Тајмс најави дека се повлекува од Гугл, велејќи дека сега се кае за својата работа. Тој за Би-би-си изјави дека некои од […]

„Аеросмит“ го најави својот крај со прошталната турнеја „Peace Out“


Бостон – Американскиот рок-состав „Аеросмит“ објави повлекување од сцената со турнејата „Peace Out“, којашто, се чини, е и проштална. Групата вчера соопшти дека претстојат нивни 40 настапи низ Северна Америка, со специјалните гости „Блек кроус“. Во известувањето се вели и дека тапанарот Џои Крејмер нема да ѝ се придружи на групата. „Додека Џои Крејмер останува […]

Меѓународна книжевна манифестација „Вавилон“, годинашни добитници Игор Мировиќ и Јордан Плевнеш


Меѓународната книжевна манифестација „Вавилон“ ќе се одржи утре и задутре, во организација на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). Свеченото отворање ќе биде утре,во 11 часот во Свечената сала на ДПМ. По музичката точка на учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ од Скопје, Насока за традиционална музика и игра, поздравна реч ќе има  претседателот […]

2 мај во историјата – Почина Едгар Хувер, кој 48 години беше на чело на ФБИ


  По речиси пет децении како директор на американското Федералното биро за истраги (ФБИ), Едгар Хувер умира, оставајќи ја моќната владина агенција без администраторот кој во голема мера беше одговорен за нејзиното постоење и облик. Едуциран како адвокат и библиотекар, Хувер се приклучи на Министерството за правда во 1917 година и за две години стана […]

Индустриското производство во март зголемено за 1,3 отсто


Индустриското производство во март годинава во однос на март лани е зголемено за 1,3 отсто. Во првите три месеци од 2023, пак,  во спроредба со истиот квартал лани бележи раст од 0,1 процент, соопшти Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во март 2023 година, во […]

Последното упориште на неолиберализмот


Изминатата деценија не беше љубезна кон неолиберализмот. Со 40-годишна дерегулација, финансијализација и глобализација кои не успеаја да донесат просперитет за никого освен за богатите, Соединетите Држави и другите западни либерални демократии навидум тргнаа настрана од неолибералниот експеримент и повторно ја прифатија индустриската политика. Но, економската парадигма што ги поткрепи тачеризмот, реганомиката и Вашингтонскиот консензус е […]

Во Софија протест на обвинители, судии и истражители


 Обвинители, истражители и судски службеници во Бугарија денеска ќе протестираат пред судовите низ државата. Судиите спонтано се одлучија на таков чекор по обидот за атентат врз главниот бугарски обвинител Иван Гешев. Според нив нападот врз правдата и националната безбедност е без преседан по својата дрскост и размери. Според бугарските медиуми протестот ќе почне во 11 […]

МЗШВ почнува голема теренска информативна кампања за ИПАРД


Министерството за земјодлество, шумарство и водостопанство денска во Скопје официјално ќе го означи почеток на големата теренска информативна кампања за ИПАРД-Инструментот за предпристапна помош за рурален развој, со презентирање на резултатите од досегашната ИПАРД 2 програма и новите можности кои се ставаат на располагање преку новата ИПАРД 3 програма. Како што соопштуваат од МЗШВ, на […]

Во Франција повредени 108 полицајци, приведени 291 лице


Париз – Најмалку 108 полицајци беа повредени вчера во Франција, од кои 20 во Париз, на собирите по повод Меѓународниот ден на трудот, изјави францускиот министер за внатрешни работи Жерар Дарманин, додавајќи дека 291 лице се приведени низ целата земја, од кои 90 во главниот град. Таков број повредени припадници на безбедносните сили „на 1 […]

За пет месеци во битката за Бахмут Русите имаат 20.000 убиени


  Белата куќа соопшти дека САД проценуваат оти руската армија имала 100 илјади жртви од декември наваму во борбите во регионот Бахмут, од кои дури 20.000 убиени.  Битката за градот со мало стратешко значење, но кој стана симбол за двете страни, започна пред 10 месеци. Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, изјави […]

Менторска поддршка за македонски компании од експерти од Швајцарија


Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) од Штип и швајцарскиот Универзитет на Луцерн (ХСЛУ), денеска на УГД ќе организираат настан за поддршка на стартапи, мали и средни претпријатија – „Tailored Booster Week for Startups and SMEs”. Настанот ќе се одржи на Правниот факултет на УГД, а се организира по повеќемесечна менторска програма која […]

Во Брисел средба Вучиќ – Курти


Брисел – Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти вечерва во Брисел ќе го продолжат дијалогот под покровителство на ЕУ, а фокусот на средбата ќе биде имплементацијата на договорот. Заедничката средба на Вучиќ, Курти, шефот на европската дипломатија Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина, Мирослав […]

Росвал пристигна во Скопје, денеска на тет-а-тет средба со вицепремиерот Маричиќ


Државната секретарка на Секретаријатот за европски прашања Дрита Абдиу-Халили синоќа на Меѓународниот аеродром – Скопје ја пречека шведската делегација предводена од министерката за ЕУ и Нордиска соработка, Јесика Росвал.  Како што информира Секретаријатот за европски прашања, Абдиу-Халили ѝ посака добредојде на министерката за ЕУ и Нордиска соработка во Владата на Кралството Шведска и укажа дека […]

Од 11 мај САД го укинува барањето за вакцинација против Ковид-19 за странските патници


Вашингтон – Белата куќа објави дека од патниците повеќе нема да се бара да бидат вакцинирани против Ковид-19 за да влезат во САД. На 11 мај, кога ќе заврши вонредната состојба поврзана со коронавирусот во САД, барањето за вакцинација против Ковид-19 ќе биде отфрлено за луѓето кои патуваат со меѓународни летови и за федералните вработени, […]

Судскиот совет треба да избира нов претседател


Судскиот совет денеска на седница во 11 часот треба да гласа за избор на нов претседател, откако доскорешната претседателка Весна Дамева беше разрешена во средата, во тензична атмосфера и според мислење на експерти, во незаконска постапка. Директен повод за смената беше нејзиното одбивање да стави на дневен ред нова точка и наводното криење на писмото […]