Ивановска: На предметот за коридорите ќе му дадеме особено значење


Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска денеска изјави дека ДКСК веќе добиле дел од потребната документација за предметот што го отворија во однос на проектот за коридорите 8 и 10д, како и дека ја очекуваат останатата документација. Ивановска најави дека на овој предмет ќе му дадат особено значење со цел, […]

Макрон пристигна во тридневна посета на Кина


Францускиот претседател Емануел Макрон денеска пристигна во Пекинг во тридневна државна посета на Кина. Тоа е прва посета на шеф на француската држава на Кина од 2019 година. Во попладневните часови Макрон се очекува да се сретне со француската заедница во Пекинг . За утре е планирана средба на францускиот претседател со неговиот кинески колега […]

(Видео) Прес на Ковачевски и Пленковиќ


Според агендата за официјалната посета на хрватскиот премиер, Пленковиќ на земјава, веднаш по церемонијата на пречекот е предвидена тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски, по што ќе следува билатерална средба на двете делегации. Двајцата премиери на Хрватска и Северна Македонија, Пленковиќ и Ковачевски, ќе одржат заедничка прес-конференција во Медија Центарот на Владата во 11:10 часот.

5 април во историјата – Етел и Џулиус Розенберг се осудени на смрт за шпионажа


  Врвот на најсензационалното судење за шпионажа во американската историја стигна кога федерален судија ги осудува Џулиус и Етел Розенберг на смрт за нивните улоги во предавањето на атомските тајни на Советите. Иако парот тврдеше дека се невини, тие беа погубени во јуни 1953 година. Розенберговите беа осудени за играње централна улога во шпионски синџир […]

Илија Спасески не се чувствува виновен за тепањето на Пендиков


Илија Спасески, единствениот обвинет за претепувањето на Христијан Пендиков, не се чувствува за виновен во случајот. – Јасно ми е обвинението, но не се чувствувам за виновен, рече Спасески на второто рочиште од судскиот процес во Основниот суд во Охрид, јавува Макфакс. Натепаниот Христијан Пендиков не дојде ниту на денешното рочиште на кое му се […]

Аеродром слави полнолетство, ќе се спортува во паркот „Авион“


Општина  општина, викендов го прославува својот 18-ти роденден. По тој повод во сабота од 11 часот, Општина Аеродром го организира веќе традиционалниот настан „Спортуваме за Аеродром“ кој со почеток од 11 часот ќе се одржи во паркот „Авион“.    За успешна реализација на настанот, подготвена е богата и забавна програма која опфаќа разни спортски и […]

НБ: Граѓаните сè повеќе ги прифаќаат дигиталните плаќања заради нивната удобност и сигурност


Дигиталните платформи и канали за извршување на плаќањата сѐ почесто се користат од граѓаните на нашата земја, за што говорат и податоците за последниот квартал од 2022 година, како и за целата година, коишто Народната банка редовно ги обработува и ги објавува. –На крајот од 2022 година во оптек беа 2,1 милион платежни картички, од […]

УЈП предупредува: Граѓаните да не отвораат СМС пораки кои повикуваат на задолжителна пријава


 Управата за јавни приходи информира дека кон граѓаните се испраќаат СМС пораки со кои се бара да извршат задолжителна пријава на лажна веб-страница https: ujp-gov.mk/potvrda. „Граѓани, никако не отворајте ја оваа лажна веб-страница, бидејќи од вас бара да пополните полиња со вашите лични податоци, податоци од платежна картичка и да прикачите фотографија од вашата лична карта. […]

Во 2018 година починало 5-годишно дете откако му дале инфицирана крв во болница во Загреб


Петгодишно момче починало откако примило крвен производ контаминиран со ешерихија коли во Детската болница во Загреб. Ова се случилои во 2018 година. Според записникот на Институтот за судска медицина и криминалистика, составен по обдукцијата, момчето во Детската клиника во Загреб се лекувало од метастатски медулобластом, вид тумор на мозокот. Според записникот, момчето починало со насилна […]

Џил наместо Џо Бајден на крунисувањето на кралот Чарлс Трети на 6 мај


Вашингтон- Американскиот претседател Џо Бајден имал телефонски разговор со кралот Чарлс Трети од Велика Британија, соопшти прес-службата на Белата куќа. „Претседателот објави дека првата дама Џил Бајден со нетрпение очекува да присуствува на крунисувањето во име на Соединетите Држави“, се вели во соопштението. Бајден, исто така, истакнал дека сака да се сретне со Чарлс Трети […]

Годишно собрание на Асоцијацијата за е-трговија: Сивата економија еден од најголемите предизвици


Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ вчера го одржа своето Годишно собрание. Претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска го отвори собранието и им посака добредојде на присутните, а поздравни обраќања имаа министерот за финансии, Фатмир Бесими, и директорката на Агенцијата за пошти Билјана Аврамовска Ѓоревска. Како што соопшти АЕТМ, во својот поздравен говор, претседателката на […]

Расчистен одронот кај Ветерско, прооден автопатот Скопје-Велес


Сообраќајот на патниот правец Скопје-Велес после тунелот Катланово, поточно кај месноста викана Ветерско, од 6.20 часот утрово е целосно нормализиран за сообраќај за сите категории возила, откако беше отстранет големиот одрон на камења, информира Центарот за управување со кризи. Поголем одрон на патот Скопје – Велес доцна синоќа го блокираше сообраќајот на оваа делница. Маса […]

Јубилејни Поточиња на 13 и 14 мај во Филхармонија


На 13-ти и 14-ти мај во Македонска Филхармонија по јубилеен 20-ти пат, ќе се одржи детскиот фестивал „Поточиња“. Најавена е голема роденденска забава, а на репертоарот се нови 16 детски песни, заедно со пригодно јубилејно чествување со добропознатите хитови изведени на Поточиња. За атмосферата и изненадувањата ќе се погрижи незаменливиот водител – маскотата Поки ( […]

(Видео) Со највисоки почести Ковачевски го пречека хрватскиот премиер Пленковиќ


Премиерот Димитар Ковачевски денеска со највисоки државни и воени почести го пречека хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој е во официјална посета на земјава. По свечениот пречек двајцата премиери ќе одржат тет-а-тет средба, по што ќе има разговори меѓу двете делегации.  Во делегацијата заедно со премиерот Андреј Пленковиќ се високи претставници за економски прашања и за […]

Ал Хилал му нуди на Меси договор вреден 400 милиони евра годишно


Ријад – Саудиски Ал Хилал испратил официјална понуда за договор до напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Лионел Меси, објави новинарот Фабрицио Романо. Според Романо, платата на 35-годишниот Аргентинец во саудискиот клуб ќе биде 400 милиони евра годишно. Меси е во ПСЖ од летото 2021 година. Неговиот договор со парижаните е до јуни 2023 година. Порталот „Трансфермаркт“ […]

Продолжението на „Господар на прстените“ со голем пад на гледаноста


  Лос Анџелес – Иако студиото „Амазон“ смета дека серијата е успешна и дека гледаноста ќе расте, според податоците и според познавачите, „Господар на прстените: Прстените на моќта“ (The Lord of the Rings: The Rings of Power) има огромно намалување на гледаноста во САД. Според наводите, 37 отсто од луѓето кои почнале да ја гледаат […]

МВР предупредува за лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ


Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да не наседнуваат на лажни електронски пораки кои се појавиле деновиве во име на директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) и предупредува дека се работи за обид за измама во меѓународни рамки. -Деновиве во МВР пристигнаа пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на […]

Минусни температури утрово, најстудено на Попова Шапка


Минусни температури утрово се измерени на Попова Шапка -7 степени Целзиусови, -5 во Маврови Анови, -4 во Крушево и -1 во Крива Паланка и Берово. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека нула степени се регистрирани во Прилеп, Дебар, Виница, Тетово и Куманово, 1 во Битола, Штип и Охрид, 2 во Претор, Скопје-Зајчев Рид и […]

Ако не можете да заспиете, изедете го ова овошје за подобар сон, а и нема да имате проблем со варењето


Бананите се познати по бројните придобивки за нашето тело. Витамините и минералите во ова овошје позитивно делуваат на бројни функции во организмот и воедно обезбедуваат мирен сон. Бананите се одлично решение за оние кои имаат проблем да заспијат. Ова овошје е богато со калиум, магнезиум, триптофан (суштинска аминокиселина), витамин Б6, јаглехидрати и влакна, а сето […]

Иран крвари, досега убиени најмалку 537 демонстранти


  Иранските безбедносни сили убиле најмалку 537 лица во задушувањето на протестите што почнаа во септември минатата година во земјата, соопшти Иранската организација за човекови права. Во претходниот извештај на истата организација се вели дека во задушувањето на протестите биле убиени 488 демонстранти. Невладината организација со седиште во Норвешка, која објави извештај по повод 200 дена од […]