Форум за дигитализација на државните универзитети во земјава


Форумот за образовни промени (ФОП) како дел од иницијативата #DigiU денеска ќе организира форум на тема „Дигитализација на државните универзитети во Република Северна Македонија“. Според најавата на ФОП, меѓу панелистите на форумот ќе бидат министерот за информатичко општество и администрација Aзир Алиу и заменик-министерот за образование и наука Агим Нухиу. Ќе учествуваат и ректорите на […]

Болсонаро негира каква било вмешаност во бунтот во Бразилија


Поранешниот претседател на Бразил Жаир Болсонаро кој е краен десничар, негираше каква било вмешаност во бунтот на 8 јануари во Бразилија, велејќи и на федералната полиција дека „случајно“ објавил видео во кое ја оспорува изборната победа на неговиот левичарски наследник Лула. Распитот на Болсонаро (68) во седиштето на федералната полиција во Бразилија траеше повеќе од […]

Панел-дискусија „Регионалните иницијативи и европската интеграција“


По повод Денот на македонската дипломатија – 29 Април, денеска во Министерството за надворешни работи ќе се одржи панел-дискусија на тема „Регионалните иницијативи и европската интеграција“, која е во организација на Дипломатскиот клуб – Скопје и Универзитетот Американ колеџ Скопје (УАКС). Како што информираат од УАКС, воведно обраќање ќе има претседателот на државата Стево Пендаровски, […]

Завршна конференција на Твининг проектот „Подобрување на заштитата на вработените во случај на несолвентност на нивниот работодавач“


Во Клубот на пратениците денеска ќе се одржи завршна конференција по повод реализацијата на Твининг проектот „Подобрување на заштитата на вработените во случај на несолвентност на нивниот работодавач“. Проектот е имплементиран во партнерство меѓу Министерството за труд, социјални работи и семејство на Словачка, Агенцијата за регионален развој од Братислава и Министерството за труд и социјална […]

Во Собранието седница за пратенички прашања


 Собранието денеска треба да ја одржи 113. седница, на чиј дневен ред е поставувањето на пратенички прашања. Ваква пленарна седница вообичаено се одржува секој последен четврток во месецот, а согласно практиката, први прашања на премиерот и министрите им поставуваат пратеници од опозицијата. 

Сончевото време се враќа, но ќе дува северен ветер


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Долж Повардарието и во источните делови ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе […]

Почина Трипун Карапетров, еден од доајените на македонската дипломатија


Долгогодишен дипломат во Сојузниот секретаријат за надворешни работи во СФРЈ и во македонското Министерство за надворешни работи, Трипун Карапетров, почина на 83-годишна возраст. Тој работеше во дипломатските мисии во Варшава и Москва, а по 1991 година даде голем придонес за отворање на Македонската амбасада во Руската Федерација и продлабочување на политичките и економските односи на […]

Ермонд Незири нов член на Советот на јавни обвинители


Скопскиот обвинител Ермонд Незири денеска е избран за член на Советот на јавни обвинители од редот на заедниците кои не се мнозинство во земјава. Како што информира Комисијата за спроведување на изборот на прес-конференција доцна попладнево, од вкупно 139 обвинители кои го искористиле своето гласачко право, за Ермонд Незири гласале 117, а за вториот кандидат […]

Киев ќе го добие потребното оружје за контраофанзива, вели највисокиот американски генерал во Европа


Украинската армија навреме ќе го добие потребното оружје за претстојната контраофанзива, изјави во американскиот Конгрес највисокиот американски генерал во Европа, Кристофер Каволи. Генералот Каволи, врховен командант на сојузничките сили во Европа, наведе како пример дека повеќе од 98 отсто од борбените возила ветени на Киев се веќе испорачани. „Уверен сум дека им го испорачавме материјалот […]

Осудениот чувар во нацистички логор Јозеф Шуц умре на 102 години


  Најстарата личност осудена за злосторства извршени за време на холокаустот почина на 102-годишна возраст. Јозеф Шуц беше прогласен за виновен минатиот јуни за помагање во убиството на илјадници затвореници во Заксенхаузен во близина на Берлин помеѓу 1942 и 1945 година. Тој беше осуден на пет години затвор, но остана на слобода додека го чекаше […]

Приведени двајца скопјани – предизвикале сообраќајка, па нападнале полицајци


Вчера биле приведени две лица од Скопје, кои најпрво вербално ги нападнале полицајците, а потоа се обиделе и физички да се пресметаат со нив. -На 25.04.2023 во 18.20 часот на ул.„.Александар Урдаревски“ во Скопје, полициски службеници ги привеле И.Т.(43) и И.Т.(46), двајцата од Скопје, затоа што по претходно случена сообраќајна незгода го нарушиле јавниот ред […]

Кошатка: На вистински пат сте, донесете ги уставните измени


На вистинскиот пат сте. Сега е време да ги донесете уставните измени и да ја отворите вратата на вашето членство во ЕУ. Европската Унија е свесна за важноста на Западниот Балкан и за неопходноста да се продолжат евроинтеграциите, рече денеска на прес-конференција во Скопје, заменик министерот за надворешни работи на Чешка, Мартин Кошатка. Тој посочи дека […]

Зголемен контингентот на дозволи за превоз во товарниот транспорт помеѓу Северна Македонија и Германија


 Во Министерството за транспорт и врски денеска се одржа средба на македонско-германска Мешовита комисија за транспорт составена од претставници од надлежните министерства, на која е потпишан Протокол во кој е предвидено зголемување на контингентот на дозволи со што ќе се придонесе за унапредување и продлабочување на стопанската соработка помеѓу двете земји. На средбата, како што […]

Концесија до 15 години: Усвоени измените и дополнувањата на Законот за земјоделско земјиште


Собранието доцна попладнево го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделско земјиште, поднесен по скратена постапка од пратениците Панчо Минов, Марија Костадинова, Драгица Ѓавочанова, Лолита Ристова, Љубица Спасова, Марија Ангелова и Марија Кочовска. Законот, кој предвидува продолжување на договорите за концесија за користење на земјоделското земјиште од пет на 15 години, беше […]

Тренчевска: 3.000 денари месечно за млади до 23 години кои работат во производство


Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска ја посети компанијата „Раде Кончар“, која работи на сервис и поправка на електрични производи. Како што информираат од МТСП, целта на посетата на министерката била да се сретне со млади лица кои работат во производство и лично да го промовира Законот за младински додаток. – Преку […]

БЕСА: Разрешувањето на Дамева скандалозно, судството заробено од СДСМ и ДУИ


  За  случувањата во Судскиот совет попладнево реагираа од партијата БЕСА. Според нив, начинот на кој беше разрешена Весна Дамева е скандалозен, а се случува со единствена цел, да биде спасен судијата кој го извлече Сашо Мијалков од одење во затвор. Од БЕСА нагласуваат дека во Македонија не владее законот, туку ДУИ и СДСМ.   […]

Охрид се штити само на хартија, порачаа преставниците на Бернската конвенција


Плановите да се имплементираат во пракса, а не само на хартија –  порача претставникот на Бернската конвенција по средбата со градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и претставниците на другите надлежни институции. Меѓу приоритетните забелешки е студенчишкото блато, дивоградбите на крајбрежјето и заштитата на езерото. Одречно “не” за изградба на марина во Студенчишкото блато или за […]

Црната ружа расте само во една земја во светот


Црвената, белата, жолтата или розовата се боите кои први ни паѓаат на памет кога зборуваме за ружите кои ја носат титулата кралица на цвеќињата. Но, кога ќе видите ружа Халфета, можете да ги заборавите сите останати што некогаш сте ги помирисале и виделе бидејќи нејзината боја е уникатна. Оваа конкретна сорта, позната како црна ружа, […]

БЕСА: Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева е разрешена спротивно на законот и демократските вредности


На денешната седница на Судскиот совет, претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, беше арбитрарно разрешена, спротивно на законот и демократските вредности, само затоа што на дневен ред стави точка за отчет на судиите кои го застарија делото за Мијалков, смета партијата Беса. Од партијата велат дека со ова се потврдува дека судството е заробено од […]