Уапсен е Доналд Трамп


Доналд Трамп, поранешниот претседател официјано е  уапсен. Ова е првпат поранешен претседател на САД да биде уапсен. Како што објави Скај њуз, Трамп не бил врзан со лисици, на барање на неговата придружба од Тајната служба. BREAKING: Former President Trump has arrived at the courthouse to surrender and be arrested on criminal charges. https://t.co/Le705IMhsX pic.twitter.com/9asEOA69WI […]

Косовката Влора Хисени стана директорка на албанската разузнавачка служба – ШИШ


Тирана– По предлог на премиерот Еди Рама и потпишаната уредба од шефот на државата Бајрам Бегај, за директор на албанската тајна служба, ШИШ, е намиенувана Косовката Влора Хисени.   „Само што ја завршивме презентацијата во институцијата на новата директорка на ШИШ , Влора Хисени,  за чие наименување уредба потпиша претседателот на државата. Честитки,“ напиша Рама […]

Кој ќе лета со Артемис околу Месечината?


НАСА откри кои се четворицата астронаути кои ќе летаат околу Месечината до крајот на следната година. Првата екипа на Месечината по 50 години вклучува една жена и тројца мажи, од кои еден Канаѓанец. На церемонија во Хјустон, НАСА ги претстави Рид Вајсман од НАСА, Виктор Гловер и Кристина Кох и Џереми Хансен од Канада. Тие […]

Седуммина туристи загинаа во индискиот дел од Хималаите откако беа погодени од лавина


Њу Делхи – Лавина денеска усмрти седуммина туристи во индиската хималајска држава Сиким, во близина на планинскиот премин до кинескиот регион Тибет, а спасувачите ја прекинаа потрагата по телата со доаѓањето на ноќта. Армијата соопшти дека најмалку 20 луѓе биле спасени откако неколку возила кои превезувале туристи до преминот Нату Ла, меѓу Сиким и Тибет, […]

Обвинувани и затворани државници пред Трамп


Вашингтон – Доналд Трамп денеска ќе стане првиот актуелен или поранешен претседател на САД кој ќе се појави пред суд за да се соочи со кривични обвинувања. Поранешниот лидер и републикански фаворит за изборите во 2024 година беше обвинет минатата недела во Њујорк за тајни плаќања на порно ѕвездата Сторми Даниелс. Иако обвинувањата се први во САД, Трамп не […]

Хрватите од денеска патуваат без виза во САД


Загреб – Хрватска стана полноправен партнер во програмата на САД за укинување на визи, со што на граѓаните им се овозможува без виза да патуваат во САД, потврди претставникот на американската амбасада во Загреб, Марк Флеминг. Флеминг истакна дека на влезот на Хрватска во оваа програма и претходело исполнување на строги критериуми. – Хрватска стана 40-ти учесник во програмата за укинување на визите во САД, исклучиво со […]

Њујорк се подготува за судењето на Трамп – распоредени 35.000 полицајци


Њујорк – Пред денешното судење на поранешниот американски претседател Доналд Трамп њујоршката полиција стави во состојба на подготовеност околу 35.000 полицајци. Поранешниот претседател, кој ја мина ноќта во кулата Трамп во Њујорк пред почетокот на судењето, нестрплив е јавно да проговори за обвинението против него, наведуваат повеќемина од неговото опкружување, а пренесуваат локалните медиуми. Иако […]

„Репортери без граници“ не добија пристап до Асанж во затворот во Лондон


Лондон – На претставниците на „Репортери без граници“ им беше забранет пристапот до основачот на Викиликс Џулијан Асанж во лондонскиот затвор Белмарш, објави Викиликс на Твитер. – На претставниците на Репортери без граници утринава им беше забрането да го посетат Џулијан Асанж во затворот Белмарш, и покрај тоа што претходно им беше дадена официјална дозвола, […]

Меси не се договори со ПСЖ, Аргентинецот на лето заминува од Париз


Париз– Фудбалерот на ПСЖ и аргентински репрезентативец Лионел Меси ќе го напушти клубот од Париз на крајот на сезоната, објави денеска весникот Л’Екип. Францускиот весник тврди дека Меси со раководството на францускиот шампион не постигнал согласност за продолжување на договорот, кој на аргентинскиот капитен му истекува на 30 јуни. Според Л’Екип, челниците на ПСЖ му понудиле на […]

Знаеме која славна личност има најуспешен бренд за убавина во 2023


Вклучувањето на познатите во светот на убавината и грижата и лансирањето на нови козметички линии со потписи на познати личности е толку интензивно што веќе стана тешко да се следи што е ново, кој што лансираше и дали вреди да се крева возбуда. тоа. За среќа, Cosmetify, онлајн платформа за пребарување и купување козметички производи, […]

Швајцарскиот државен обвинител отвори истрага против Кредит Свис


  Канцеларијата на швајцарскиот јавен обвинител соопшти дека отворила истрага за настаните околу Кредит Свис, која беше преземена од ривалската банка УБС, велејќи дека „сака да ја исполни својата задача“ и да покаже одговорност во придонесот за транспарентен швајцарски финансиски сектор, пренесе АП. Канцеларијата соопшти и дека истрагата „не е формална“ и дека не е […]

Англија ќе ги забрани влажните марамчиња поради загадувањето на реките


Речиси сите влажни марамчиња што се продаваат во Англија ќе бидат забранети, согласно плановите на властите за справување со загадувањето на водата, изјави за Би-би-си министерката за животна средина на Обединетото Кралство, Тереза Кофи. Забраната на марамчињата на база на пластика треба да стапи во сила следната година, а оваа заложба е дел од планот за подобрување […]

Криптовалутата догекоин „полета“ откако Маск го смени логото на Твитер со ликот на шиба ину


Криптовалутата догекоин (dogecoin) скокна за повеќе од 30 отсто во понеделникот откако извршниот директор на Твитер, Илон Маск, го смени познатото лого со сината птица на веб-страницата на неговата компанија со слика на шиба ину (јапонска раса на кучиња), што е лого на дигиталната монета. Во петокот, адвокатите на Твитер и Маск побараа од федералниот […]

„Форбс“: Бернар Арно и Франсоаз Бетанкур Маерс се најбогати маж и жена во светот


Париз – Извршниот директор на групацијата за луксузна стока ЛВМХ (LVMH), Бернар Арно, и наследничката на козметичкиот бренд „Лореал“, Франсоаз Бетенкур Маерс, се најдоа на врвот на листите на „Форбс“ за најбогат маж и најбогата жена во светот годинава. Двајцата Французи ги предводат листите на најбогати за 2023 година што „Форбс“ ги објави денеска. Минатата година […]

Хрватскиот премиер Пленковиќ утре во официјална посета на Македонија


Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ утре ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија.    Премиерот Димитар Ковачевски на церемонија со највисоки државни и воени почести ќе го пречека Пленковиќ, кој предводи делегација во која се високи владини претставници за економски прашања и за надворешни работи и членови на хрватскиот Сабор.     Веднаш по церемонијата […]

Првата дама Ѓоргиевска: Социјализацијата е особено важна за лицата со аутистичен спектар


Сопругата на претседателот, г-а Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на панел дискусијата „Пристап кон аутизмот“ што се одржа во Европска куќа по повод одбележувањето на Светскиот ден за подигнување на свесноста за аутизмот. Г-а Ѓоргиевска истакна дека е потребна сеопфатна студија во којашто ќе се види колкав процент и број на лица со аутистичен спектар има во […]

Приказната за Владлен Татарски: Како се станува руски воен пропагандист


  Попладнето на 2 април се случи експлозија во кафулето во Санкт Петербург „Стрит фуд бар No.1“. Повеќе од 30 посетители се повредени, едно лице загина – рускиот пропагандист, „воен командант“ Владлен Татарски. За убиството е осомничена петербуржанката Дарија Трепова – таа дошла на „креативната вечер“ на Татарски и му предала гипсена фигурина, во која, […]

Комисијата за заразни болести донесе препораки за следење на евентуални случаи на морбили


Комисијата за заразни болести донесе неколку препораки што се однесуваат на адаптација на системот во однос на следење на случаи на морбили што би можеле да се очекуваат, соопшти денеска портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ. – Прва и основна работа е да се засили епидемиолошкиот надзор врз сите осипни трески затоа што на тој начин […]

Кремљ се заканува по приемот на Финска во НАТО: Принудени сме да преземеме контрамерки


Од Москва рекоа дека приемот на Финска во НАТО денеска ќе го принуди Кремљ да преземе конкретни контрамерки и дека тоа е директно навлегување во безбедноста на Русија. „Кремљ смета дека ова е уште една ескалација на ситуацијата, дека проширувањето на НАТО е навлегување во нашата безбедност, интересите на Руската Федерација. Токму така го перципираме. […]