Прв американски лет за депортација во Куба од 2020 година


Првиот авион за депортација од 2020 година вчера полета од САД за Куба, неколку месеци откако земјата се согласи да прифати летови со Кубанци фатени на границата меѓу САД и Мексико за прв пат од пандемијата на Ковид-19. – На 24 април, Управата за имиграција и царина на САД (ИЦЕ) го продолжи редовниот процес на депортирање на кубанските државјани […]

Ал-Наср на Роналдо е елиминиран од Купот на Саудиска Арабија


 Ал-Наср со Кристијано Роналдо може да остане без трофеи оваа сезона. Ал-Наср синоќа загуби од Ал-Вахда (0:1) во полуфиналето на Купот на Саудиска Арабија. Роналдо беше во стартниот состав и го одигра целиот натпревар.   Во јануари Ал-Наср беше елиминиран од Суперкупот на Саудиска Арабија по поразот од Ал-Итихад во полуфиналето (1:3). И тогаш Португалецот […]

Кремљ демантира дека Путин има двојник за јавни настапи


Кремљ ги отфрли сугестиите дека рускиот претседател Владимир Путин има двојник за јавни настапи. – Веројатно сте слушнале дека Путин наводно има многу двојници кои работат за него додека тој седи во бункер. Тоа е уште една лага, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков пред младите на едукативен настан во Москва. – Гледате каков претседател […]

Гаши нема да коалицира со партиите кои се против уставни измени


Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши синоќа истакнал дека се чувствува изневерено, говорејќи за нивната одлука како партија повеќе да не бидат дел од владиното мнозинство. Гаши смета дека Алтернатива е „изневерена“ од партнерите во власта. -Многу беше јасно дека на ДУИ поради внатрешни проблеми, комбинацијата им беше да влезе Алијанса за Албанците, и ниту АА, […]

Лицемерието на битолските политичари


Како изгледа состојбата на политичката арена во Битола: Тимот на ВМРО-ДПМНЕ е во офанзива, играчите на независните од „Поинаку“ во дефанзива, сеирџиите на СДСМ се надвор од теренот, натпреварот го следат од трибините и изненадуваат на паузите, ДУИ ги распослала транспарентите и лево и десно од стадионот. Левица, час е во одбрана, час во напад, […]

Заложничка драма во Берлин-киднаперот се самоубил, заложникот спасен


Германските специјални сили во раните утрински часови денеска упаднаа во продавница во берлинскиот кварт Шенеберг и ја завршија заложничката криза што почна вчера попладнево, соопшти полицијата на Твитер, јави ДПА. Киднаперот се самоубил, а неговиот заложник е неповреден, соопшти полицијата. Како што пренесува ДПА, заложникот кој со часови бил држен во заробеништво бил однесен во […]

Избори на северот на Косово: Од криза во криза


Малку е веројатно дека вонредните избори во општините на северот на Косово, одржани во неделата, ќе ги поместат работите од мртва точка во време кога сеопфатната нормализација меѓу Косово и Србија оди доста тешко, и покрај силниот притисок од Западот. Вонредните избори за началници на општините Сјеверна Митровица, Зубин Поток, Лепосавиќ и Звечан и за […]

Завршни зборови во судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово


Во Основниот суд во Тетово денеска треба да се одржат завршните зборови на Обвинителството и одбраната на обвинетите кои се товарат за неколку кривична дела поврзани со пожарот во модуларната болница во септември 2021 година кога животите ги загубија 14 лица. Доказната постапка во судскиот процес заврши со последните сведоци кои беа сослушани на 6. […]

Се отруле со хемикалии: Најмалку 59 деца колабирале на час по физичко во Германија


Најмалку 59 деца колабирале како последица на труење со хемикалии во фискултурна сала во училиште во Пирна, Германија. Во текот на часот по физичко, прво седум деца се пожалиле на мачнина, вртоглавица, трнење во рацете или нозете. Тремор на рацете пријавила и професорката по физичко. Оваа сала ја користат две училишта, едно основно и едно […]

Кина веќе нема да биде најмногубројна земја во светот, до крајот на неделата Индија избива на прво место


 Обединетите нации соопштија дека до крајот на неделава Индија ќе ја престигне Кина според бројот на жители и со тоа ќе стане најмногубројна земја во светот. Друго тело на ОН минатата недела предвиде дека Индија ќе ја престигне Кина до средината на оваа година. Меѓутоа, новите податоци покажуваат дека до крајот на април Индија се […]

Индонезија погодена од силен земјотрес од 7,3 степени, издадено предупредување за цунами


Силен земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди западниот дел од индонезискиот остров Суматра, соопшти Индонезиската геофизичка агенција (БМКГ), по што е издадено предупредување за цунами. Претходно Европскиот медитерански сеизмолошки институт (ЕМСЦ) соопшти дека земјотресот бил со јачина од 6,9 степени. По земјотресот, чиј епицентар беше на длабочина од 84 […]

Над 30 инспектори на Кванташки пазар, се контролираат увозници на овошје и зеленчук


На Кванташки пазар Скопје во тек се инспекциски надзори на увозници на овошје и зеленчук, како и на сите трговци на лице место. На терен се над 30 инспектори на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), во координација со тимови Управата за финасиска полиција, Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за одземен имот. -Кај увозниците на овошје […]

На илјадници германски продавници им се заканува затворање


  Зголемените трошоци и падот на куповната моќ на потрошувачите се закануваат да затворат уште илјадници продавници во Германија, соопшти здружението на трговци на мало ХДЕ. Здружението предупреди дека се повеќе и повеќе продавници во центрите на градовите се затвораат. Бројот на трговците на мало во Германија со години се намалува. Пандемијата го забрза тој […]

Гутереш му испрати писмо на Путин за продолжување на Договорот за извоз на украински житарки


Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш го предложи „патот по кој треба да се оди“ за продолжување на Договорот за извоз на украински житарки, изјавија неговите претставници синоќа, по неговиот состанок со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. Гутереш му врачи на Лавров „писмо до претседателот Владимир Путин, во кое тој го опиша […]

Научно-технолошка конференција за традиционалните индустрии и креативните сектори


 „Традиционалните индустрии и креативните сектори испречени на патот на економската криза“ е насловот на научно-технолошката конференција што ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија во соработка со организацијата „Македонија 2025“. Форумот ќе го отвори претседателот Стево Пендаровски, а во рамки на конференцијата поздравни обраќања ќе имаат Фатмир Битиќи, […]

Хаити: Десетина членови на банда нападнати со камења и живи запалени


Десетина наводни членови на банда вчера биле гаѓани со камења и живи запалени од жители на населба во Порт о Пренс, соопштија полицијата и очевидци, а ОН истиот ден предупредија дека на Хаити владее несигурност како во услови на „вооружен конфликт“. Овој нов случај на смртоносно насилство дојде откако полицијата приведе вооружени лица во услови […]

Тркалезна маса „Антикорупциско образование – пристапи и предизвици“


– Тркалезна маса на тема „ Антикорупциско образование – пристапи и предизвици“, ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Владата, канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрога и криминал (UNODC) и германската Агенција за меѓународна соработка (GIZ). Како што соопштија од владината прес-служба, воведни обраќања на настанот ќе имаат вицепремиерката задолжена за […]

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат од населба Чашка кон селата во општината


Општина Чашка ги информира возачите дека поради градежни зафати на тунелот во населба Чашка денеска и утре сообраќајот на регионалниот пат кој поминува низ населба Чашка ќе биде во прекин. Како што информираат од општината прекинот ќе биде во периодот од 09 до 14 часот.

Привршува судењето на групата „Горди момци“ за нeредите со упадот во американскиот Капитол


Судскиот процес против лидерите на групата Proud Boys (Горди момци) привршува со денешниот настап на обвинителот кој изјави дека со нападот на Капитолот на 6 јануари 2021 година, обвинетите покажале „жед за насилство и организирале акции“.  Според заменик обвинителот Конор Малро, Гордите момци се сметале за воена сила на поранешниот претседател Доналд Трамп и биле „спремни да […]

Уметничка вечер во Загреб со Томислав Османли


Во Културно информативниот центар на Северна Македонија во Загреб денеска ќе се одржи уметничка вечер со Томислав Османли. Македонскиот автор ќе биде претставен како писател, драмски автор и теоретичар на стрипот и  творец со четиридецениско присуство во македонската култура и уметност. Кон повеќестраниот опус на Османли ќе се осврне Наталија Поповска, директорка на македонскиот КИЦ во […]