И тоа има: Службеничка од Кавадарци одбила мито


Службеничка во Општина Кавадарци одбила да прими мито за да не направи градежен надзор е е еден од позитивните случаи кои ги нотира Транспаренси Интернешнл-Македонија, во последниот барометар на корупција за март 2023 година, во проектот„Бистро-Матно“. „Матни” настани за март 2023 година ИРД инженеринг“ ќе биде консултант и надзор за автопатите на коридорите 8 и 10-д […]

7 април во историјата – Почна страшниот геноцид во Руанда


  На 7 април 1994 година, насилството го поттикна започнувањето на она што стана најлошата епизода на геноцид од Втората светска војна: масакрот на околу 500.000 до 1 милион невини цивили Тутси и умерени Хути. По првиот бран масакри, силите на Руанда успеаја да ја обесхрабрат меѓународната интервенција со убиството на 10 белгиски мировни офицери. […]

Маричиќ не гледа проблем што Груби стана координатор за коридорите


Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, не е зачуден што неговиот колега Артан Груби доби  функција координатор на Коридор 8. Според Маричиќ, има многу работа во проектот, а Груби може да помогне. За сомнежите за коруптивни дејствија, Маричиќ посочи дека за тоа треба да се изјаснат  Јавното обвинителство и Антикорупциската комисија. „Тоа што владата одлучи […]

Француски амбасадор во Софија: Колку се забавува промената на Уставот, толку се одложува членството на Македонија во ЕУ


 Aмбасадорот на Франција во Бугарија, Џоел Мајер, во интервју за БГНЕС предупреди дека, колку повеќе Македонија ја забвува промената на Уставот, толку повеќе го одложува и своето членство во ЕУ. Според него, земјите од Западен Балкан имаат свое место во ЕУ ако навистина го сакаат тоа. „Тоа се заложби кои беа реафирмирани во рамките на […]

За една година се испразниле 58 села, парите место кај најнеразвиените одат кај најразвиените


Стратегијата за регионален развој 2021-2031 година е донесена со задоцнување, врз основа на проценка за населението, која отстапува од резултатите од Пописот, а политиките за рамномерен регионален развој не ги даваат очекуваните резултати, констатира Државниот завод за ревизија (ДЗР) во извештајот за ревизијата на успешност на тема „Рамномерен регионален развој со посебен акцент на демографијата“. ДЗР во анализата констатира дека социоекономските […]

Познати личности во Бугарија бараат да се формира проевропска влада


  Повеќе од 100 јавни личности од културата, науката, медиумите и политиката во Бугарија упатија апел за итно формирање на проевропска влада по изборите што се одржаа на 2 април. Тие ги повикуваат „политичките партии кои се дефинираат како проевропски да постигнат разбирање и да формираат парламентарно мнозинство околу јасни приоритети и неприкосновен кандидат за […]

Сообраќајна незгода предизвика хаос на мостот „Гоце Делчев“


Сообраќајна незгода помеѓу две возила со скопски регистарски таблички се случи утрово на мостот „Гоце Делчев“ во насока од плоштадот „Скендербег“ кон зградата на Владата. Засега нема информации за повредени лица, а од она што може да се види на самото место еден од автомобилите има претрпено поголемо оштетување. На терен има и полициска екипа […]

Извештај на ДЗР: Политиките за рамномерен регионален развој не ги даваат очекуваните резултати


 Стратегијата за регионален развој 2021-2031 година е донесена со задоцнување, врз основа на проценка за населението, која отстапува од резултатите од Пописот, а политиките за рамномерен регионален развој не ги даваат очекуваните резултати, констатира Државниот завод за ревизија (ДЗР) во извештајот за ревизијата на успешност на тема „Рамномерен регионален развој со посебен акцент на демографијата“. ДЗР во анализата констатира дека социоекономските […]

Трајко Вељаноски им порачува на пратениците да го изменат законот за платите на функционерите


  Поранешниот претседател на Собранието и обвинет во случајот на органбизаторите на 27 април, Трајко Вељаноски, преку отворено писмо ги повика пратениците да не ја чекаат Владата, туку веднаш да предложат и да усвојат измени на Законот за плата и други надоместоци на избраните и именувани лица и на таков начин, као што вели, да […]

Уби 7 милиони луѓе, а каде исчезна? Кина да признае


Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејесус, во четвртокот изврши притисок врз Кина да ги сподели своите информации за потеклото на Ковид-19. Тој рече дека сите хипотези се на маса додека Кина не ги сподели податоците, на повеќе од три години откако се појави вирусот. „Сите хипотези се на маса. Тоа е ставот на […]

Актерката Ана Обрегон (68) го пречека биолошкото бебе на починатиот син од сурогат мајка


Мајами– Шпанската актерка Ана Обрегон (68) ужива во раѓањето на бебе од сурогат мајка. Обрегон, која го загуби своето единствено дете, Алехандро Алфонсо „Алес“ Лекио од рак во 2020 година, откри дека девојчето биолошки е дете на нејзиниот син. „Ова беше последна волја на Алес, да донесе свое дете на светот“, изјави таа за шпанската […]

Прв Одбранбен форум 2023 (во живо)


Обраќање на министерката за одбрана Славјанка Петровска, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер на отворањето на првиот Одбранбен форум 2023.  

Концертна промоција на „Најголемите хитови“ на ПМГ Колектив во МКЦ


ПМГ Колектив -dевет студиски албуми, четири компилации, неколку пати музика за филм и театар, неброено синглови, ремикси, обработки. Импозантна дискографија која деновиве е збогатена со двојното винил издание под име “Најголемите хитови“, кое може да се набави и дигитално на нивната бенд-кемп страна на интернет (https://pmgrecordingsk.bandcamp.com/album/pmg-kolektiv-greatest-hits-pmgr205) Tокму една од главните карактеристики на ПМГ Колектив е […]

Домовите на Кенеди се најбарани на пазарот- два во Џорџтаун веќе се на продажба


Во светот на недвижностите, наследството на Кенеди отсекогаш се покажало повеќе како проклетство отколку мултимилионски благослов. Домовите во кои некогаш живееле членови на династијата се сместени на најубавите локации во светот – од пристаништето Ханис до Меклин, од Скорпиос до Азурниот брег – и повремено излегуваат на продажба.  Пролетта се покажува како прилично сезона за […]

Застаре уште едно дело за кое му се суди на Мијалков


На поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков денеска му застаре уште едно дело, откако Апелациониот суд во понеделникот ја одложи седницата за „Титаник 2“ за 13 април. Делото на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, му застарува денеска, на 7 април. Ова значи дека нему нема да му се суди за изборните нерегуларности. Случајот „Титаник […]

Алармантно- за две години повеќе од двојно зголемен бројот на пијани возачи


Велешанецот Ангелче Николов (30) на 17 декември лани, возејќи пијан, на пешачки премин ја усмрти 11 годишната Магдалена, а тешко ја повреди нејзината мајка по што избегал. А го убил девојчето откако свесно седнал во автомобил, иако нему претходно веќе му биле изречени две прекршочни казни за забрана за управување со моторно возило поради алкохолизираност, […]

Саудиска Арабија на Мурињо му нуди 120 милиони евра за двегодишен договор


Рим – Фудбалската федерација на Саудиска Арабија му нуди на тренерот на Рома, Жозе Мурињо, двегодишен договор во вредност од 120 милиони евра, објави денеска римскиот весник „Кориере дело Спорт“. Португалскиот стратег седна на клупата на Рома во 2021 година и со италијанскиот клуб лани го освои пехарот во Лигата на конференции, а договорот го врзува до 30 […]

Сојузниците тврдат дека Северна Кореја краде криптовалути и ги користи за вооружување


Сеул – Јужна Кореја, САД и Јапонија преку заедничко соопштение изразија загриженост поради злонамерните активности на Северна Кореја, со кои се финансира нејзината програма за оружје. Официјални лица и експерти од САД и сојузничките земји тврдат дека криптовалутите украдени од страна на севернокорејски хакери се клучни за финансирање на програмата за оружје на Пјонгјанг. – Ја повторуваме нашата […]

Без вода неколку улици во Карпош и Кисела Вода, без струја дел од Волково, Арачиново и индустриската зона Илинден


Поради уличен дефект на ул.Хашка 19, прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците од ул.Хашка, Бањалучка, Будимпештанска, Урош Џудовиќ и дел од Женевска во општина Карпош. Како што информира РЦУК Скопје по известување од ЈП Водовод и канализација, прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 09:30 часот до завршување на работите. Поради изведување на водоводен […]

Албанската морнарица првпат во операцијата на НАТО „Чувар на морето“


Тирана– Албанската морнарица првпат ќе учествува во операцијата на НАТО „Чувар на морето“, бидејќи нејзиниот брод АЛС Лисус ќе патролира по Јадранското Море и централниот дел од Средоземно Море, јавија албански медиуми.    Тоа е втора фокусирана поморска патрола во 2023 година, со цел собирање информативни модели за животот, развојот и одржувањето на поморската ситуациска […]