Најдобрата дестинација за меден месец е во Хрватска


Светски познатиот портал за патувања, European Best Destinations, објави листа на најдобрите дестинации за меден месец во Европа. На листата се места во Франција, Хрватска, Грција… Цавтат, мал град во дубровничко-неретванската жупанија, се најде на врвот на нивната листа. „Најдобрата дестинација за меден месец оваа година е прекрасниот, сончев, романтичен Цавтат на југот на Хрватска“, […]

Русите им ги зедоа децата од Украина, но овие мајки тргнаа на пат и ги вратија дома


  НА БЕЛОРУСКО-УКРАИНСКАТА ГРАНИЦА – Со недели откако руските војници насилно го отстранија синот тинејџер на Наталија Жорник од неговото училиште минатата есен, таа немаше поим каде е и што му се случило. Потоа дојде телефонски повик. „Мамо, дојди да ме земеш“, рече нејзиниот син Артем (15). Се сетил на телефонскиот број на мајка му […]

Страст, а не инвестиција. Уметничката колекција на Ален Делон на аукција


Париз- Повеќе од 80 уметнички дела од приватната колекција на познатиот француски актер Ален Делон (87) ќе бидат понудени на аукција во јуни, пренесува „Артњуз“. Колекцијата што ја поседува, според достапните информации, се проценува на меѓу четири и пет милиони евра и вклучува, меѓу другото, дела на големи уметници како Ежен Делакроа и Паоло Веронезе, […]

Промоција на АДА, првиот дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција во јавен сектор


На 10.04.2023 година (понеделник) во 11 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе присуствува и ќе се обрати на настан по повод промоцијата на АДА – првиот дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција во јавен сектор. Настанот ќе се одржи во просториите на Фондот за иновации и технолошки развој . На […]

Калиопи на предевровизиски настан во Мадрид: Глас и стил


Поп-ѕвездата Калиопи која ретко ја гледаме на концерти во Македонија, воодушеви и со својот глас, но и со својот стајлинг во текот на престојот во Мадрид, Шпанија. Како поранешна учесничка на Евросонг, 2012 година Калиопи настапи на Евровизија и го освои 13. место со песната „Црно и бело“, а во 2016 година со песната „Дона “, […]

Потпишан Договор за соработка меѓу Гостивар и бугарскиот Етрополе


Градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари и градоначалникот на општина Етрополе Димитар Димитров потпишаа Договор за соработка. – Овој договор е почеток во воспоставувањето односи кои во иднина ќе придонесат за размена на искуства и соработка во различни области, по неодманешната посета на Таравари во Етрополе, стои во соопштението на општина Гостивар. Договорот предвидува да […]

Две мајки во полиција пријавиле дека исчезнале нивните ќерки


Две девојки, на возраст од 14 и 23 години, во изминатото деноноќие биле пријавени како исчезнати, соопшти МВР. Вчеравечер во 23:30 часот во Полициската станица Драчево, М.М.(44) од с.Драчевица, скопско, пријавила дека исчезнала нејзината ќерка И.М.(14), која имала здравствени проблеми, а и претходно бегала од дома. Нешто порано, во 22.40 во Полициското одделение Групчин, С.Б.(45) […]

Кичевското село Белица е првата зелена комуна: Од јаглен се насочува кон одржлив развој


Кичевското село Белица ќе биде првата зелена комуна во земјава. Одржливото користење на ресурсите, зачувувањето на биодиверзитетот и намалувањето на влијанието на климатските промени кои ќе се имплементираат во Белица ќе послужат како модел за трансформација на целиот кичевски регион од јаглен кон зелен развој и чисти извори на енергија. Дел од активностите кои треба […]

Украински деца заробени од Русија вратени на родителите во Украина


Киев- Група од 31 украински деца се вратија во Украина и се обединија со своите семејства, неколку месеци откако беа одземени од нивните родители и однесени на териториите окупирани од Русија. Како што јавува Си-Ен-Ен децата пристигнале во Киев со автобус во саботата, каде што се сретнале со своите семејства. Децата сведочат дека заминале на […]

Папата Франциск побара да се стави крај на војната во Украина


Ватикан- Во својата велигденска порака „До градот и светот“ (Urbi et Orbi), поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, денеска ги осуди нападите на Блискиот Исток, повика да се стави крај на војната во Украина, а ги спомена и настраданите во земјотресите во Турција и Сирија. Папата се обрати пред околу 100.000 верници на плоштадот Свети […]

Од Медлин Олбрајт до Кристијан Аманпур: Кој е Џејмс Рубин, кој ќе ни помогне за руските дезинформации? 


Специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент, Џејмс Рубин, следната недела ќе ги посети Северна Македонија, Црна Гора и Албанија, каде ќе разговара со властите за борбата против дезинформациите, како и за дијалогот меѓу Белград и Приштина, соопшти американското министерство за надворешни работи. Рубин ѝ е познат на јавноста на […]

Четири лица загинаа во лавина на француските Алпи


Париз – Четири лица загинаа во лавина што попладнево се случи на француските Алпи, изјави министерот за внатрешни работи на земјата, Жералд Дарманин. Дарманин рече дека проценката за бројот на жртвите е привремена и оти спасувачките екипи се на лице место. Локалните власти соопштија дека лавината се случила во Горна Савоа на глечерот Амансет на Алпите и била долга 1.000 метри […]

Британскиот готвач Џејми Оливер повторно се ожени со својата сопруга Џулс


Познатиот британски готвач Џејми Оливер по втор пат ги обнови брачните завети со сопругата Џулс со која веќе има пет деца. Телевизискиот готвач кој стекна светска популарност сподели приватни фотографии од плажата, каде што се одржа свадбената церемонија, а младенците можат да се видат како танцуваат покрај брегот на морето на Малдивите, пренесе „Мирор“. Осумчленото […]

Колоритна парада: Што облече кралското семејство за Велигден?


Лондон– Пролетта затропа на вратата на британското кралско семејство, толкму за католичкиот Велигден.  Кралското семејство ја испрати оваа порака гласно и јасно со облеката што ја избраа да присуствуваат на Велигденската служба во капелата Свети Џорџ во неделата наутро. Принцезата од Велс  стилски ја предводеше парадата-  избра кобалтно сина палто со соодветна капа. Нејзината облека […]

Министерството за животна средина ги одзеде надлежностите на светиниколскиот градоначалник за депонијата кај Мечкуевци


Министерството за животна средина му ги одзеде ингеренциите на градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев, во врска со регионалната депонија, откако тој не ја прифаќаше предвидената локација. Од Министерството велат дека се одземени ингеренциите во делот на управување со заедничкото претпријатие, кое треба да управува со идната регионална депонија и шесте претоварни станици, додека другите […]

Од која страна се решетките-затворот и од која страна е слободата: Oвации за „Нема струја за електричниот стол“ во Велес


Пиесата „Нема струја за електричниот стол“ од современиот бугарски писател Александар Секулов, во режија на Дејан Пројковски синоќа имаше одлична премиера во изведба на актерите Васил Зафирчев и Исидор Јованоски на сцената „Петре Прличко“ во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес, кои од бројната публика во полната сала на крајот од 90 минутната изведба беа наградените со […]

Тејлор Свифт раскина со дечкото по шест години врска


Лос Анџелес– Тејлор Свифт и британскиот актер Џо Алвин наводно повеќе не се во врска, а раскинале пред неколку недели по шест години врска, пишува магазинот ЕТ. Според медиумите, паузата била пријателска и „без никаква драма“. “Нивната врска само што заврши. Затоа Алвин не можеше да се види ниту на нејзините емисии”, открил извор за […]

Шведска на пат да стане првата земја на непушачи во светот


Стокхолм- Шведска е на прагот да постави преседан во однос на јавното зздравје, преседан кој ќе спаси десетици милиони животи на секој континент на Земјата. Развиената скандинавска земја со популација од нешто над 10 милиони жители наскоро ќе стане првата нација во светот која се откажала од цигарите. И Европската мрежа за превенција на пушењето […]

Гувернерката им ги додели наградите на учениците на Квизот организиран од Народната банка


Подигањето на јавната свест за значењето на финансиската писменост, како за граѓаните, така и за економијата, има значајна улога во спроведувањето на процесот на финансиска едукација. За оваа цел, гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска го посети СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ ‒ Скопје, доделувајќи им награди на учениците кои учествуваа на едукативниот квиз на Народната банка […]

„Навагио“ на Закинтос затворена до крајот на октомври


Атина – Од безбедносни причини и за да се заштитат посетителите за време на туристичката сезона, популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос, ќе биде затворена до крајот на октомври годинава, јави дописничката на МИА од Атина. Минатиот месец, Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП) излезе со препорака да се забрани пристапот […]