Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат


Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат од половина до еден денар за литар, а цената на бензините се зголемува за исто толку, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29  отсто. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) […]

Во 2015 година дојде во Германија како бегалец од Сирија, а сега стана и градоначалник


Германскиот град Остелсхајм во неделата избра сириски бегалец за свој градоначалник со апсолутно мнозинство од 55,41 отсто од гласовите, објави агенцијата ДПА. Дваесет и девет годишниот Рајан Алшебл, кој побегна од Сирија во 2015 година, се кандидираше како непартиски кандидат за градоначалник на Остелсхајм во југозападната сојузна покраина Баден-Виртемберг. Своите искуства во предизборната кампања ги […]

Фатени комарџии во Тетово


Во неделата околу 23.10 часот во угостителски објект на улица „Љуботенска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.Х.(43) од Тетово, сопственик на објектот и Ф.Б.(53) од скопско Арачиново и А.Р.(56) од скопски Синѓелиќ, поради сомнение дека сториле кривично дело „комар“, казниво по член 398 од Кривичниот законик. Тројцата се задржани […]

Концерт на Жељко Бебек во Филхармонија на 18 април


„Aко некому прилега преданието и зборот ,,легенда”, тоа со сигурност е Жељко Бебек. Квалитетен како порано, а актуелен и денес. Mожеме да кажеме дека во 6 студиски албуми, Бебек ги испеа најубавите и најголемите песни на Бијело Дугме.. а денес, како соло артист, полни арени низ регионот пеејќи ги тие песни, како и нови песни […]

По 54 дена повторно заедно се мајка и бебе извадени од рушевините во Турција (фото/видео)


Бебето кое 128 часа беше под урнатините по разорниот земјотрес во Турција, по 54 дена повторно е заедно со својата мајка. You probably remember this picture of the baby who spent 128 hours under rubble after an earthquake in Turkey. It was reported that the baby's mom died. Turns out, the mom is alive! She […]

Доматите 70 денари, кромидот 60 денари… еве ги највисоките дозволени цени за 11 производи


Од среда, петти овој месец 11 земјоделски производи па до крајот на април, ќе имаат највисоки лимитирани цени по кои ќе може да се продаваат, најави денес на прес конференција министерот за економија Крешник Бектеши. Така, свежите домати нема да може да се продаваат по цена повисока од 70 денари за килограм, свежите краставици ќе […]

Лукашенко ја „раздвижи“ војската


Започна проверката на борбената готовност на вооружените сили на Република Белорусија, соопшти Министерството за одбрана. „Денеска, по наредба на шефот на државата, започна проверката на борбената готовност на вооружените сили на Република Белорусија. Настанот е комплексен и овозможува утврдување на способноста на командантите да ги водат воените единици и поединците кога ќе се подигнат на […]

Полска и ги даде првите МиГ-29 на Украина


  – Полска и ја предаде првата серија воени авиони МиГ-29 на Украина, но се уште не е познато колку авиони испратила Варшава. Информации за испораката на авионот објави шефот на Канцеларијата за меѓународна политика на претседателот на Полска, Марцин Пшидац. „Според моите информации, тој процес е веќе завршен, односно трансферот на овој прв дел (МиГ-29). […]

Почина јапонскиот композитор Рјуичи Сакамото, добитник на Оскар, Греми и БАФТА


Прославениот јапонски композитор и продуцент Рјуичи Сакамото почина на 71 година, две години откако повторно му беше дијагностициран рак на дебелото црево, објави неговото семејство. Сакамото беше почитуван за неговите експериментирања со електронската музика, а меѓу многубројните награди што ги доби се истакнуваат Оскар, Греми и БАФТА. Инспириран од „Битлс“ и Клод Дебиси, Сакамото почнал […]

Кралот Чарлс Трети со нова восочна фигура во Мадам Тисо


Лондон- Нова восочна фигура на кралот Чарлс е нарачано од Мадам Тисо пред неговото крунисување во мај. Новата фигура наскоро треба да биде претставена во филијалата на музејот во Блекпул, каде што ќе стои покрај восочните дела на принцот и принцезата од Велс и покојната кралица. Ликот на кралот ќе биде облечен во сив костум […]

3 април во историјата – Убиен е Џеси Џејмс


  Еден од најпознатите американски криминалци, Џеси Џејмс, е убиен од Боб Форд, колега член на бандата, кој го предал Џејмс за парична награда. Шеснаесет години Џеси и неговиот брат Френк вршеа грабежи и убиства низ Средниот Запад. Детективските списанија и евтините романите ја гламурозираа бандата Џејмс, претворајќи ги во митски Робин Худови кои беа […]

Доларот ослабе трета недела по ред


Индексот на доларот, кој го покажува движењето на вредноста на американската валута во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела се лизна за 0,5 отсто, на 102,59 поени. Истовремено, доларот ослабе за 0,7 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0840 долари. Сепак, курсот на доларот во однос на […]

Со преземањето на Кредит Свис, УБС може да укине до 30 отсто од работните места


  УБС банката со преземањето на Кредит Свис (Credit Suisse) е подготвена да ја намали својата работна сила за 20-30 отсто, објави во неделата швајцарскиот дневен весник Tages-Anzeiger, цитирајќи неименуван висок менаџер на УБС. УБС се согласи да го купи конкурентот Кредит Свис со седиште во Цирих за 3 милијарди швајцарски франци (3,3 милијарди долари) […]

Нов ровер за на Месечината, би бил голем колку „џип“


Новата вселенска компанија „Астролаб“ соопшти дека неодамна потпишале договор со „Спејс-Икс“ за карго-мисија „Старшип“, планирана за средината на 2026 година. Имено, компанијата работи на возило коешто, според најавите, ќе треба да превезува опрема, материјали и луѓе низ површината на Месечината. Станува збор за ровер наречен „Флексибилна логистика и истражувања“ (Flexible Logistics and Exploration – ФЛЕКС). Ќе […]

Во КИЦ отворена изложбата за млади „Вселена. Човек. Интелигенција“


Интерактивната изложба за млади „Вселена. Човек. Интелигенција“ од денеска до 28 април ќе биде отворена во изложбениот простор на Културно -информативниот центар во Скопје (КИЦ-Скопје).  Изложбата ја отворија продеканката за финансии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) Магдалена Костоска, заменик-амбасадорот на Германија Ото Граф и основачот на апликацијата „Мој воздух“ Горјан Јовановски. […]

Порака од Голоб: Процесот за преговорите со ЕУ не смее да застане


  Веруваме дека Македонија и нејзиниот евроатлантски пат е еден од најзначајните гаранти за стабилноста на Западниот Балкан. Процесот кој минатата година доби нов момент, а тоа се пристапните преговори за Македонија и Албанија на патот кон полноправно членство во ЕУ, е процес кој не смее да застане, посебно во оваа ситуација, рече словенечкиот премиер […]

Вархеи: Во Рим ќе се разговара за забрзаниот процес на интеграција во ЕУ


Комесарот за проширување на Европска Унија, Оливер Вархеи во пресрет на средбата на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан во Рим, најави дека ќе разговараат за забрзување на процесот на интеграција во новото безбедносно опкружување. Како што објави Вархеји на својот Твитер профил, проширувањето е еден од главните приоритети на ЕУ за […]

Пиши бриши поддршка за Ѓукановиќ


Пред околу две недели македонскиот премиер Димитар Ковачевски објави видео на Јутјуб во кое му дава поддршка на сега веќе поранешниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ. Но, откако стана јасно дека Ѓукановиќ ќе ги загуби изборите, видеото стана недостапно. Во видеото Ковачевски велеше: -Почитуван Мило, ја имате поддршката од Социјалдемократскиот сојуз на Северна Македонија […]

Околу 450 Бугари гласале во Македонија


  Од 3.504 граѓани кои се изјаснија за Бугари на последниот попис на неделните избори за бугарското собрание на седумте избирачки места во Македонија гласале 453 лица. Тоа е 13 отсто од вкупниот број граѓани што се изјасниле како Бугари на пописот. Две од овие гласачки места беа во официјални државни претставништва – амбасадата на […]