Јавниот превоз во овој град на туристите им го „го олеснува животот“, прогласен е за најдобар во светот


Магазинот „Тајм аут“ ја претстави листата од 19 градови во светот со најдобар јавен превоз што ќе им го олесни животот на туристите, а Берлин води на листата. Благодарение на паметните телефони и различните апликации кои помагаат, навигацијата по улиците на странските градови е полесна, а за многумина нивното користење е првиот чекор при пристигнувањето […]

Почина Бенјамин Ференц, последниот преживеан обвинител од Нирнбершкиот процес


Бенџамин Ференц, последниот жив обвинител од судењата во Нирнберг, почина на 103-годишна возраст. На 27-годишна возраст, тој беше одговорен за осудувањето на 22 нацистички офицери. Ференц почина на 7 април во градот Бојнтон Бич во американската сојузна држава Флорида. Американскиот музеј на холокаустот потврди дека тој починал и соопшти дека светот изгубил голем борец за […]

Облачно со повремени врнежи од дожд


 Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, над 20 литри на метар квадратен. На планините врнежите ќе бидат од снег.  Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 15 […]

Сообраќајка на патот Кавадарци – Ресава, повредено и 12-годишно дете


Во сообраќајка синоќа  на патот Кавадарци – Ресава кај Тиквешко Езеро повредени се четири лица, оваа информација ја потврди за МИА Ристе Самарџиев, портпарол на Сектор за внатрешни работи Велес.    – Според првичната информација, во полициска станица Кавадарци примена е пријава од Итна медицинска помош, дека на локалниот пат Кавадарци – село Ресава кај […]

Католиците го слават Велигден


 Верниците на Римокатоличката црква денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово –Велигден. Традиционално во државава централното одбележување се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде што беше отслужена  Воскресна литургија. На литургијата присуствуваа претседателот Стево Пендаровски, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, директорот на Комисијата за односи со верските заедници […]

Пронајдено тело во Дунав, еден од неодамна исчезнатите другари


Машко тело е пронајдено на брегот на Дунав во близина на Рафинеријата Панчево во Србија. Според српските медиуми, се работи за еден од тројцата пријатели кои исчезна неодамна кога нивниот чамец се превртел на Дунав. Според првите и неофицијални информации базирани на облеката, се претпоставува дека се работи за Ненад Тривковиќ, затоа што кај него […]

Денеска е Цветници


 Православните христијани денеска го слават празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица. Овој празник ја одбележува последната недела пред почетокот на Исусовите страдања, смртта и Воскресението. Цветници се празнува ден по Лазарева сабота – чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос, шестата недела од Великиот пост, една недела пред […]

Герасимовски: Уривањето дивоградби не е секогаш решение


  „Ме радува тоа што Иницијативата за конфискација на дивоградби побуди голем интерес во јавноста. Мојата цел е да најдеме решение за бесправно изградените објекти преку широка дискусија од стручни лица“, рече градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во дневникот на Сител Телевизија. „Прво да отвориме јавна дебата да повеќе стручни лица дадат свое мислење. […]

Макрон дочекан како рок звезда од младите во Кина (Видео)


ГУАНЏОУ, Кина – Францускиот претседател Емануел Макрон го зацврсти својот статус на рок ѕвезда на светската сцена во петокот додека го обиколи кампусот на врвниот универзитет во јужна Кина придружен со воодушевувачки аплауз и врескање на обожаватели. Веднаш штом неговата официјална поворка пристигна на теренот на Универзитетот Сун Јат-сен во Гуангжу, огромните толпи студенти кои […]

Претставник на Стејт департментот во Македонија за помош против дезинформациите


Американскио Стејт департмент соопшти дека специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман, Џејмс Рубин, идната недела ќе посети неколку земји од Западен Балкан, вклучително и  Македонија каде ќе разговара со властите за борбата против дезинформациите, но и за дијалогот помеѓу Белград и Приштина. Тој од 10 до 14 април ќе ги посети Подгорица, […]

ТЕЦ „Неготино” во седумдесетдневен планиран ремонт


  ТЕЦ „Неготино” не работи од ноќеска на полноќ затоа што влегуваме во седумдесетдневни предвидени планирани ремонтни активности, изјави за МИА, генералниот директор Небојша Стојановиќ.    Тој рече дека ремонтните активности ќе траат наредните 70 – 75 дена.   – Вкупниот конзум на потрошувачка на електрична енергија во Република Северна Македонија во целост ќе се […]

Маричиќ: Нашата генерација има обврска да ја внесе Македонија во ЕУ


  Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ по повод триесет години од членството на Северна Македонија во Организацијата на обединетите нации  порача дека оваа генерација има обврска да ја заокружи македонската интеграција во Европската Унија. – Денес одбележуваме три децении членство во Обединетите нации како држава членка на НАТО и земја која ги започна преговорите со […]

Судскиот процес за „Тендери“ одложен за 20 април


Судењето за случајот „Тендери“, против поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска, е одложено за 20 април годинава.На денешното рочиште во Судот присутна беше Канческа Милевска, но не дојде нејзиниот бранител, адвокатот Сашо Дуковска, кој писмено го известил Судот дека има итна медицинска интервенција на близок член од семејството. На денешното рочиште требаше да се […]

Десетици девојчиња во Иран повторно отруени


Десетици девојчиња денеска се отруени во неколку училишта низ Иран, јавија локалните медиуми. Од крајот на ноември, бројни училишта, претежно за девојчиња, се погодени од ненадејни труења со гас или отровни материи. Децата почувствувале слабост, се онесвестиле, а некои завршиле во болница. Претседателот на Националната анкетна комисија за случајот, пратеникот Хамидреза Каземи, вчера изјави дека […]

Ибраимовски: Властите го рушат угледот на ромските политички партии


  По повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април, Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) одржа прес-конференција во Тетово.Претседателот на партија Самка Ибраимовски порача дека властите направиле грешка во начинот на одбележување на Меѓународниот ден на Ромите. -Да им порачам на власта, на премиерот, на претседателот на државата дека традицијата од 30 години од […]

СДСМ: Пироманите од Левица и ВМРО-ДПМНЕ нема да не блокираат за ЕУ


„Најавите на Мицкоски дека одлучил ВМРО-ДПМНЕ да не номинира претставници во работната група за уставни измени кои се неопходни за продолжување на европскиот пат е само уште една потврда дека Мицкоски е против ЕУ и дека е во целосно заложништво на Левица.“, велат од СДСМ. „Едноставно Мицкоски само го следи Апасиев, заедно се против ЕУ. […]

Универзитетот ФОН доделува 20 стипендии за припадниците на ромската заедница


  По повод Меѓународниот ден на Ромите, Американскиот универзитет на Европа – ФОН доделува 20 стипендии на припадници од ромската заедница, од кои 10 стипендии за додипломски студии во времетраење од четири години и 10 стипендии за постдипломски студии. Сите заинтересирани кандидати за стипендии од АУЕ – ФОН можат да аплицираат со испраќање на биографија […]

Ќе се формира партија на македонските Бугари


Поднесена е иницијатива за формирање на политичка партија под името „Европски пат“ од страна на Алијанса на Македонските Бугари (АМБ-ДНЕС). Претседателот , Драган Цветковски, вели дека Алијансата е иницијатор на идејата за внесување на македонските Бугари во Уставот.   -Секојдневно работиме на подобрување на животот на сите граѓани во РСМ и за што побрзо зачленување […]

ССМ: Катастрофални законски измени за работничките права за проектот со „Бехтел и Енка“


  Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) во реакција на предложените законски измени поврзани со изградата на автопатите на коридорите 8 и 10 -д  денеска ги повика пратениците сериозно да размислат пред да го дадат својот глас за, како што наведуваат, катастрофланите предлози за измени на закони по работничките права.    -Пратениците од владејачкото мнозинство […]

Протече нова серија доверливи американски разузнавачки податоци


 На социјалните мрежи се појави нова серија доверливи документи во кои детално се опишуваат тајните детали за американските национални безбедносни интереси, од Украина преку Блискиот Исток до Кина, што дополнително го вознемири Пентагон и дополнително ги зголеми превирањата во администрацијата на Бајден. Како што пишува „Њујорк Тајмс“, аналитичарите запознаени со размерите на протекувањето доверливи информации велат дека очигледно се објавени повеќе од 100 документи, […]