Османи од Грузија ја започнува посетата на Јужен Кафказ како Претседавач со ОБСЕ


Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, од утре е во посета на Јужен Кафказ. Четиридневната посета на Грузија, Азербејџан и Ерменија, Османи ќе ја започне од Тбилиси. На агендата на Османи се средби со највисоките државни претставници на Грузија, претседателката Саломе Зурабишвили и премиерот Иракли Гарибашвили. Покрај средбата, Османи со министерот […]

Скариоло нов тренер на кошаркарите на Реал


Мадрид – Италијанскиот стратег Серџо Скариоло ќе биде нив тренер на кошаркарите на мадридски Реал, објави денеска порталот Баскетњуз. Скариоло во моментов е тренер на италијанскиот прволигаш Виртус со кој не успеа оваа сезона да се пласира во Топ 8 во Евролигата. Реал лани ја раскина соработката со Пабло Ласо поради здравствени проблеми и на негово место […]

Две години нерасчистено убиството на грчкиот новинар Карајваз


Атина – Со пораката „20 куршуми ја убиваат демократијата“ и фотографија од убиениот новинар Јоргос Карајваз, Здружението на грчките новинари (ЕСИЕА) ја одбележува две годишнината од убиството на нивниот колега, убиство кое и понатаму останува нерасчистено, јави дописничката на МИА од Атина. Банерите со фотографијата и пораката се поставени на зградата на Здружението во центарот на […]

Зеленски ја гледа Украина на патот кон членство во НАТО


Киев – Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа рече дека сè уште ја гледа неговата земја на патот кон членство во НАТО, и покрај тоа што руската агресивна војна не покажува знаци на запирање по 13 месеци борби, пренесе ДПА. Оваа недела е забележано добро „движење кон НАТО“, со новата воена помош од Западот и други изрази на […]

Модната индустрија не е само гламур, бара препораки, вештини, трпение и упорност, вели модниот фотограф Стефан Соколовски


Една од најтешките индустрии е токму модната индустрија, која бара да имаш добра позадина, многу препораки, вештини, трпение и огромна упорност. Од друга страна, лесно е бидејќи кај нас нема многу голема сцена за да биде невозможно да се истакнеш, но тешко е да се развие долгогодишна кариера, вели модниот фотограф Стефан Соколовски за МИА. […]

Почина Бен Ференц, последниот жив обвинител од Нирнбершките процеси


  Почина Бен Ференц, последниот жив обвинител од судењата во Нирнберг, кој им судеше на нацистите за геноцидни воени злосторства и беше меѓу првите надворешни сведоци што ги документираа злосторствата на нацистичките работнички и концентрациони логори. Тој штотуку наполни 103 години во март. Ференц почина во петокот вечерта во Бојнтон Бич, Флорида. Смртта беше потврдена […]

Се урна станбена зграда во Марсеј, најмалку петмина повредени


Марсеј – Најмалку пет лица се повредени при уривање на четирикатница во центарот на Марсеј, а според градоначалникот тој број може да биде поголем. Марсеј е вториот по големина град во Франција. Зградата се урнала со силна експлозија четириесетина минути по полноќ, по што во урнатините избувнал пожар, што ги отежна спасувачките напори. Шефот на […]

9 април во историјата – Се предадоа силите на Конфедерацијата во САД


  Во Апоматокс, Вирџинија, САД, на 9 април 1865 година, Роберт Ли ги предаде своите 28.000 војници на Конфедерацијата на генералот на Унијата, Улис Грант, практично завршувајќи ја американската Граѓанска војна. Принуден да го напушти главниот град на Конфедерацијата, Ричмонд, блокиран да се приклучи на преживеаните конфедеративни сили во Северна Каролина и постојано вознемируван од […]

Католиците го слават Велигден, честитки од Пендаровски, Ковачевски и Џафери


Верниците на Римокатоличката црква, кои се раководат според Грегоријанскиот календар, денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово –Велигден. Честитки до католиците во земјава и во светот упатија претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Собранието, Талат Џафери. „Годинава Велигден се празнува во време на голема неизвесност и на човечки страдања предизвикани од […]

Охрид драстично поскапува: Ноќевање ќе биде и до 30 отсто поскапо


Охридските хотелиери ќе ги пречекаат гостите со услуги поскапени за над 30 отсто за претстојниот велигденски викенд, пренесува телевизијата „24“. Ова поскапување ќе се одрази на цените на ноќевањето во охридските хотели, кои го правдаат овој чекор со високите цени на производите, енергенсите, но и на повисоките плати за персоналот, што газдите мораат да ги […]

Лекарот на Берлускони вели дека тој добро реагира на терапијата


Рим– Лекарот што го лекува Силвио Берлускони (Берлускони) од инфекција на белите дробови изјави дека поранешниот италијански премиер добро реагира на терапијата во одделот за интензивна нега во болницата во Милано, јавија италијанските медиуми. Докторот Алберто Зангрило, кој исто така ја води единицата за интензивна нега во болницата Сан Рафаеле, каде Берлускони беше примен во […]

Умерен сообраќај по влажни коловози


– Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата […]

2023 во знакот на Пабло Пикасо- го слави цел свет


Со голем број манифестации и изложби во текот на 2023 година низ светот ќе биде одбележана 50-годишнината од смртта на прочуениот шпански уметник Пабло Пикасо. Кај нас, годишнината ја одбележи „Остен“ со еднодневна изложба на керамики, цртежи и графики од Пикасо. За седум децении плодна работа, Пикасо создал илјадници слики и скулптури во многу авангардни […]

Цените на горивата паднаа, билетите во меѓуградскиот автобуски превоз останаа скапи [инфографик]


Цените на нафтените деривати на бензинските станици во земјава се стабилизираа, но цените на автобуските билети за меѓуградски превоз, и покрај поевтинувањето на горивата, остануваат високи. Приватните превозници не кажуваат зошто не ги намалат цените на билетите како што ги покачија кога вртоглаво поскапеа и горивата, а нивните здруженија ваквата состојба ја правдаат со „другите […]

Петто издание на „Резервен живот“ од Лидија Димковска


 Од печат излезе петтото издание на „Резервен живот“ од Лидија Димковска, еден од најуспешните и најпреведувани романи во македонската книжевност. По објавувањето во 2012 година, веќе следната година романот ги добива наградите „Стале Попов“ на ДПМ и Европската награда за литература на ЕУ по што романот е преведен на 11 јазици; англиски, германски, италијански, унгарски, […]

Барселона договори заем од 1,5 милијарди евра за финансирање на проектот „Еспаи Барса“


Барселона- Шпанскиот фудбалски гигант Барселона го затвори прашањето за финансирање на проектот „Espai Barça“. Клучен дел од проектот е реновирањето на стадионот „Камп Ноу“. Вклучува и модернизација на територијата во непосредна близина на стадионот, изградба на нови канцеларии, музеј, клупска продавница, кафуле, трговски центар и паркинг со 3.200 места. За финансирање на овој проект на […]

Мајкрософт мора да плати казна во САД поради прекршување на санкциите


Вашингтон – Американското Министерство за финансии во соопшти дека го казнува Мајкрософт со 3,3 милиони долари поради кршење на санкциите. Мајкрософт ќе плати казни за повеќе од 1.300 прекршувања на санкциите наметнати од САД на Куба, Иран, Сирија и Русија. Прекршувањата вклучуваат извоз на услуги и софтвер, соопшти американското Министерство за финансии. Тие ги прекршиле […]

Според ММФ Народната банка покажува висока транспарентност


– Народната банка спроведува напредни практики на транспарентност, се наведува во Извештајот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), којшто ги сумира наодите од оцените на нивото на примената на принципите содржани во Кодексот на транспарентност на централните банки на ММФ. Народната банка беше втора од вкупно седум централни банки за кои ММФ во 2021 година направи […]

Посебен сообраќаен режим на булевар „Илинден“ поради 11. Авицена женска трка


Во организација на Сојузот на спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје денеска ќе се одржи 11. издание на Авицена женска трка. Стартот и целта на трката ќе бидат на булевар „Илинден“, во близина на фонтаната „Лотос“. Се трча еден круг од три километри.  Право на учество имаат сите припаднички на женскиот пол […]

Астрономски календар


Денеска е недела, 9 април 2023 година, 99-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 266 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 04 минути, а ќе зајде во 19 часот и 8 минути. Денов трае 13 часа и 3 минути. Месечината која е во фаза на млада Месечина нема да изгрее […]