Јавниот превоз во овој град на туристите им го „го олеснува животот“, прогласен е за најдобар во светот


Магазинот „Тајм аут“ ја претстави листата од 19 градови во светот со најдобар јавен превоз што ќе им го олесни животот на туристите, а Берлин води на листата.

Благодарение на паметните телефони и различните апликации кои помагаат, навигацијата по улиците на странските градови е полесна, а за многумина нивното користење е првиот чекор при пристигнувањето на нова дестинација.

Сепак, без нив, навигацијата по локалните автобуски или железнички линии може да биде доста предизвик, па Time Out, со помош на локалното население, ги пронајде 19-те градови во светот со најдобар јавен превоз.

Првото место го зазеде Берлин, кој се карактеризира со сигурност, удобност и безбедност.

Дури 97 отсто од анкетираните жители се воодушевени од транспортната мрежа, а метрото нуди дури 175 станици на девет линии кои тие ги опишуваат како лесни за навигација. Исто така, Берлин има S-Bahn, или градско-приградски железнички систем кој ги поврзува предградијата со центарот.

Второто место на листата го зазеде Прага, а 96 отсто од жителите сметаат дека во нивниот град лесно може да се движиш со помош на јавен превоз.

На трето место е Токио, за кој се вели дека е исклучително лесен за навигација, дури и за оние кои не знаат јапонски јазик.

Топ 19 листата ги вклучува следните градови: 

Берлин

Прага

Токио

Копенхаген

Стокхолм

Сингапур

Хонг Конг

Тајпеј

Шангај

Амстердам

Лондон

Мадрид

Единбург

Париз

Њујорк

Монтреал

Чикаго

Пекинг

Мумбаи