Ал-Наср на Роналдо е елиминиран од Купот на Саудиска Арабија


 Ал-Наср со Кристијано Роналдо може да остане без трофеи оваа сезона. Ал-Наср синоќа загуби од Ал-Вахда (0:1) во полуфиналето на Купот на Саудиска Арабија. Роналдо беше во стартниот состав и го одигра целиот натпревар.

 

Во јануари Ал-Наср беше елиминиран од Суперкупот на Саудиска Арабија по поразот од Ал-Итихад во полуфиналето (1:3). И тогаш Португалецот го одигра целиот натпревар.

 

На шест кола пред крајот на домашниот шампионатот, Ал-Наср заостанува три бода зад лидерот на табелата Ал-Итихад, кој има и еден натпревар помалку.