Два дена откако изгуби на изборите Мило Ѓукановиќ доби наредба да урне две негови дивоградби


 Вонпарламентарното Христијанско-демократско движење, основано од поранешниот премиер на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ, во доцна синоќа објави дека на шефот на државата во заминување Мило Ѓукановиќ, ден по поразот на изборите, инспекторатот доставил наредба да бидат урнати негови дивоградби во Никшиќ бидејќи се во спротивност со општинскиот просторно – урбанистички план. Таа партија до медиумите ја […]

Розовата полна месечина на 6 април што му носи на секој знак: Бикот го чека нешто позитивно на работа, Стрелецот има шанса за романтика…


Хороскоп за розова полна месечина на 6 април – дознајте што носи првата пролетна полна месечина за секој хороскопски знак! Полната месечина на 6 април е првата пролетна полна месечина во 2023 година, а не чека наутро, околу 06:34 часот. Се нарекува и розова полна месечина по дивиот пламен цвет кој цвета во тоа време, […]

Нова демократија со 4,5 отсто во предност пред СИРИЗА


На месец и половина пред парламентарните избори во Грција, владејачката Нова демократија има предност од 4,5 отсто пред опозициската СИРИЗА, согласно резултатите од новото истражување на јавното мислење спроведено од агенцијата „Pulse“ за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина. Во споредба со претходната анкета пред 20 дена, нема промена на рејтингот на […]

Велика Британија блокираше стриминг на Советот за безбедност на ОН


  Велика Британија го блокираше онлајн преносот на ОН на неформалниот состанок на Советот за безбедност посветен на Украина, на кој треба да зборува руската комесарка за правата на децата, Марија Лвова-Белова, за која Меѓународниот кривичен суд за воени злосторства имам издадено налог за апсење. Состанокот ќе се фокусира на „евакуација на децата од зоната на конфликтот“, […]

Без вода три улици во Центар


Поради изведување водоводен приклучок од ф-80 милиметри на улица „Васил Иљоски“ број 7, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа и од улиците „Никола Кљусев“ и „Скопска“ во Центар. Како што соопшти ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде во прекин од 08:30 часот, па до завршување со работните активности.

Состојба на патиштата


06:30 часот НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: Сообраќајот на автопатот Скопје – Велес е нормализиран. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, […]

Изложба во Галеријата „Остен“ по повод 50-годишнината од смртта на Пикасо


Галеријата „Остен“ денеска ќе реализира еднодневна изложба по повод 50-годишнината од смртта на Пабло Пикасо, со наслов, „ПИКАСО – керамики, цртежи и графики“ од колекцијата на „Остен Музејот“. Од Галеријата информираат дека Музејот има импресивна колекција од 88 дела од Пабло Пикасо (1881-1973), меѓу кои 8 цртежи, 37 керамики и 43 графики, од кои дел […]

Уставниот суд ќе одлучува по предметот за ДУП-от со бензинската на „Пуцко-петрол“ во Карпош


Уставниот суд на денешната седница се очекува да донесе конечна одлука за предметот во кој е оспорен Деталниот урбанистички план со бензинската пумпа на „Пуцко-петрол“ во Општина Карпош. Подносителка на иницијативата со која е оспорена Одлуката за донесување на Деталниот урбанистички план за Градскара Четврт 3 04, Блок 04.05 – Општина Карпош, заведена под број 09-1656/3 […]

Шукова ќе потпише договор со ЕБОР за „Регионалниот проект за цврст отпад“


Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова денеска ќе потпише договор со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за грант средства обезбедени од Шведска агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА), наменети за техничка поддршка за спроведување на проектот „Регионален проект за цврст отпад“.   Како што известуваат од Министерството, покрај овој, ќе […]

Променливо облачно со повремени слаби врнежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд, а на планините и некои повисоки места врнежите ќе бидат од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14 степени. Во Скопје и […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 5 април 2023 година, 95-иот ден во годината. До крајот на годината остануваа 270 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 11 минути, а ќе зајде во 19 часот и 3 минута. Денов трае 12 часа и 52 минути. Месечината која е во фаза на млада Месечина нема да изгрее […]

Бугарија: Партијата на Петков нема да поддржи влада на ГЕРБ


  Тешко ќе оди составувањето на можна голема коалиција во Бугарија откоако денеска попладне Националниот совет на партијата Продолжуваме со промената донесе одлука да не поддржи кабинет со мандат или учество на ГЕРБ. Тоа го објави копретседателот на партијата Асен Василев. „Националниот совет му дава мандат на Извршниот совет да испрати претставници за да одржат […]

Гејтс: Паузата во развојот на вештачката интелигенција не е решение за предизвиците


  Ко-основачот на „Мајкрософт“ и филантроп, Бил Гејтс, смета дека паузата во развојот на вештачката интелигенција (ВИ), која ја побара шефот на Твитер, Илон Маск и повеќе од 1.000 експерти, не е решение за предизвиците што ги поставува технологијата. Гејтс во интервју за Ројтерс рече дека не е јасно како ќе функционира паузата во развојот […]

Трамп се изјасни за невин по 34 обвиненија; доби опомена од судијата


  ЊУЈОРК – Доналд Трамп направил заговор за незаконско влијание на изборите во 2016 година преку серија плаќања на пари со цел да ги задуши тврдењата кои би можеле да бидат штетни за неговата кандидатура, објавија обвинителите во вторникот во обелоденувањето на историското обвинение за кривично дело од 34 точки против поранешниот претседател. Плаќањата, рече […]

Индија нарача надградени ПВО системи за милијарда долари


Индиското Министерство за одбрана потпиша договор вреден милијарда долари со Bharat Dynamics за снабдување на надградениот систем за противвоздушна одбрана Акаш. Домашниот систем со краток дострел ќе биде распореден во третата и четвртата армија лоцирани на северните граници на земјата, пишува Defence Post. Договорот се очекува да биде завршен во рок од три години, пренесува […]

Поради одрон, целосно во прекин автопатот Скопје-Велес


На автопатот Скопје-Велес после местото викано Ветерско сообраќајот е во целосен прекин, инфотмира АМСМ. Според „4news.mk“, на автопатскиот коловоз има голем одрон, па сообраќајот целосно е прекинат. Во моментов пристигнува и полиција, а двете ленти се блокирани со автомобили и не се знае до кога ќе трае прекинот на сообраќајот. На телефонскиот број за итни […]

Во македонскиот КИЦ во Софија промовирана книгата „Чиј беше Јон“ на Рефет Абази


Софија– Во Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Софија вечерва беше промовирана книгата на познатиот македонски писател, драматург, актер и педагог Рефет Абази, „Чиј беше Јон“ во превод на бугарски јазик. На презентацијата, на која меѓу останатите присуствуваше и нашата амбасадорка во Бугарија, Агнеса Руси-Поповска, Абази рече дека оваа негова книга претставува обид преку неа да […]

Пет дена возовите во земјава не сообраќаат, машинскиот персонал во штрајк


Веќе пет дена почнувајќи од петокот на пладне возовите во земјава не сообраќаат на сите релации. Причина за тоа е штрајкот на Синдикатот на машинскиот и извршниот персонал на „Железници на РСМ“, којшто протестира со стопирање на возовите. Синдикатот бара зголемување на бодот за 30 проценти, исплата на вториот дел од платата за февруари, исплата […]

Создадена е најлесната боја на светот: 1,4 кг покрива Боинг 747, трае стотици години


Научниците развија нова боја која ја одбива топлината и штеди енергија која доаѓа во која било нијанса и треба да трае со векови. Тоа е и најсветлата боја некогаш создадена. Имено, таа не е направен од пигмент, туку се создава структурно преку распоредот на наночестичките. Експертите ја нарекоа оваа креација „плазмонска боја“. Според нивните пресметки, […]

„Огнената група“ на ДУИ демантира дека ќе се приклучи кон Беса


Незадоволните во ДУИ, кои во јавноста се познати како „Огнена група“, а кои од минатата сабота функционираат како фракција во партијата, ги демантираат шпекулациите дека ќе преминат во Движењето Беса, соопшти вечерва т.н. „Огнена група“.  Од групата посочуваат дека веста оти ќе се приклучат кон Беса, која ја објавија дел од македонските медиуми, е невистина, […]